Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората? - Канал 5

Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората?

Ако се реализира предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците, во тој случај денешниот ден би бил работен бидејќи празникот 11 октомври се падна во недела – токму поради тоа денеска ги прашавме граѓаните што тие мислат за овој предлог.

Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората?

Најголемиот дел од граѓаните со кои денеска разговаравме, а кои го искористија слободниот ден за прошетка сметаат дека законот не треба да се менува – велат за нив неработниот ден е законски загарантирано право и тоа никој не смее и не треба да им го одзима.

– Стопанската комора имаше предлог ако празникот е недела понеделник да биде работен ден, како вие гледате на тоа, еве сега е таа ситуација? Па што знам да ви кажам, сепак треба одмор за овој народ, мислам дека треба одмор и секогаш кога се празници, ако се падне недела барем понеделник да биде слободен, малку со фамилијата да бидеме, сепак ние сме таква традиционална фамилија и сакаме да сме поблиску до фамилијата.

– Треба да остане неработен бидејќи значењето на празниците не е само уште еден неработен ден, туку е давање на почит, за самиот повод којшто е празникот. Така да сметам дека не треба да се гледао д призма на неработен или работен ден кога се има празник.

– Неработен како што си е и досега. (Да си остане вака?) Да. (значи не треба да се менува?) Не. (зошто сметате дека е подобро вака?) За повеќе неработни денови да имаме.

– Искрено мислам дека треба да си остане вака, доколку се промени ситуацијата со просечна плата и како што кажав работното време на работниците да си се скрати, како што е во европските земји, таква статистика треба да се земе предвид, тогаш мислам дека можат да се скратат и празниците, доколку си остане вака мислам дека треба вака да си остане.

И покрај тоа што многу граѓани бараат да нема промени, предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците ќе се најде на маса на некоја од наредните седници на социо-економскиот совет, потврдува за канал 5 Ангел Димитров, претседател на организацијата на работодавачи. Според него предлогот на Комората начелно е добар, но допрва ќе треба да се доработува.

– Очигледно е дека треба нешто да се промени таму, не станува збор само за кратење, туку станува збор за поедноставување на примената затоа што во овој момент зависи од вероисповеста – некои имаат повеќе прзници, некои помалку...Па да речеме имаме некои дејности кадешто недоаѓањето на едни луѓе на работа, смета на работењето на другите и можеби тука треба да се поедностави да постојат државни празници, да не се поделени на верски, и кои ќе важат за сите граѓани на Република Македонија, во кои ќе бидат вклучени и дел од овие верските празници моментално,- изјави Ангел Димитров, претседател на организација на работодавачи.

Стопанската комора на 5 октомври го презентираше предлогот за кратење на празниците – Ако државен празник е во недела, понеделник да биде работен ден, а вработените да можат да изберат кои два верски празници ќе ги користат како неработни денови. Идејата на комората е вкупниот број на празници во Македонија од 16 да се намали на 13, а со тоа велат дека ќе се зголеми продуктивноста на работниците.

Сепак, предлогот веднаш предизвика бурни реакции во јавноста – премиерот Мицкоски повика на почитување на стекнатите работнички права, додека за сојузот на синдикати на Македонија е недозволиво граѓаните да работат на празник без тоа да им биде дополнително платено. Предлогот на комората допрва ќе треба да биде испратен до Министерството за економија, а последниот збор за евентуално кратење на празниците ќе го имаат пратениците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер