Заев: До крајот на март ќе пристигнат 21000 од вакцините „Фајзер“ - Канал 5

Заев: До крајот на март ќе пристигнат 21000 од вакцините „Фајзер“

До крај на март ќе пристигнат 21000 дози од директните преговори со „Фајзер“, најави Премиерот Зоран Заев.

Заев: До крајот на март ќе пристигнат 21000 од вакцините „Фајзер“

Ова е најновиот рок за пристигнување на поголема количина на вакцини, а според премиерот досега сме нарачале 2,5 милиони дози од различни производители.

Договорот од „Фајзер“ стигна, до крајот на март ќе добиеме 21.000 доза од вакцините. Во вториот квартал од годината ќе добиеме поголеми количини. Не се работи за несериозност, знае нашиот народ дека се работи за недостаток на вакцини во целиот свет. Сакам да ги уверам граѓаните дека ние како Влада имаме направено повеќе од тоа што треба за да ги обезбедиме потребните количини. Имаме нарачано 800.000 од „Фајзер“, 833.000 дози преку Ковакс механизмот, потоа 400.000 од Кина, 200.000 од Русија. Исто така имаме дополнителни и од ЕУ преку грантот од 70 милиони евра за Западен Балкан како и најавени донации за соседите и со тоа стигаме до 2,5 милиони дози-Зоран Заев –Претседател на Влада.

Според планот на Ковакс програмата Македонија треба да добие 100800 дози, а најпрво ќе се дели вакцината на „АстраЗенека“. Преку овој систем за годинава одобрена е набавка на околу 1,8 милијарди дози вакцини, што е за околу 500 милиони повеќе од планираното на крајот на минатата година, велат од ГАВИ, организацијата задолжена за координација на планот.

По масовност на имунизација на населението во регионот предничи Србија, па по пресметка на 100 жители вакцинирани се 20. По истата формула заклучно со податоците од 25 минатиот месец Македонија на 100 жители вакцинирала речиси еден (0,08). Од регионот без ниту една доза за имунизација се Босна и Херцеговина и Косово. Најдобра во Европа во процесот на вакцинација е Велика Британија, втора на листата е Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руски напади на Киев со балистички ракети, 13 загинати, десетици повредени

Најмалку 15 лица загинаа, а 51 се повредени во третиот голем руски напад врз Киев и неговата околина во текот на изминатата недела. 

Видео: Руски напади на Киев со балистички ракети, 13 загинати, десетици повредени

Во текот на ноќта, ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и индустриски објекти низ главниот град и регионот, пренесува „Киев пост“.

Државната служба за вонредни состојби (SES) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои во регионот на Киев загинале 14 лица, а 27 биле повредени.

Во самиот град Киев, едно лице го загубило животот, додека 24 биле ранети. Дописниците на „Киев пост“ известија од различни делови на градот дека во рок од околу дваесет минути се слушнале повеќе од 30 експлозии.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 143 ракети и беспилотни летала. Нападот вклучувал 24 балистички ракети „Искандер-М“/„С-400“, четири противбродски ракети „Циркон“/„Оникс“ и 115 напаѓачки беспилотни летала „Шахед“, како и беспилотни летала користени како мамци. Главна цел на нападот било поширокото подрачје на Киев.

Украинската противвоздушна одбрана соборила или електронски попречила 98 беспилотни летала. Сепак, ниту една од 28-те лансирани ракети не била пресретната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АМСМ: Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ: Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничен премин Богородица се бележи време чекање за излез е околу 30мин, за влез околу 15мин, на другите граничните премини од Македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува топлотниот бран, денес сончево со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Продолжува топлотниот бран, денес сончево со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер