3Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
ЖивотЗаборавиле едногодишно бебе заклучено во автомобил, самото успеало да се спаси (ВИДЕО)Едногодишно девојче е наречено „најпаметното дете досега“ откако успеала да ја отклучи вратата од автомобилот во кое што била заробена.Нејзината мајка Априана Луки го објавила видеото на TikTok, но и покрај тоа што девојчето успешно излегло од потенцијално опасната ситуација, некои следбеници на ТикТок не беа премногу воодушевени. „Баба ми случајно го заклучи моето бебе во автомобил“, напишала Априана под видеото на кое може да се види малата З'Нарија оставена сама во автомобилот. Благодарение на советите на нејзината снаодлива мајка, девојчето успеало да излезе од седиштето во автомобилот, сама да ја отклучи вратата и да излезе. Априана за Newsweek објаснила како се случил инцидентот додека одела на гробишта со нејзината баба. „Бидејќи не планиравме да останеме долго, ги оставив клучевите во бравата и излегов да го земам бебето“. Вратата беше заклучена, па ѝ реков на баба да ја отклучи вратата. Но наместо да ја отклучи, таа ги заклучи сите други врати, а ќерка ми остана внатре“, вели мајката која решила да го сними целиот инцидент. @apriannalukie4 ♬ original sound - Aprianna Lukie За само кратко време видеото стана вирално и собра околу две илјади коментари од тиктокери кои биле воодушевени од снаодливоста на ова мало девојче. „Бебињата родени во пандемијата навистина имаат супермоќи“, „Браво паметно девојче“, „Не ми се верува како слушаше сѐ што ѝ кажавте и успеа сама да излезе од заклучениот автомобил, супер“, се само дел од коментарите. Сепак, имало и такви кои забележале неколку работи во видеото кои баш и не им се допаднале. „Не ја врзале како што треба, детето така не се вози на седиште“, коментирал еден тиктокер, а со него се согласиле и другите луѓе, додавајќи дека девојчето е премало за седиштето на кое седела, но и дека била ставена во погрешна положба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправаОдделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, и покрај тоа што на 03.03.2026 и 09.07.2026 не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, изготвил и употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за деновите 03.03.2026, 04.03.2026 и 05.03.2026, како и за 09.07.2026, 10.07.2026 и 13.07.2026, по што ги искористил. Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес го погоди Нов ЗеландЕпицентарот на земјотресот бил на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ФудбалКасано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано повторно крена бура со своите изјави, а овојпат мета на неговите критики беше Жозе Мурињо. Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Рома остро зборуваше за португалскиот стручњак во интервју за шпанскиот весник „Ас“, доведувајќи ги во прашање неговите тренерски квалитети и начинот на кој ги води екипите. „Мурињо повеќе не би требало да води екипи. Имаше многу среќа, бидејќи ниту еден од неговите тимови не играше атрактивен фудбал. Неговите идеи за играта беа актуелни пред една деценија. Во кариерата не остави никакво фудбалско наследство, туку само скандали со сите“, изјави Касано. Италијанецот изрази изненаденост што Реал Мадрид своевремено го ангажираше португалскиот тренер и што претседателот Флорентино Перез му ја укажал својата доверба. Касано го пофали тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, нагласувајќи дека го смета за многу подобар стручњак од Мурињо. Според него, доколку двајцата си ги заменеле улогите, Реал под водство на Гасперини би можел да оствари убедлива победа, дури и со резултат 10:0. Поранешниот фудбалер исто така смета дека Реал треба да се угледа на Барселона и на тренерот Ханси Флик. „Во Реал треба да учат од Барселона и Флик. Тој изгради импресивен тим со силен карактер, во кој сите фудбалери учествуваат во нападите. Во Мадрид, пак, го прават токму спротивното“, изјави Касано. На удар се најде и Винисиус Жуниор. Италијанецот смета дека неговиот соиграч Родриго, кој моментално е повреден, е многу подобар фудбалер. Иако признава дека Бразилецот Винисиус е голгетер и поседува добри напаѓачки способности, Касано смета дека нему му недостасува класата на вистинска светска ѕвезда. Особено интересна беше неговата споредба на двајца познати фудбалери со име Роналдо. Касано, без двоумење, му ја даде предноста на Бразилецот Роналдо Назарио, познат како „Феноменот“. „Како централен напаѓач, немам видено подобар од Роналдо Назарио. Тој беше неверојатен феномен. Да не беа сериозните повреди, ќе достигнеше незамисливи височини. Тоа е вистинскиот Роналдо. Кристијано не може да се споредува со него и поседува само половина од класата на ’Феноменот‘“, истакна екс репрезенативецот на Италија и член на Реал, Антонио Касано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter