3Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 18. октомври 2026 година Дневен хороскоп за недела, 18. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата сила е во тоа што сте позрели од многумина и што знаете што сакате. Денеска ќе го препознаете тоа без проблем. Кариера Ви предлагаат службен пат на кој би можеле да договорите деловна соработка со тим од друга земја. Планирате како тоа да го реализирате. Здравје и совет Не треба да брзате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отвореноста и љубезноста и денеска ќе направат да и бидете достапни на секоја личност од спротивниот пол. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе ве поддржат во вашите настојувања. На сите им е јасно дека сте работник со сериозни намери. Здравје и совет Бидете она што сте. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ништо нема да и препуштите на случајноста. Знаете што може да очекувате и токму тоа ќе се случи на ваша радост. Кариера Се затвора кругот со кој ќе ги зајакнете своите деловни работи. Ќе бидете задоволни што е така , зашто ја сакате сигурноста. Здравје и совет Здравјето ви е одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку. Кариера Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро. Здравје и совет Пад на имунитетот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски. Кариера На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство. Здравје и совет Ќе бидете весели. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Цврсто стоите на земја. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување. Кариера Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци. Здравје и совет Успешно се справувате со уморот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни. Кариера Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни. Здравје и совет Ќе се засили вашата смисла за хумор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво. Кариера Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате. Здравје и совет Немате смисол за хиерархија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол. Кариера Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи. Здравје и совет Стабилни сте и цврсти. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе. Кариера Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска. Кариера Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано. Здравје и совет Поминете го слободното време со пријателите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаГермански тајкун призна дека учествувал во соборувањето на Себастијан Курц: Успешно го соборивме Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар.Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, според истражните документи добиени од мрежата на глобални репортери „Аксел Спрингер“. Во порака од 22 октомври 2021 година, упатена до Орлин Русев, кој предводеше шпионска група во Велика Британија поврзана со руското разузнавање, Марсалек изјави дека тие „успешно го собориле“ Курц, благодарение на запленувањето на мобилниот телефон на еден од неговите блиски соработници, објавува „Билд“. Курц ја објави својата оставка од функцијата австриски канцелар само 13 дена пред да ја испрати пораката. Според истражните документи, Марсалек тврдел дека запленувањето на телефонот овозможило пристап до пораки што го компромитирале тогашниот австриски лидер. Меѓу другото, станува збор за телефонот на Томас Шмид, поранешен висок функционер во австриското Министерство за финансии и близок соработник на Курц, кој беше запленет од австриските истражители во ноември 2019 година. Податоците пронајдени на телефонот, вклучувајќи ги и претходно избришаните пораки, станаа важен доказ во истрагите за корупција, политички назначувања и користење државни пари за финансирање на политички поволни истражувања и медиумски содржини. На 6 октомври 2021 година, австриските истражители ја пребараа канцеларијата на канцеларот, Министерството за финансии и седиштето на Австриската народна партија (ÖVP), а Курц ја објави својата оставка три дена подоцна. Тајунот Марсалек напиша во истата преписка дека преостанатите пораки од телефонот политички го „убиле канцеларот“, но истражните документи не даваат независни докази дека тој всушност го организирал запленувањето на уредот. Особено е нејасно дали Марсалек со терминот „ние“ мислел на компанијата Wirecard или на руската разузнавачка служба за која е осомничен дека работи, објавува Bild. 🔴Exklusiv: Der flüchtige frühere Wirecard-Vorstand Jan Marsalek hat behauptet, am Sturz des österreichischen Bundeskanzlers Sebastian Kurz beteiligt gewesen zu sein. Das geht aus Ermittlungsunterlagen hervor, die uns exklusiv vorliegen. Mit @haylesdixon & @camillahmturner: https://t.co/Gh9eEe8mNM — Tim Röhn (@Tim_Roehn) November 7, 2026 Марсалек е во бегство од јуни 2020 година, кога беше откриено дека околу 1,9 милијарди евра недостасуваат од билансите на компанијата по финансискиот колапс на Wirecard. Покрај финансиските измами, европските власти го истражуваат под сомнение за шпионажа за Русија. Русев, на кого Марсалек му ги испратил контроверзните пораки под кодното име „Руперт Тих“, подоцна беше осуден во Велика Британија на десет години и осум месеци затвор за активности поврзани со руска шпионска мрежа. Поранешниот австриски канцелар не сакаше да коментира за најновите наоди. Неговата придружба рече дека Курц отсекогаш верувал дека обвиненијата против него се политички мотивирани и дека бил шокиран кога дознал за можните врски на случајот со Русија. Британскиот пратеник Греам Дауни рече дека наодите се загрижувачки, предупредувајќи на поширок модел на руски обиди да влијаат на политичките процеси и да ги дестабилизираат демократиите во Европа. Истрагата продолжува, а британските истражители им доставија на австриските колеги дел од комуникациите запленети за време на апсењата на членовите на шпионската мрежа. Австриските власти, исто така, истражуваат дали лица од нивните разузнавачки структури му пренесувале информации на Марсалек, а индиректно на Русија.Тагови: Себастијан Курц тајкун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСе урна преполна трибина во Норвешка- еден навивач заврши во болница, натпреварот е прекинат Натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Боде Глимт беше прекинат по 40 минути игра поради сериозен инцидент на стадионот Алфхајм, каде што дел од гостинската трибина се урна под тежината на навивачите. Едно лице е однесено во болница.Според норвешките медиуми, до пет лица паднале откако се урнала конструкцијата, а хоспитализираниот навивач бил свесен, потврди Симен Педерсен, службеник за односи со медиумите на Боде Глимт, објави Ројтерс. Инцидентот се случил зад еден од головите, додека гостинските навивачи скокале и пееле. Еден очевидец, Андрине Моен, изјави за локалниот весник VG дека подот одеднаш се урнал и редот пред неа се преполовил. Според неа, најмалку две лица паднале низ подот на трибината, но не е познато од која висина паднале или колку луѓе биле вклучени во инцидентот. Полицијата започна истрага и е одлучено дека оштетената трибина повеќе нема да се користи. Гостинските навивачи прво биле евакуирани, а потоа преместени на страничните трибини на стадионот. Натпреварот продолжи во 16 часот, а Боде/Глимт успеаја да се вратат на фудбалските обврски и да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме. Ола Бринхилдсен постигна гол во втората минута од судиското продолжение (45+2). До крајот, Бринхилдсен го зголеми резултатот на 2-0 во 73-тата минута.Тагови: навивач трибина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел Израелскиот претседател Исак Херцог ја започна прес-конференцијата со изјава дека одржал консултации со претставници на сите партии, по израелските избори кои резултираа со политичка блокада.Тој ги опиша разговорите како „тешки и длабоки“, објави Скај Њуз. „Стана јасно дека сите граѓани на Израел, без оглед на нивните ставови, начини на живот или верувања, имаат еднаков глас, независно од тоа од која страна или партија доаѓаат“, вели тој. „Основното прашање е: кој има најголеми шанси да формира влада? „Затоа, во својство на претседател, одлучив мандатот за формирање влада да му го доделам на претседателот на партијата ‚Јашар‘, Гади Ајзенкот.“ За контекст: Како што веќе известувавме, Бенјамин Нетанјаху се бори да остане на функцијата, откако неговата верско-националистичка коалиција го загуби мнозинството на изборите одржани на 27 октомври. Опозицискиот кандидат Ајзенкот, поранешен началник на Генералштабот, настапи како главен ривал, предводејќи блок од партии кои имаат за цел да го сменат израелскиот премиер со најдолг стаж на власт.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44