Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ? - Канал 5

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија? 

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Кој е клучниот предуслов за продолжување на евроинтегративниот процес? Ваквото прашање се наметнаува откако преиеирот Мицкоски од Берлинскиот процес порача дека за деблокада на европскиот процес потребно е прво да се договори Акцискиот план за малцинства со Бугарија, па потоа да се разговара за уставните измени. За отворање на првиот кластер од преговорите неопходни се и двата чекори, смета Димитар Николовски од Центарот за европски стратегии. Според него дури и да се донесат уставните измени, Бугарија како единствената од сите 27 земји членки која не го поддржува ваквиот план повторно ќе може да ја блокира Макдонија на патот кон ЕУ.

„Двата процеси мора да одат паралелно или барем едниот процес т.е. Акцискиот план кој сметам дека би било полесно да се донесе затоа што не подлежи на политички консензус внатре во државата и тој би било полесно да се донесе прв, па потоа уставните измени. Меѓутоа доколку уствните измени се донесат без акцискиот план ние повторно ќе се соочиме вето за отворање на првиот кластер“

Најголемите забабелешки од бугарска страна за Акцискиот план за правата на малцинствата беа во однос на јазикот на кој им бил доставен на заедниците во Македонија, но и дека не предвидувал доволно заштита на бугарското малцинство во земјава, вели Николовски. Според него донесувањето на Акцискиот план, кој е подготвен во соработка со европски експерти, а за чие усвојување се чека зелено светло од Брисел, осносно согласност од соседна Бугарија, може да донесе и поголема предвидливост на пристапниот процес.

„Акцискиот план опфаќа неколку области како правото на здружување, недискриминација, заштита од говор на омрза, обраование каде што би се зајакнале правата на заедниците во нашата држава и би биле поконкретизирани, многу од нив веќе се спроведуваат како мерки, меѓутоа ова би било еден европски документ за заедниците. Од страна на бугарските здруженија во нашата држава беа приложени неколку критики кои беа генерално во насока дека недоволно имаат заштита, дека недоволно имало консултации додека се носел нацрт-планот и исто така имаат очекувања да има посебни мерки за посебни заедници, односно бугарската заедница да се третира на некаков посебен, специјален начин, а не сите заедници на општ начин како што се во овој момент во нацрт акцискиот план за малцинства“

Додека Мицкоски повикува на усогласување на Акцискиот план со Бугарија пред да се разговара за следните чекори во пристапниот процес, Брисел ја повторува пораката дека за придвижување на процесот останува само еден чекор – а тоа е промената на Уставот. Еврокемсарката Кос по средбата со мистерот Беким Сали во Брисел уверува дека откако ќе бидат усвоени уставните измени ќе следува продолжување на пристапниот процес без дополнителни политички одлуки. Ваквите пораки доаѓаат во пресрет на разгледувањето на Извештајот за напредокот на Македонија кој во среда ќе биде презентиран во Европската комисија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

Град Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед.

- Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит.

- Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер