ЛДП: Капитулација пред БОГОВИТЕ НА БЕЗАКОНИЕТО: коалиционите партнери делат навреди и се снимаат дури возат, државата молчи!
1ЛДП: Капитулација пред БОГОВИТЕ НА БЕЗАКОНИЕТО: коалиционите партнери делат навреди и се снимаат дури возат, државата молчи!
Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
1Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
ЖивотНајбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск живее во куќа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичкаКуќата на Илон Маск изгледа како скромна викендичка: Најбогатиот човек на светот не знае што поседува, а еве каде живее.Неговото богатство се мери во стотици милијарди долари, но домот што го избрал нема речиси ништо заедничко со типичните вили на милијардерите. Илон Маск, чие богатство се проценува на 839 милијарди долари, тврди дека поголемиот дел од времето го поминува во куќа вредна околу 50.000 долари во Бока Чика, која ја изнајмува од „SpaceX“. Овој скромен приземен дом има три спални соби, бидејќи Маск ја претворил гаражата во дополнителна соба, а покрај неа ја користи „Casita“ од компанијата „Boxabl“ како куќа за гости. Илон Маск со години ја носи титулата еден од најбогатите луѓе на планетата, а според годишната листа на милијардери на „Форбс“ за 2026 година, неговото богатство се проценува на неверојатни 839 милијарди долари. Сепак, кога станува збор за домот каде што тој тврди дека го поминува поголемиот дел од своето време, сликата е сосема поинаква од раскошот што вообичаено се поврзува со милијардери од негов калибар. Наместо огромна вила со базени, приватни кина и десетици соби, Маск своевремено откри дека неговото главно живеалиште е скромна куќа во Бока Чика, односно во областа Старбејс во Тексас, која ја изнајмува од „Спејс-икс“ (SpaceX). - Мојата главна куќа е буквално куќа од 50.000 долари во Бока Чика/Старбејс, која ја изнајмувам од SpaceX. Но, навистина е одлична – напиша Маск на социјалната мрежа X. Тој ја претвори гаражата во трета спална соба. Куќата се наоѓа во близина на комплексот на SpaceX и однадвор воопшто не личи на дом на еден од најбогатите луѓе во светот. Станува збор за едноставен приземен објект во светла боја, кој Маск го користи како база додека престојува во Тексас. За време на гостувањето во подкастот „Full Send“, тој изјави дека куќата првично имала две спални соби, но дека со текот на времето го променил распоредот на просторот. - Технички, тоа е куќа со три спални соби. Претходно имаше две, но јас ја претворив гаражата во трета спална соба – рече Маск. Покрај главната куќа, Маск поседува и монтажен објект од компанијата „Боксабл“ (Boxabl), кој го користи како куќа за гости. Станува збор за моделот „Касита“ (Casita), кој во времето кога Маск го набавил чинел околу 50.000 долари и имал површина од приближно 35 квадратни метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДе Брујне во зимскиот преоден рок би можел да го напушти НаполиКапитенот на Белгија, Кевин де Брујне би можел да го напушти Наполи за време на зимскиот преоден рок.Наводно, неговиот однос со некои од соиграчите значително се влошил, а италијанските медиуми пишуваат дека раководството на клубот размислува за разделба со белгискиот играч за врска. Де Брујне пристигна во Наполи од Манчестер Сити како големо засилување, но неговиот статус со текот на времето се промени. Според италијанските медиуми, во соблекувалната владее тензична атмосфера, а Белгиецот влегол во конфликти со неколку фудбалери. Инцидентот со Лоренцо Лука за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Порто особено се издвојува, но, како што се наведува, тоа не било единственото недоразбирање. Наводно, Де Брујне не е во добри односи ниту со напаѓачот Расмус Хојлунд, ниту со капитенот Џовани ди Лоренцо. Наполи бележи слаби резултати оваа сезона, поради што во клубот би можело да дојде до промени. Една од нив би можела да биде заминувањето на белгискиот фудбалер, иако неговиот договор трае до крајот на тековната сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаЛДП: Капитулација пред БОГОВИТЕ НА БЕЗАКОНИЕТО: коалиционите партнери делат навреди и се снимаат дури возат, државата молчи!Безобразието, мизогинијата и отвореното дивјаштво на коалициониот партнер на власта, Петар Богојески, ја преминуваат секоја граница на нормалноста и влегуваат во зоната на директно загрозување на јавната безбедност и човечките права! Само неколку дена по скандалозните повици за „машки надзор“ и оправдување на насилството, истиот овој лик излегува со бесрамна лавина навреди, нарекувајќи ги жените и активистките кои протестираа против фемицидите „хистерични кучкарки“, „булумента“ и „багра“. И додека овој политички експонент слободно се расфрла со говор на омраза, тој во исто време со гордост објавува видео како управува со возило во сообраќајот, снимајќи се и свесно кршејќи ги законските прописи за безбедност на патиштата! Во Либерално-демократската партија (ЛДП) очекувавме експресна реакција на Владата, а добивме 24 часовен молк, односно премолчено одобрување. Гласно прашуваме со целиот народ: Каде се сега министерките во Владата да кажат збор за својот коалиционен партнер? Каде е министерката за образование и науката – зар овој институционален и морален дебакл не ја допира? Поважен ли комфорот на власта од страдањето на сограѓанките? Каде се министерот за одбрана и Воената академија да го суспендираат овој човек веднаш? Ова не е слобода на говор, ова е чист говор на омраза и директен чекор до насилство кое не смее да се промовира пред студентите, кадетите и идните војници! Каде е министерот за внатрешни работи и сообраќајната полиција веднаш да објават дека веќе го казниле за несовесно возење и снимање зад воланот? Како е можно за обичниот народ да функционира секој системот за контрола, да ги снимаат до Сејф сити, додека за коалиционите партнери на власта важат само привилегии, дрскост и целосно беззаконие? Дали власта чека нова жртва на фемицид или кобна сообраќајна несреќа предизвикана од ваква неодговорност за конечно да си го дисциплинира партнерот согласно законите? Ова секојдневно лудило длабоко го разгорува гневот кај граѓаните! ЛДП и народот бараат итна реакција од сите институции, санкционирање на сообраќајните прекршоци и јавно оградување од овие срамни испади – бидејќи молчењето на власта значи само едно: одобрување на насилството и беззаконието!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен е тетовец – нападна две деца во основно училиштеЖител на тетовското село Требош (51) бил приведен, откако влегол во основно училиште и физички нападнал двајца ученици, упатувајќи им и вербални закани.Како што информираат од МВР, инцидентот се случи вчера утрината околу 9 часот, за време на големиот одмор, кога 51-годишниот Б.Х. влегол во училишните простории и ги нападнал учениците.. Полициски службеници од полициското одделение Групчин го лишиле од слобода насилникот. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook