БалканЗа Србија изградбата на нафтовод до Унгарија или до Македонија засега е само можностЗа Србија најодржливо е сурова нафта да добива преку јадранскиот нафтовод ЈАНАФ, изградбата на нафтовод до Унгарија, што е прва опција, или до Албанија преку Македонија, што е втора опција, засега се само можности.За Србија најодржливо е сурова нафта да добива преку јадранскиот нафтовод ЈАНАФ, изградбата на нафтовод до Унгарија, што е прва опција, или до Албанија преку Македонија, што е втора опција, засега се само можности, изјави српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Михајловиќ изјави дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето, оценувајќи дека увозот на сурова нафта преку Јанаф е најпрофитабилната и најодржлива опција за Србија. -Имаме околу 20 отсто домашна нафта, а останатите 80 отсто ќе бидат неруска нафта. НИС има договор, нарачата руска нафта да поминува низ ЈАНАФ до 5 декември, а после тој датум ќе продолжи да увезува неруска нафта преку истиот нафтовод. Ова не е ништо ново за нас и бевме свесни за ова сценарио. Она што е важно е дека сигурно ќе имаме доволно количества сурова нафта, рече Михајловиќ, се наведува во соопштението од ресорното министерство. Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија е можност која Министерството за рударство и енергетика ја вклучила во својот инвестициски план, но дека треба да се направат анализи и да се види дали постои економска оправданост. -Најодржливо и најекономично за Србија е да добие сурова нафта преку ЈАНАФ, тоа е сепак најдобрата опција за нас, а изградбата на нафтовод до Унгарија, која е прва опција и би чинела меѓу 70 и 180 милиони евра, или до Албанија, преку Македонија, што претставува друга опција, засега се само можности. Но, потребно е да се направи физибилити студија за да се види дали и колку е економски исплатливо да се инвестира во вакви проекти. Се друго се идејни решенија, нема опиплива анализа, не се донесени никакви одлуки, тоа е само потенцијална можност да имаме различни рути за снабдување со нафта, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението. Претседателот Александар Вучиќ во саботното обраќање до јавноста кажа да Хрватска се покажала како недоверлив партнер за нафтоводот Јанаф, кој е единствениот нафтовод со кој Србија се снабдува со нафта, и ддека Белград донел решение за почеток на изградба на нафтовод кон Унгарија, а во план е изградба и на нафтовод со „пријателите од Отворен Балкан“. -Нашата идеја е да изградиме нафтовод и до Северна Македонија и пристаништето Драч во Албанија, за да ја премрежиме нашата земја со нафтовод. Ќе започнеме брзи разговари со нашите партнери од Отворен Балкан и регионот, рече Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook