Заев: Нема план Б за решавање на спорните прашања со Бугарија, се надевам дека комисијата ќе биде успешна - Канал 5

Заев: Нема план Б за решавање на спорните прашања со Бугарија, се надевам дека комисијата ќе биде успешна

Премиерот Зоран Заев вели дека нема план Б за решавање на спорните прашања со Бугарија.

Заев: Нема план Б за решавање на спорните прашања со Бугарија, се надевам дека комисијата ќе биде успешна

Заев истакна дека има решенија, и оти македонско – бугарската комисија ќе излезе со успешно решавање на процестот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Само Интервју“ со Африм Гаши

Африм Гаши вечерва ќе гостува во „Само Интервју“ 

„Само Интервју“ со Африм Гаши

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Македонија ја нема на картата - ова е изолацијата на Мицкоски

Од Софија до Атина за шест часа - брз воз ќе јури низ Европа. Скопје не е на картата.

СДСМ: Македонија ја нема на картата - ова е изолацијата на Мицкоски

Ваква е изолацијата што ја води Мицкоски и неговата банда.

Додека најавуваат нови инвестиции во железницата, Македонија останува исклучена од европските инфраструктурни планови.

Целиот проект што моментално се реализира е во интерес на Вучиќ и на Кинезите. Само тие имаат корист од овие планови.

Затоа и Стоилковиќ, првиот соработник на Мицкоски, потпретседател на Владата и втор човек во државата, отворено најавува блиски односи со Комунистичката партија на Кина и нивните инвестиции. Јасно е за кого работи.

Додека Мицкоски и ВМРО се фалат со инвестиции, во Унгарија новиот премиер веќе формираше тело што ќе го истражува Орбановото работење - вклучувајќи ги и прекумерните трошења на средства за железницата.

Мицкоски и неговата банда не градат за Македонија. Тие градат за своите пријатели и за странски интереси. Затоа Македонија останува надвор од картата на Европа.

Доста е со изолација и лажни инвестиции.

Реформи сега. Европа сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со квалитет до Европа: „Реплек“ бележи нови успеси и инвестира во иднината на медицинскиот канабис

Компанијата „Реплек“ е присутна на фармацевтскиот пазар веќе 80 години и чекор по чекор, заедно со своите вработени, изгради име кое денес е еден од синонимите за сигурност и доверба во фармацевтската индустрија.

Со квалитет до Европа: „Реплек“ бележи нови успеси и инвестира во иднината на медицинскиот канабис

Компанијата „Реплек“ веќе осум децении успешно го гради својот углед како еден од најпрепознатливите македонски брендови во областа на здравјето и негата. Со богато портфолио на фармацевтски производи, додатоци во исхраната и козметички линии, компанијата континуирано инвестира во квалитет, иновации и развој, следејќи ги највисоките европски стандарди.

Некогаш табу-тема, а денес сè поприсутен метод на лекување е медицинскиот канабис. „Реплек“ како компанија го препознал неговиот потенцијал уште пред десет години и одлучил да отвори ново поглавје во производството на лекови. Директорот Душан Пецовски вели дека на самиот почеток сè изгледало многу револуционерно.

„Реплек“ тогаш започнал со производство на лекови и препарати базирани на медицински канабис, со идеја да им помогне на пациентите кои бараат нови решенија. Пецовски се надева дека државата ќе ја препознае потребата на граѓаните и ќе овозможи лековите со медицински канабис да бидат достапни преку Фондот за здравствено осигурување.

„Пристапот на „Реплек“ е малку различен, не е аграрен и земјоделски, туку е повеќе фармацевтски. Просто кажано, една банална споредба да направам, а Македонија е позната по одгледување на зеленчук. Тоа е исто како да извезувате домати и пиперки, наспроти да извезувате кечап и ајвар. Значи додадената вредност на финалниот производ, на екстрактот од канабис, на маслото од канабис за кое „Реплек“ се залага е вистинската приказна и вистинскиот потенцијал во индустријата. За жал, тоа сè уште се соочува со предизвици. Тешко можете да дојдете до нив, се надевам дека тоа ќе се промени. Замислете само кога би било маслото со ТХЦ на товар на Фондот, каде граѓаните нема да треба да плаќаат од свој џеб, тогаш сликата би била многу поинаква“, ни објасни Пецовски.

Од Македонија кон Европа

„Реплек“ постави нови стандарди во фармацевтската индустрија кога станува збор за употребата на медицински канабис, а нивниот план е во блиска иднина да се прошират и на пазарите во други земји.

„Реплек“, како ЕУ GMP фабрика, може да се пофали и со извоз во Европската Унија. Оваа година направивме вистински пробив, како на пример на словенечкиот и ирскиот пазар со нашиот екстракт од канабис. Верувам дека за кратко време, односно до крајот на летото, нашите производи ќе бидат пласирани и на грчкиот пазар“, изјави Пецовски за Канал 5.

Исто така, „Реплек“, како дел од својата поддршка и развој на дејноста, формираше и информативен центар за сите граѓани кои сакаат да се информираат за лекувањето со медицински канабис, но и за оние кои поради различни здравствени проблеми се во потрага по решение.

Посветеноста на квалитетот, современите производствени процеси и вложувањето во нови технологии овозможуваат „Реплек“ постојано да создава производи што одговараат на потребите на современиот човек. Токму затоа, по 80 години постоење, компанијата останува пример за успешна домашна приказна која успешно ги спојува традицијата, знаењето и иновациите.

Целото интервју што директорот Пецовски го даде за Канал 5 можете да го погледнете на следниот линк.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер