Многу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во Битола
1Многу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во Битола
СветГолем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“. Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук. Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали. NOW - Live firing incident hit gas line at CFB Wainwright in Alberta, Canada causing explosion that killed at least 7 military members and injured dozens more, igniting large fire on base. Hospitals overwhelmed with patients and under code orange. https://t.co/xuQ0lz8H1Z — Confidential Post (@C_Post_News) October 18, 2026 „Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој. Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата. Болниците преполни Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз. 🔥At least seven people died and dozens more were injured in an explosion and fire at the Wainwright military base in Canada. The incident occurred during a live-fire exercise, in the course of which a gas pipeline at the base was damaged. This triggered an explosion. https://t.co/JUC1bcjm8V — Abraracursix abdala (@Abraracurs64713) October 18, 2026 „Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра. „Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“Тагови: канада пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМногу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во БитолаПо повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола во Центарот за култура беше изведена претставата „Не се врткај наоколу гола“, во режија на Силвио Стилиновиќ, и изведба на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска.Гостувањето на овој театар беше во организација на МХД.Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола, во соработка со Општина Битола и Центарот за култура, со поддршка на Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Хрватска. „Навистина се чувствувам како дома. Секогаш ни е драго да се сретнеме со луѓето овде, а особено со нашите Хрвати што доаѓаат тука. Навистина сме благодарни што на некој начин го запознавме господинот Маретиќ и што ни овозможи да се сретнеме со овие луѓе овде. Македонците и Хрватите, можам слободно да кажам дека станавме пријатели, благодарение на таа соработка и на соработката со Хрватскиот културен центар. Во Славонски Брод има еден фестивал на аматерски театри, веќе неколку години и театарските аматери од оваа околина, од Битола, од Ресен, доаѓаат таму и учествуваат на фестивалот. Така што се разви еден убав мост на пријателство меѓу Битола и Славонски Брод. Разговаравме за некои идни соработки, па можеби сега е време да направиме чекор повеќе. Мојот предлог е да се обидеме да се поврземе на ниво на нашите градови“, изјави режисерот Стилиновиќ. Гостувањето на театарот од Славонски Брод во Битола стана традиција. „Веруваме дека таа традиција ќе продолжи. Во преговори сме за некои идни соработки на повисоко ниво. Инаку ние ги одбележуваме сите позначајни празници на Хрватска. Освен тоа, оваа година Хрватскиот културен центар беше организатор на повеќе значајни манифестации, иницијатор на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу НУУБ. „Св. Климент Охридски“ Битола и Градската библиотека „Марко Марулиќ“ Сплит, организатор на неодамнешната турнеја на КУД Илинден во Хрватска, учесник на меѓународни конференции и семинари и сл“, истакна Бранко Маретиќ, претседателот на Хрватскиот културен центар. Претставата која беше изведена во Битола е работена по текстот на еден од најголемите француски комичари, Жорж Фејдо, напишан пред 100 години. Програмата на Хрватскиот културен центар е направена со цел на презентација и запознавање на публиката со хрватското културно наследство, традиција, чување на хрватскиот јазичен идентитет. Културните посети и соработки траат повеќе од 30 години, од кои дел беа бројни изложби, концерти, театарски претстави, промоции на книги, предавања, а следуваат и концерти на хорот „Стив Наумов“ во Хрватска, концерти во соработка со Општина Битола, традиционалниот Божиќен концерт и сл. Во претставата играат: Славко Радовановиќ, Петра Ковачевиќ, Антонио Јуричиќ, Ноа Маринац, Јан Битуњац. Костимографијата е на Тајана Балаж Јуришиќ. Претставата од својата премиера минатата година ги полни салите низ театрите и културните центри во Хрватска каде и да гостува. Иако текстот е стар повеќе од еден век, режисерот Силвио Стилиновиќ и младата екипа го сместија дејството во денешна Хрватска. Тие на најдобар можен начин покажаа дека дури ни вековите не ја промениле самата суштина на човечкиот карактер, во сите негови доблести и недостатоци. Режисерската работа на Стилиновиќ успева во она што е тешко дури и за професионалните ансамбли – да извлече од младите актери спонтаност, автентичност и одлично темпо на претставата, што ја држи публиката будна од првата до последната сцена. Заедно со асистентот-режисер Саша Кариќ, тој создаде претстава која го нуди она што публиката најмногу го сака – вистинска смеа. Додека културната сцена често се жали на недостаток на млади луѓе, овој пример од Славонски Брод покажува колку е важно да се инвестира во аматерски театри. Тука се младите луѓе кои избираат глума, креативност и соработка и се вистинска реткост, но и капитал на заедницата во кој треба да се инвестира. Инаку, овој театар постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Сатиричниот театар со право може да каже дека со своите претстави, културното значење и просторот што го отвора за младите и љубителите на театарот е еден од столбовите на општествениот живот на градот Славонски Брод. Претставата после Битола беше изведена во Ресен.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажаниБезбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг. „Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц. Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“. Русија ги негираше обвинувањата. Фото: ВИТагови: аеродром Германија драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријаваНа 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook