Си-Ен Ен:14 руски шпионски сателити се преместија над американската воена база два дена пред нападите на Иран
2Си-Ен Ен:14 руски шпионски сателити се преместија над американската воена база два дена пред нападите на Иран
СветВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на МекаВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека. Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.Тагови: дрон Саудиска Арабија Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Од среда до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци .Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, стои во соопштението од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСи-Ен Ен:14 руски шпионски сателити се преместија над американската воена база два дена пред нападите на ИранЧетиринаесет руски шпионски сателити се преместија над американската воена база во Саудиска Арабија два дена пред катастрофалниот напад од страна на Иран анализира Си-Ен Ен . Временскиот распоред и секвенцата на вселенските летала им овозможија пристап до широк спектар на податоци кои, според американските претставници и меѓународните разузнавачки извори, му помогнале на Техеран да спроведе некои од своите најпрецизни напади над американсклите базиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВЛТ навива: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“По враќањето во елитното европско натпреварување, РК Вардар 1961 продолжува со големите предизвици во Лигата на шампионите.„Црвено-црните“ вечерва, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат францускиот Нант во натпревар од 2. коло. По петгодишната пауза од Лигата на шампионите, секој европски натпревар за Вардар носи посебна енергија. Кога се игра пред домашната публика, „Јане Сандански“ повторно станува место каде што ракометот, емоцијата и навивачката страст се спојуваат во едно. Нант е сериозен европски противник, но Вардар низ својата историја повеќепати покажал дека на домашен терен знае да одигра големи натпревари. Поддршката од трибините ќе биде важен дел од атмосферата во која „црвено-црните“ ќе го бараат патот до нов европски успех. Како партнер и силен поддржувач на клубот, Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат е со Вардар, со поддршка за тимот во новата европска сезона. Пред големиот ракометен дуел, Вардар подготвува вистински спектакл и за своите навивачи. Два часа пред почетокот на натпреварот, од 16:45 часот, на платото пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворена голема црвено-црна фан-зона за сите љубители на Вардар. Посебно место во фан-зоната ќе имаат двата трофеи од Лигата на шампионите, освоени од Вардар во 2017 и 2019 година. Пехарите ќе бидат изложени за навивачите, кои ќе имаат можност да се фотографираат со највредните трофеи во историјата на клубот. И тимот на ВЛТ ќе биде тука, заедно со вардаровите навивачи.Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook