Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
1Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
2Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
КултураКиненова покажа дека филмот има моќ да не доближи до вистинските вредностиНајдобар долгометражен филм „Вчера моите очи не заспаа“на Ракан Мајази, најдобра режија -Мирослав Терзиќ за „Три недели потоа“, најдобро сценарио за Христо Симеонов и Петар Крумов за „Чевлите на мојот татко“Со доделување на наградите и проекција на филмот „Фантази“, кој е словенечко-македонска копродукција и во присуство на режисерката Кукла Кешеровиќ, вечерва свечено беше затворено 11. издание на МФФ Киненова. Присутните ги поздрави директорот Небојша Јовановиќ кој се заблагодари на поддржувачите, публиката и филмските автори за нивните филмски приказни. -Покажавме дека филмот има моќ да не доближи до вистинските вредности и упорно, настојчиво да ни поставува прашања и да ни нуди одредени одговори, но пред се да ни ги покаже причините кои ја предизвикуваат темната страна на човештвото, но и алатките со кои можеме да ја надминеме. Изборот е наш, дали ќе ја надминеме моралната ерозија и ќе се осмелиме да го изговориме вистинскиот збор, и да се соочиме со предизвикот на нашата реалност. Запознавме прекрасни и драги луѓе, човечки сензибилитети кои долго ќе ги паметиме, ќе ги цитираме, ќе говориме и ќе пишуваме за нивните филмови. Тоа никој не може да ни го одземе. На три локации прикажавме 39 филмски наслови, пет извонредно посетени работилници, на нашиот лаурет Емин Алпер, работилниците со неговиот монтажер Озџан Вардар, со Миша Терзиќ, со Бранислав Трифуновиќ, со Дејан Илиев и со Гоце Цветановски, но и онаа најодговорната „Снимај паметно, остави трага“ со децата од училиштата во Општина Кисела Вода под менторство на Марија Џиџева. Искрено и топло им се заблагодаруваме на сите, рече Гена Теодосиевска, уметнички директор на фестивалот. Жирито на 11. МФФ Киненова во состав: Емин Алпер, претседател, Александра Максимовиќ и Гоце Цветановски, членови ги соопшти наградените филмови и автори. Наградата за најдобар долгометражен филм му припаѓа на филмот „Вчера моите очи не заспаа“ (Yesterday the Eye Didn’t Sleep), во режија на Ракан Мајази, поради спојот на впечатливо визуелно раскажување, природна глума и чувствителен приказ на односот меѓу две сестри, чии животи се обликувани од одлуките на другите. Преку посветеноста на секојдневните гестови и неизречените емоции, филмот нуди моќен, личен израз на нивната блискост и копнежот по слобода. Наградата за најдобар режисер му припаѓа на Мирослав Терзиќ за филмот „Три недели потоа“, за неговата прецизна градба на тензијата и сигурната режија на актерската екипа. Терзиќ внимателно ги обликува односите меѓу ликовите, создавајќи моќен и вознемирувачки приказ на малтретирањето и неговите последици. -Овој пат не можам да ви се обратам на македонски бидејќи сум многу возбуден, рече на почетокот на своето видео обраќање Терзиќ. Му благодарам на жирито и на организаторите на прекрасниот престој во Македонија и на се она што еден филмаџија може да посака, а тоа се прекрасни разговори по филмот. Благодарам за наградата за најдобра режија, многу ми значи и тоа од многу причини. Ние не правиме филмови за да добиваме награди, туку да поттикнеме некакви разговори. Мислам дека ова е вистински филм за еден сериозен разговор меѓу сите нас, меѓу децата и возрасните и да се обидеме да најдеме системско решение за оваа несреќа која малку по малку го уништува нашиот живот. Животот може да биде многу поубав ако јазикот на насилството не е основен јазик во нашите животи, рече Терзиќ и посака фестивалот секоја година да биде храбар, нов и поинаков и да избира филмови кои се храбри, кои провоцираат и кои некако сите не тераат да бидеме подобри. Наградата за најдобро сценарио им припаѓа на Христо Симеонов и Петар Крумов за „Чевлите на мојот татко“, за нивната нијансирана карактеризација и истражување на односот помеѓу мајката и ќерката кои се соочуваат со смртта на таткото и неговото долго отсуство од нивните животи. Преку неизречени емоции, семејни тензии и суптилен, мрачен хумор, сценариото гради емоционално слоевита приказна за сеќавањето, загубата и можноста за простување. -Најпрво сакам да се заблагодарам на организаторите на Киненова, навистина беше задоволство да се биде во Скопје. Прв пат сум овде и имав прекрасно искуство. Благодарам за наградата, рече Христо Симеонов. Специјалното признание на жирито му припаѓа на филмот „Во сенка“ (In the Shadow), во режија на Салем Салавати, за неговото храбро истражување на чувствителната тема за адолесценцијата и сексуалноста кај еден млад човек со Даунов синдром. Преку потрагата на неговата мајка по поддршка, филмот го истражува сложениот однос помеѓу љубовта, заштитата и општествениот притисок, покренувајќи важни прашања за правото на различност и одговорноста на заедницата. Со едногласна одлука на жирито, наградата за најдобар краток филм рамноправно ја делат „Тарик“ во режија на Адем Тутиќ и „Како што лета гавранот“ (As the Crow Flies) во режија на Клара Лакомб. Филмот „Тарик“ е награден за неговиот сензибилен приказ на растењето, семејните односи и потребата за припадност, додека „Како што лета гавранот“ е одликуван за неговиот иновативен спој на анимација и документарно раскажување, со што ѝ се дава личен глас на миграциското искуство. Преку своите карактеристични филмски јазици, двата филма нè приближуваат до внатрешните светови на нивните млади протагонисти, истовремено зачувувајќи ја нивната сложеност и достоинство.Тагови: КИНЕНОВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаХасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитнициИако СДС е познат по лаги и местенки, овој пат го допре дното.Бетон Герасимовски, исклучително поради лични интереси и себепромоција, во целост ја засрами Општина Центар и доделувањето на јубилејните награди „Феникс“. Веројатно со намера да доделува престижни награди, онака како што самиот проценил дека треба, Бетон Герасимовски им доделува награди на луѓе кои не ја добиле довербата од комисијата, која пак, е формирана токму со таа цел - да избере кој ќе добие награда. Герасимовски и СДС одлучуваат „од ракав“ , и тоа на начин познат само за нив, правејќи го тоа на штета на имиџот на сите инволвирани, но и на грбот на двајца млади луѓе. На Ана Петковска Николовска, избрана поради достигнувања во воспитувањето и образованието, како и на Марин Поповски, избран за достигнувањата во спортот, градоначалникот Герасимовски не им додели награди, иако комисијата ги избрала за добитници. Ама затоа му додели награда на Тодор Тасевски, кој со 4 гласа од комисијата, за жал, не го достигнал прагот од најмалку 5 гласа. Дека се ова е вистина ќе ви ја покажам сликата која истото го докажува, од гласањето на комисијата за доделување на наградата Феникс. Бетон Герасимовски, во обид да се испере од некомпетентните и неуспешните обиди за себепромоција, потона уште подлабоко. Па така, наместо јубилејна награда „Феникс“, на социјалните мрежи се предомисли и го преименуваше наградите во „50 години Општина Центар“, иако евидентно доделуваше статуетки во форма на феникс. Почитувани, Бетон Герасимовски не само што се посрамоти себеси и Општина Центар, туку и ги посрамоти и кандидатите, но и добитниците на оваа награда. Го посрамоти секој еден што учествуваше на церемонијата за доделување на наградите, затоа што одлуката воопшто не е одобрена од Советот. Поради некомпетентност, брзоплетост и очаен обид за себепромоција, им го наруши угледот на угледни луѓе од Општината. Прашање е како сега Герасимовски ќе му објасни на Тодор Тасевски зошто му доделил статуетка кога неговото име воопшто не е наведено во предлог-одлуката, која пак допрва треба да се најде пред Советот на Општина Центар. Секој има право да биде избран за оваа престижна награда, но на начин кој му доликува на Центар, легален и достоинствен, рече Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп прогласи нов национален споменик- никој по него не смее да ја менува Овалната соба (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за која вели дека ќе ја зачува Овалната соба и кабинетската соба како национален споменик.Тоа беше негова прва официјална акција откако неговата партија претрпе убедлив пораз на среднорочните избори во САД во вторникот, објави Wall Street Journal. Но, одлуката не ги спречува идните претседатели да ја редекорираат иконската канцеларија, која Трамп ја наполни со кичести златни украси, ниту пак го спречува неговиот наследник да ја поништи одлуката. Самиот Трамп претходно ги поништи претходните одлуки на неговите претходници за означување одредени области како национални споменици. President Trump signed a proclamation Thursday that he said would designate the White House’s Oval Office and Cabinet Room as landmarks to prevent future presidents from making major changes to them. https://t.co/4aJkupAVSw — The Wall Street Journal (@WSJ) November 6, 2026 Сепак, Трамп ја опиша одлуката за Овалната соба во многу широки термини. „Никој нема да смее да ја допира, уништува или урива, како што би направиле некои глупави луѓе, за да изгради нешто што има малку поинаква форма“, рече Трамп. „Ја сакаме Овалната соба и таа е симбол, исто како и самата Бела куќа.“ Ова беше трет пат оваа недела претседателот, кој го стекна своето богатство во недвижности, да одржи говор фокусиран на проекти што се особено важни за него во Вашингтон. Во среда, еден ден откако републиканците претрпеа големи порази на клучните национални избори, Трамп ги собра новинарите за да ја потпишат последната греда што се крева за време на изградбата на неговиот раскошен проект за балска сала. Во понеделник, тој отиде во рефлектирачкиот базен во Споменикот на Линколн за да зборува за неговата реновација на обележјето. Во прогласот, издаден по обраќањето на Трамп, се вели дека ништо во него нема да „го ограничи овластувањето на претседателот да го редекорира споменикот, да избере мебел или да прави рутински оперативни и безбедносни промени што не ја менуваат суштински историската структура или архитектонскиот карактер на споменикот“. Прогласот му наложува на министерот за внатрешни работи да управува со Овалната соба и бара „документација, разгледување и евалуација на алтернативни решенија пред да преземе каква било акција што би резултирала со значителна промена или уривање на споменикот“. Трамп одделно изјави дека какви било поголеми промени ќе бараат конгресен преглед, иако таков услов не е наведен во текстот на документот. „Ако некој сака да каже: „Ајде да не ja правиме овално повеќе, ајде да ja направиме квадратнa“, тогаш мора да се врати во Конгресот и се надеваме дека луѓето во Конгресот ќе бидат доволно паметни да не дозволат тоа да се случи“, рече Трамп. Во меѓувреме, Трамп штотуку го сруши Источното крило на Белата куќа за да направи место за неговата балска сала. На бирото на Резолут, додека Трамп го потпишуваше документот, имаше црвена бејзбол капа со натпис „ВЕТО“ на предната страна, прилично јасна алузија на променливата рамнотежа на моќ во Конгресот. Неговите напори да ги зачува промените во Белата куќа доаѓаат во време кога демократите се подготвуваат за новата администрација на Трамп. Сенаторот од Конектикат, Ричард Блументал, врвен демократ во постојаниот поткомитет за истраги на Комитетот за домашна безбедност на Претставничкиот дом, испрати серија писма во четвртокот до истакнати донатори на балската сала на Трамп, барајќи да дадат информации или да се соочат со „алтернативни мерки за да се постигне усогласеност“. Откако се врати во Белата куќа, Трамп надгледуваше бројни промени во дизајнот на различни простории, вклучувајќи ја и Овалната соба, каде што го исполни ѕидниот простор со портрети, копија од Декларацијата за независност и бројни златни акценти. Додека дискутираше за своите одлуки за внатрешен дизајн, Трамп ги истакна новите лустери за кои вели дека биле инсталирани во кабинетската соба за да се справи со „многу лошото осветлување“. Неговите други дополнувања на Овалната соба вклучуваат бројни златни апликации на ѕидовите и портрети со златни рамки. Трамп не прецизираше што точно сака да спречи, но наговести дека Овалната соба може да се соочи со одредена закана во иднина. Самиот Трамп се соочи со неколку тужби во кои се тврди дека неговите проекти за разубавување на Вашингтон се направени без потребните дозволи. „Ако некој некогаш одлучи да влезе и да почне да урива ѕидови, нека ме повика каде и да сум“, рече Трамп, „и јас ќе се вратам тука и ќе се погрижам тоа никогаш да не се случи“.Тагови: Доналд Трамп Овалната соба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТаткото на Меган Маркл се појави пред суд- осомничен е за педофилија Томас Маркл, таткото на Меган, војвотката од Сасекс, синоќа се појави пред федералниот суд во Флорида.Томас Маркл, таткото на Меган, војвотката од Сасекс, синоќа се појави пред федералниот суд во Флорида, откако беше уапсен под обвинение за поседување материјал за сексуална злоупотреба на деца и пуштен на електронско следење и домашен притвор. Осумдесет и двегодишниот Маркл е уапсен врз основа на федералното обвинение кое го товари за поседување непристојни слики на деца, објави американското Министерство за правда, јавува денеска Би-би-си. Маркл, таткото на сопругата на принцот Хари, претходно бил уапсен вчера во близина на Тампа, Флорида, поради дела поврзани со материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца, како што пренесуваат светските медиуми. За време на 30-минутното рочиште што следеше во Тампа, Маркл не се изјасни, а датумот на следното рочиште во Калифорнија ќе биде одреден подоцна. Маркл беше донесена на суд во инвалидска количка, придружувана од двајца американски маршали. Според Скај њуз, тој е ослободен без кауција, со услов да носи електронска ознака и да остане во својот дом на Флорида. ФБИ претходно, постапувајќи по налог, пребара две складишта во областа Лос Анџелес што Маркл ги изнајмуваше од 2008 година. Агентите запленија околу 78 предмети, вклучително и фото негативи, слајдови и книги за кои тврдат дека содржат материјал за сексуална злоупотреба на деца. Според ФБИ, сведоците позитивно ја идентификувале Маркл на две фотографии за кои се верува дека прикажуваат сексуална злоупотреба на деца. Човекот во нив се чини дека е на возраст меѓу 30 и 40 години, што укажува дека наводната злоупотреба би можела да датира неколку децении наназад. Директорот на ФБИ Кеш Пател рече дека властите реагирале брзо и рече дека агенцијата ќе ги искористи сите расположливи ресурси за заштита на децата. Маркл претходно ги негираше обвинувањата за поседување таков материјал, нарекувајќи ги „болни лаги“. Истрагата ги опфатила и Филипините, каде Маркл живеела до мај оваа година. Неговиот син Томас Маркл Џуниор и предал на полицијата четири кутии со материјал, вклучувајќи компјутери, телефони, хард дискови и стари видео ленти, за кои тврди дека ги нашол во поранешниот дом на неговиот татко. Маркл минатата година се пресели на Филипините по серија мозочни удари, а во мај се врати на Флорида, каде што остана во центар за рехабилитација откако му беше ампутирана ногата. Случајот уште еднаш го привлече вниманието на неговите нарушени семејни односи. Маркл е отуѓена од две од неговите три деца, вклучувајќи ја и Меган, со која не е во контакт од 2018 година. Меган во октомври, откако се појавија обвинувањата против нејзиниот татко, изјави дека е длабоко потресена од веста и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени. Војводата и војвотката од Сасекс не го коментираа неговото апсење. Лондонската Метрополитен полиција соопшти дека добила писмо во 2019 година со низа наводи поврзани со Маркл, но не ги пренела информациите за наводите поврзани со настани надвор од ОК на други полициски агенции.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00