Тошковски од Будва: Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност - Канал 5

Тошковски од Будва: Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност

Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност, нашиот придонес треба да биде соодветно препознаен.

Тошковски од Будва: Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Будва, Црна Гора, во присуство на министри од земјите на Западен Балкан и претставници на европските институции и агенции.

Во рамки на форумот, министерот Тошковски имаше две обраќања посветени на управувањето со миграцијата и граничната безбедност, како и на борбата против современите форми на криминал во дигиталната ера.

Говорејќи за миграциските предизвици, Тошковски ја нагласи стратешката улога на Македонија на балканската миграциска рута и конкретниот придонес на македонската полиција во заштитата на европската безбедност.

„Македонија не чека да стане членка на Европската Унија за да се однесува одговорно кон европската безбедност. Ние таа одговорност веќе ја преземаме. Ја преземаме преку нашата гранична полиција, преку заедничките операции со Фронтекс, преку борбата против криумчарските мрежи и преку конкретното усогласување со европските политики“, истакна Тошковски.

Тој посочи дека во првите десет месеци од 2026 година е регистрирано зголемување од 29 проценти на обидите за нелегален премин на државната граница во споредба со претходната година, додека во истиот период се откриени 23 случаи на криумчарење на вкупно 144 мигранти, со преземени мерки на кривичен прогон против 38 сторители.

Посебно внимание беше посветено на соработката со Фронтекс, чија заедничка операција со македонската полиција, започната на јужната граница во 2023 година, во август годинава беше проширена и на северната граница, а во завршна фаза се подготовките за проширување и на западната граница.

„Успешната соработка со Фронтекс покажува дека Македонија има и капацитет и политичка волја да презема одговорност. Но, истовремено покажува и дека вложувањето во нашите гранични капацитети е директно вложување во заедничката европска безбедност“, нагласи министерот, потенцирајќи ја потребата од натамошна техничка, кадровска и финансиска поддршка од Европската Унија.

Во своето обраќање, Тошковски се осврна и на напредокот во усогласувањето со европските политики за миграција и азил, особено во делот на визната политика, каде што Македонија има постигнато речиси целосна усогласеност со европската листа на држави чии државјани подлежат на визен режим.

Во второто обраќање, посветено на криминалот во дигиталната ера, министерот предупреди на растечките предизвици поврзани со сајберкриминалот, онлајн измамите, злоупотребата на криптовалутите и вештачката интелигенција за криминални цели.

„Криминалот веќе функционира без граници. Нашиот одговор мора да биде подеднакво поврзан, брз и ефикасен“, порача Тошковски.

Тој го истакна и формирањето на новото специјализирано Одделение за истраги за злоупотреби на деца на интернет и истраги од отворени извори во рамки на МВР, со надлежност на национално ниво, како значаен чекор во зајакнувањето на капацитетите за заштита на децата од сексуална експлоатација во дигиталниот простор.

Министерот повика на посилна оперативна интеграција на земјите од Западен Балкан во европските механизми за борба против криминалот, побрза размена на информации и електронски докази, како и поголеми инвестиции во дигиталната форензика, напредните аналитички алатки и одговорната примена на вештачката интелигенција во полициското работење.

„Нашиот заеднички успех не треба да го мериме само преку бројот на реализирани проекти или обуки, туку преку бројот на заштитени жртви, успешно спроведени заеднички истраги, разбиени криминални мрежи, навремено обезбедени електронски докази и одземени незаконски стекнати средства“, истакна Тошковски.

На маргините на форумот, министерот Тошковски оствари и билатерална средба со Нина Грегори, извршна директорка на Агенцијата на Европската Унија за азил (EUAA).

На средбата беше разговарано за досегашната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Агенцијата, можностите за нејзино понатамошно продлабочување, како и за поддршката во процесот на усогласување на националното законодавство и институционалните практики со европските стандарди во областа на азилот и меѓународната заштита.

Посебен акцент беше ставен на јакнењето на административните и оперативните капацитети, размената на експертиза и продолжувањето на заедничките активности насочени кон воспоставување поефикасен и функционален систем за азил.

Учеството на министерот Тошковски на форумот во Будва беше можност за афирмирање на конкретните резултати на македонската полиција, унапредување на соработката со европските институции и потврдување на улогата на Македонија како активен партнер во справувањето со заедничките безбедносни предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неопходно е да се набави терапија за алергиски шокови, апелираат од Здружението на педијатри

Итно се потребни во Македонија да се донесат инјекции против анафилакитичен шок пред се кај децата кои имаат алергија од храна, инсекти. 

Неопходно е да се набави терапија за алергиски шокови, апелираат од Здружението на педијатри

Овие брзи и убодни инјекции или пенкала за уптореба се важни да го има детето во ранецот во училиште или во самото училиште и да се направи едуакција како да им се помогне на децата кои имаат алергичен напад од храна.

Педијатрите со апел и до родителите да ги вакцинираат децата против морбили бидејќи даваат тешки состојби кај децата и се животозагрозувачки.

Во моментот во детските одделенија нема болни деца со грип иако расте бројката. На удар се возрасните лица, а во однос на минатата недела според ИЈЗ се зголемиле за 90,2%.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работничката сиромаштија ќе се продлабочува доколку не се зголеми минималецот, предупредува ССМ

50 проценти од 540 илјади работници живеат со плата под 600 евра, една третина од 540 илјади работници живее под прагот на сиромаштијата од 31 200..

Работничката сиромаштија ќе се продлабочува доколку не се зголеми минималецот, предупредува ССМ

50 проценти од 540 илјади работници живеат со плата под 600 евра, една третина од 540 илјади работници живее под прагот на сиромаштијата од 31 200. Покажуваат пресметките на Сојузот на синдикаттие на Македонија Претседателот Слободан Трендафилов, предупредува дека ако не се зголеми минамалната плата, работничката сиромаштија ќе продолжи да се продлабочува. Но, вели, досега ниту протестите, блокадите и иницијативите, не го донеле очекуваниот резултат.

„Владите во регионот се грижат за работниците, ја зголемуваат минималната плата, Црна Гора 1000–1250 евра, Србија веќе 600 евра и покрај сите кризи и предизвици кои ги имаат како држава... Во Македонија вие да водите држава, да плаќате 420 евра минимална плата, да седите 120 избрани именувани пратеници во Парламентот и да работите само во ваш интерес, а на штета на работниците. Сметавме дека протестите ќе ги поттикнат, дека блокадите ќе ги поттикнат, иницијативите кои ги доставивме до Парламентот и Владата за зголемување на платата ќе ги поттикнат... но тие ги уживаат сите придобивки кои им ги даваат работниците, а работниците веројатно ќе продолжат да тонат во сиромаштија.“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Колку е тешко да се преживее со минимална плата беше тема и на документарецот „До први“, чија премиера се одржа денеска. Во главната улога е пратеничката Моника Зајкова, која седум дена се обидувала да ги покрие секојдневните трошоци со минимални примања. Документарецот, кој ќе биде достапен и на социјалните мрежи, го отвора прашањето со кое илјадници работници се соочуваат секој месец – како да се стигне до први со минимална плата?

Согласно законот, минималната плата се усогласува со инфлацијата и просечната плата еднаш годишно во март, и во моментов изнесува 26.000 денари. Ставот на Владата е дека ќе прифатат зголемување ако за тоа се договорат синдикалците и работодавачите, но дијалогот засега нема никаков напредок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Форумот за образовни промени со тужба до МОН за неусогласениот износ на студентски оброк

Субвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени.

Форумот за образовни промени со тужба до МОН за неусогласениот износ на студентски оброк

Субвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени кои денеска на МОН му поднесоа тужба до Управниот суд оти износот не е усогласен со годишната инфлација. Бленди Ходаи, од форумот, кој ја поднесе тужбата, обвини дека студентите се соочувале со притисоци и закани од институциите па одвај се охрабриле да ја потпишат изјавата потребна за поднесување на тужбата. Дополнително, вели дека не се согласуваат со предлогот на премиерот оброкот да се дава преку М-Услуги, оти тоа студентите ќе ги остави уште половина година со субвенција од 140 денари.

-Да бидеме јасни, субвенционираниот студентски оброк не е прашање на ретрограден меркур, ниту е прашање на милостина на владата и на министерството за образование кон студентите, ниту пак прашање на добра волја или расположение на министерката Јаневска, дали денеска се чувствува добро или е во расположение да го покачи износот на студентскиот оброк, тоа е законска обврска. Ако студентите одлучат преку М-Услуги, треба да има ново барање, заради тоа што седум месеци ќе треба да го земаат истиот износ за оброк, 140 денари. Нека ги отворат бифеата во Собрание и во Владата и нека јадат студентите со 160 денари бифтек како што јаде пратеник кој после зборува што се може да се купи со 140 денари и во владата исто да се направи. Не сме на иста линија, некои луѓе немаат допир со реалноста,- Бленди Ходаи – Форум за образовни промени.

Јаневска не ја коментираше тужбата, но кажа дека разговорите со студентите се во тек и дека се бара најдоброто решение преку кое ќе се субвенционира здрав студентски оброк. Таа вели дека и претставниците на студенти, а и МОН моделот на Словенија го гледаат како соодветен, во кој не се даваат пари, туку се субвенционираат оброци кај регистрирани угостители.

-Ние имавме средба со студентите, ги чекаме нивните одговори и продолжуваме со цел да го смениме системот за правилно користење на субвенцијата, за користење на субвенцијата на здрав студентски оброк, бидејќи одредени извештаи кои ги имаме потврдуваат дека намената на субвенцијата за оброкот не е целосно спроведена односно дека дел од студените не го користат тоа правилно во правец на нивна здрава исхрана. Од тука е идејата дека треба да направиме промени,- Весна Јаневска – Министер за образование.

Од Форумот пак побараа од МОН и Владата да сподели ако има информации каде и како ги трошат студентите парите, а наводите дека се купувале цигари и алкохол од страна на властите ги нарекоа несериозни „чаршиски муабети“. Очекуваат од Управниот суд да донесе одлука со кој ќе бидат обештетени за незаконското, според нив, постапување на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер