3ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда Феникс нелегално, а не "Јубилејна награда"
Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
3ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
Култура „Охридско лето“ ја продолжува концертната традиција и надвор од фестивалските денови со врвни музички уметници„Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. „Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. По концертите реализирани минатата година, Националната установа и оваа година подготвува три музички средби со реномирани уметници од меѓународната сцена, со кои ја продолжува својата концертна дејност и ја одржува врската со публиката во текот на целата година. „Со овие три концертни настани, „Охридско лето“ ја потврдува својата посветеност на континуирано негување и промовирање на врвната музичка уметност. Активностите надвор од летната фестивалска сезона се продолжение на нашата мисија - да ѝ овозможиме на публиката средби со значајни уметници и квалитетни музички содржини, а воедно да придонесеме Охрид да стане препознатливо место на меѓународната културна сцена и во текот на целата година. “, вели директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Според Цуцковски, целта е ваквите концертни настани да продолжат и во иднина, прераснувајќи во традиција на „Охридско лето“. „Иницијативата за организирање на вакви концертни настани започна минатата година, а со оглед на интересот, нашата намера е тие да прераснат во традиција. Концертите се бесплатни за посетителите, како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и со цел врвната музика да биде достапна за пошироката јавност, додава Цуцковски. Првиот концерт ќе се одржи на 17 ноември, во 20 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија, каде што ќе настапат виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек. Патира е добитник на главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“ во 2001 година, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал низ Европа, Јапонија, САД и Мексико, а во последните години освоил и значајни признанија на меѓународни натпревари. Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на наградата „Бриџит Дулан“ за најдобра изведба на дело од Моцарт на натпреварот во Даблин, како и на главната награда на Меѓународниот натпревар „Јоханес Брамс“ во Австрија. Настапувал на концертни сцени во Европа, Америка, Азија и Африка. Вториот концерт ќе се одржи на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен. Јуна Ли е меѓународно призната оперска уметница, особено позната по улогата на Чо-Чо-Сан во „Мадам Батерфлај“ од Пучини, која ја има изведено речиси 200 пати. Се образувала на Џулијардската школа во Њујорк, а настапувала со реномирани оперски куќи, меѓу кои Метрополитен операта и Вашингтонската национална опера. Нејзин сопруг и музички партнер е пијанистот Кенет Клецјен, кој студирал на Конзерваториумот при Колеџот Оберлин и Џулијардската школа. Концертната година „Охридско лето“ ќе ја заокружи на 7 декември со предновогодишен концерт во Охрид, подготвен како музички подарок за градот и неговата публика. На сцената ќе настапат бугарската сопранистка Илина Михајлова и италијанскиот пијанист и композитор Франческо Барбагелата. Михајлова е солистка на Државната опера во Варна и Државната опера во Бургас, а настапувала на оперски сцени во Италија, Шпанија, Австрија, Германија, САД и Јапонија. Посебно значајна е нејзината соработка со светски познатиот тенор Хозе Карерас, со кого настапувала на прошталните концерти во Софија и Атина. Барбагелата е професор по пијано-придружба на Конзерваториумот „Р. Франчи“ во Сиена и музички соработник на Фестивалот „Пучини“ во Торе дел Лаго. Соработувал со бројни реномирани диригенти и оперски уметници, меѓу кои и со Андреа Бочели, а се занимава и со компонирање и оркестарски аранжмани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЗдравјеНеопходно е да се набави терапија за алергиски шокови, апелираат од Здружението на педијатриИтно се потребни во Македонија да се донесат инјекции против анафилакитичен шок пред се кај децата кои имаат алергија од храна, инсекти. Овие брзи и убодни инјекции или пенкала за уптореба се важни да го има детето во ранецот во училиште или во самото училиште и да се направи едуакција како да им се помогне на децата кои имаат алергичен напад од храна. Педијатрите со апел и до родителите да ги вакцинираат децата против морбили бидејќи даваат тешки состојби кај децата и се животозагрозувачки. Во моментот во детските одделенија нема болни деца со грип иако расте бројката. На удар се возрасните лица, а во однос на минатата недела според ИЈЗ се зголемиле за 90,2%. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаРаботничката сиромаштија ќе се продлабочува доколку не се зголеми минималецот, предупредува ССМ50 проценти од 540 илјади работници живеат со плата под 600 евра, една третина од 540 илјади работници живее под прагот на сиромаштијата од 31 200..50 проценти од 540 илјади работници живеат со плата под 600 евра, една третина од 540 илјади работници живее под прагот на сиромаштијата од 31 200. Покажуваат пресметките на Сојузот на синдикаттие на Македонија Претседателот Слободан Трендафилов, предупредува дека ако не се зголеми минамалната плата, работничката сиромаштија ќе продолжи да се продлабочува. Но, вели, досега ниту протестите, блокадите и иницијативите, не го донеле очекуваниот резултат. „Владите во регионот се грижат за работниците, ја зголемуваат минималната плата, Црна Гора 1000–1250 евра, Србија веќе 600 евра и покрај сите кризи и предизвици кои ги имаат како држава... Во Македонија вие да водите држава, да плаќате 420 евра минимална плата, да седите 120 избрани именувани пратеници во Парламентот и да работите само во ваш интерес, а на штета на работниците. Сметавме дека протестите ќе ги поттикнат, дека блокадите ќе ги поттикнат, иницијативите кои ги доставивме до Парламентот и Владата за зголемување на платата ќе ги поттикнат... но тие ги уживаат сите придобивки кои им ги даваат работниците, а работниците веројатно ќе продолжат да тонат во сиромаштија.“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. Колку е тешко да се преживее со минимална плата беше тема и на документарецот „До први“, чија премиера се одржа денеска. Во главната улога е пратеничката Моника Зајкова, која седум дена се обидувала да ги покрие секојдневните трошоци со минимални примања. Документарецот, кој ќе биде достапен и на социјалните мрежи, го отвора прашањето со кое илјадници работници се соочуваат секој месец – како да се стигне до први со минимална плата? Согласно законот, минималната плата се усогласува со инфлацијата и просечната плата еднаш годишно во март, и во моментов изнесува 26.000 денари. Ставот на Владата е дека ќе прифатат зголемување ако за тоа се договорат синдикалците и работодавачите, но дијалогот засега нема никаков напредок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФорумот за образовни промени со тужба до МОН за неусогласениот износ на студентски оброкСубвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени.Субвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени кои денеска на МОН му поднесоа тужба до Управниот суд оти износот не е усогласен со годишната инфлација. Бленди Ходаи, од форумот, кој ја поднесе тужбата, обвини дека студентите се соочувале со притисоци и закани од институциите па одвај се охрабриле да ја потпишат изјавата потребна за поднесување на тужбата. Дополнително, вели дека не се согласуваат со предлогот на премиерот оброкот да се дава преку М-Услуги, оти тоа студентите ќе ги остави уште половина година со субвенција од 140 денари. -Да бидеме јасни, субвенционираниот студентски оброк не е прашање на ретрограден меркур, ниту е прашање на милостина на владата и на министерството за образование кон студентите, ниту пак прашање на добра волја или расположение на министерката Јаневска, дали денеска се чувствува добро или е во расположение да го покачи износот на студентскиот оброк, тоа е законска обврска. Ако студентите одлучат преку М-Услуги, треба да има ново барање, заради тоа што седум месеци ќе треба да го земаат истиот износ за оброк, 140 денари. Нека ги отворат бифеата во Собрание и во Владата и нека јадат студентите со 160 денари бифтек како што јаде пратеник кој после зборува што се може да се купи со 140 денари и во владата исто да се направи. Не сме на иста линија, некои луѓе немаат допир со реалноста,- Бленди Ходаи – Форум за образовни промени. Јаневска не ја коментираше тужбата, но кажа дека разговорите со студентите се во тек и дека се бара најдоброто решение преку кое ќе се субвенционира здрав студентски оброк. Таа вели дека и претставниците на студенти, а и МОН моделот на Словенија го гледаат како соодветен, во кој не се даваат пари, туку се субвенционираат оброци кај регистрирани угостители. -Ние имавме средба со студентите, ги чекаме нивните одговори и продолжуваме со цел да го смениме системот за правилно користење на субвенцијата, за користење на субвенцијата на здрав студентски оброк, бидејќи одредени извештаи кои ги имаме потврдуваат дека намената на субвенцијата за оброкот не е целосно спроведена односно дека дел од студените не го користат тоа правилно во правец на нивна здрава исхрана. Од тука е идејата дека треба да направиме промени,- Весна Јаневска – Министер за образование. Од Форумот пак побараа од МОН и Владата да сподели ако има информации каде и како ги трошат студентите парите, а наводите дека се купувале цигари и алкохол од страна на властите ги нарекоа несериозни „чаршиски муабети“. Очекуваат од Управниот суд да донесе одлука со кој ќе бидат обештетени за незаконското, според нив, постапување на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00