Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаМицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатотоМојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото, туку со обезбедување иднина која им припаѓа на нашите деца.Почитувани присутни, уважени екселенции, Драги пријатели, браќа и сестри, На овој ден човек чувствува потреба внимателно да ги избере зборовите, затоа што зборува за луѓе кои своите зборови ги потврдувале со непосредни дела, а најчесто и со сопствениот живот. За луѓе кои прифатиле да изгубат сè што имале, уверени дека нивните деца заслужуваат да добијат нешто поголемо, повозвишено и подобро — слободна татковина. Затоа, на 23 октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас? Пред повеќе од еден век, во Солун, започна организираното револуционерно движење кое длабоко ќе ја одбележи македонската историја. Формирањето на ВМРО недвосмислено одбележа една неповторлива епоха и голгота кои се автентичен израз на македонската слободарска мисла и дејание. Неговите основачи немале држава зад себе, немале институции што ќе ги заштитат, ниту сигурност дека ќе го дочекаат исполнувањето на својата цел. Но имале вера, имале храброст, имале цел. Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за таа слобода да преземат лична одговорност. И кога некој од страна, а неретко и некој од сопствениот род, ќе сака да си поигра или да ја омаловажи улогата и големината на нашето револуционерно дело, да нè прикаже како вакви или такви, како мали и неважни, нека не заборава дека сè уште во нас живее пркосот на Узунов, посветеноста на Груев, мудроста на Татарчев, храброста на Питу, големината на Гоце. Тоа се луѓето од нашиот род пред чие дело и чии свети идеали се поклонуваме. Од таа нивна решеност израснаа генерации кои ја носеа македонската идеја низ прогони, затвори, востанија и војни. Татковината се создаваше низ лелеци и крици, низ постојана жртва, не низ аплаузи и подарени слободи. Во таа долга борба имало и болка, и разочарувања, и тешки поделби. Но опстојувала волјата еден ден да имаме свој дом, своја држава и право самите да одлучуваме за својата иднина. Денес ја имаме таа држава. И токму затоа нашата одговорност е толку голема. Да бидеме свои на своето е нашата најважна потреба, важна за нашето опстојување. Да бидеш свој на своето значи да стоиш со крената глава на земјата што ги памети твоите предци и да градиш иднина што ќе ги чува твоите деца. Тоа е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме. Свои на своето. Со корен во минатото и со верба во иднината. Драги пријатели, Многу е важно како ја градиме државата и во кој правец се движи. И многу е важно да бидеме високо свесни за тоа какви последици имаме од минатото и какви планини сакаме да поместиме. А верувајте, откако бев избран за претседател на Владата, сите говорат за желбите, за тоа каде би можеле да бидеме, но малкумина говорат за планините кои ги носиме и проблемите кои ги наследивме. И тие проблеми не дојдоа наеднаш, туку се наследувани и за жал многу малку решавани во минатото. Затоа што се немало искреност и чесен пристап. А многу често политичките елити, особено претходните, се забораваа и на кантар ги ставаа работите кои не само што не се продаваат, туку се дел од нашиот код и од она што сме. На овој ден особено јасно ја чувствуваме вредноста на македонското име, јазик, култура и историско паметење. Во нив се собрани животите на нашите предци, зборовите на нашите мајки и татковци, сето она по кое се препознаваме и што сакаме да им го пренесеме на нашите деца. Како претседател на Владата, имам обврска тоа достоинство да го застапувам мирно, јасно и доследно. Да разговараме со сите со почит и да бараме почит за нас. Да градиме пријателства и соработка, сигурни во тоа кои сме. Верувам во европската иднина и во вредноста на Европа во која различните народи се почитуваат меѓусебно. Нашето место таму треба да го градиме со реформи, со знаење, со силни институции и со зачувано национално достоинство. Нашите граѓани заслужуваат перспектива во која ќе можат да веруваат и пат по кој ќе чекорат исправено. Истата зрелост ни е потребна и дома. Воедно ја споделувам загриженоста на секое едно лице кое го гледам овде пред мене и секој ден низ местата кои ги посетувам. Но и измореноста на сите генерации од предолгото чекање во чекалницата на ЕУ. Го врвиме не само најтешкиот туку и најдолгиот пат кон ЕУ, обременет со многу откажувања, поместувања и неправедни удари. Големите го прават тоа што сакаат, а малите тоа што мораат. И ова не е флоскула од учебниците, туку извадок од реалната политика денес. Но иако многумина веќе се скептични и уморни од услови, критериуми, билатерални спорови, ќе мора да бидеме мудри. За малите народи, иднината е во мудроста и единството. Јас на политиката не гледам како на натпревар во мускули, туку повеќе како на партија шах. И големите се победуваат со мудрост. Со мудрост може да има иднина, кога веќе природната предодреденост, поставеноста и геополитиката не нудат сила. Затоа честопати ни велат: „Напушти ги преговорите!“ Лесно е да се каже, но така ја отфрламе единствената шанса да влеземе во клубот и да разговараме рамноправно на истата маса. А зошто е важно да влеземе во европскиот клуб и на таа маса да разговараме рамноправно? Затоа што низ примерите на соседите кои веќе влегоа во Унијата, а се таму години пред нас и ни создаваат пречки, гледаме колку е важно да бидеме таму. Нашиот источен сосед сè до нејзиниот влез немаше ниту една забелешка за добрососедските односи. Сè дотогаш не се интересираше за Бугарите, за кои таа тврди дека е многу важно да бидат дел од нашиот Устав, никој не знаеше за барем еден случај на обесправен самодеклариран Бугар во државава, иако денес лелекаат за неколку, ниту пак некој од нив велеше дека Гоце, Јане, Карев, Ѓорче се луѓето коишто денеска според нив се Бугари. И сè така до влезот во Европската Унија, кога влегоа во просторијата каде што не сме ние и од каде што сега ги користат сите механизми да нè закочат. Ете затоа е важно да бидеме и ние таму и таа наша борба за таа цел мора да биде исполнета со мудрост, знаење и единство. И ова не го кажувам за да ги посочам неправедните игри, туку поради потребата да бидеме трпеливи и да играме и дејствуваме на долги стази. И затоа, кога многумина ќе кажат: „Играте млако“, треба да знаат дека дејствуваме трпеливо и со мудрост. Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото, туку со обезбедување иднина која им припаѓа на нашите деца. Да учиме од грешките од минатото. И затоа седнавме на маса за дијалог, од која тие долго бегаа и велеа дека тоа е невозможно. Нема да паднам во замките на разните служби и на провокациите прикажани преку итроманските игри. На неразумните чекори одговарам со разум, на провокациите со принципи, на притисоците со отпорност и верба во она што сме и што претставуваме. Не треба секогаш на прва да се реагира и јас не трчам трка на 100 метри, туку маратон, и на тој маратон ќе победиме како многупати досега. Никогаш не се покајав за тоа што водам промакедонска политика и не постои цена на овој свет којашто може да ме поколеба и да ме отргне од таа траекторија којашто заедно со вас ја газиме и ќе продолжиме да ја газиме бидејќи таа е исправната траекторија. А оние кои се шнајдери на историјата, што мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење. И драги пријатели, знаејќи го сето ова, сакам оваа позиција на состојбите тука да ја опишам низ еден поширок контекст. Веќе Балканот не е единственото буре барут. Впрочем, Европа станува немирен вулкан. Сè помалку се слуша разумот, а секојдневно ги гледаме и протестите и насилството од разни облици присутни во Европа и кај нашите соседи. А на Балканот службите никогаш не престануваат да работат. И нема да ме зачуди доколку има и такви кои ќе се обидат да нè вмешаат во нивните проблеми или да префрлат дел од нивниот амбиент во нашето секојдневие. А што се однесува до домашни актери за таква игра, тоа е многу лесно. Има неколку од опозицијата, што за пари и лажни ветувања за фотелја чуда умеат да прават. И затоа е многу важно народот да е високо свесен, да не потпаѓа на разни провокации, да не се наметнуваат вештачки прашања или хиперболизирани етнички теми. На тој начин профитерите од таквите кризи нема да бидат меѓу народот, туку оние кои со децении живеат на грбот на народот. И затоа нема да дозволам никакви нечесни игри ниту авантури. И ако некој мисли дека може да си игра со државата, нека не го потценува народот. Ќе има тешкотии и ќе има одлуки за кои ќе се водат сериозни расправи. Нашата обврска е да објасниме, да сослушаме, да признаеме кога нешто треба да се поправи и да го поправиме. Држава се води со отворени очи за реалноста и со чувство за животот на луѓето. Драги пријатели, Сакам денес да зборувам искрено, како човек кому му е доверена честа да ја води Владата и кој знае дека зад секоја одлука стојат човечки животи, семејни планови и надежи. Знам дека има граѓани кои се уморни од ветувања. Знам дека има луѓе кои работат чесно, а на крајот од месецот повторно пресметуваат што можат да платат и што мора да одложат. Знам дека има родители кои се радуваат на успехот на своите деца, а во себе стравуваат дека тој успех ќе ги одведе далеку од дома. Пред тие луѓе секој носител на јавна функција мора да покаже скромност и почит. Нивната мака заслужува одговор, нивното време заслужува почитување, а нивната доверба мора да се оправдува секој ден. И кога ќе речат од опозицијата: „Што направивте за дваесет и седум, осум месеци откога сте влада?“ Тој период со огромни проблеми и планини коишто ни ги оставија, во услови на епски најголемата енергетска криза којашто човештвото ја памети не само во овој век туку и пошироко, градиме наеднаш шест нови автопатски делници, два гасоводи, еден далекувод. Пуштивме еден реновиран по европски стил студентски дом, наскоро ќе пуштиме уште еден, а осум нови училишни студентски домови допрва ќе се реновираат. Повеќе од 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура. Повеќе од половина милијарда евра алоцирани средства од централниот буџет за општините за повеќе од 1.200 проекти коишто денеска го подобруваат животот на нашите граѓани во општините и во средините каде што живеат и го исправаме она коешто го распродадовте така лесно насекаде во светот каде што полемичевте воодушевени и заљубени во дебелите црвени персиски килими и кожните фотељи. Го исправаме она коешто го распродадовте, а тоа е нашата заедничка Македонија. Најниска инфлација во Европа и регионот. Кога вчера во Црна Гора зборував на моите соговорници за економските постигнувања, некои од нив и самите ни приоѓаа и велеа одлични сте, тогаш за првпат се почувствував, еве веќе втора година и некој месец како што сум претседател на Владата, се почувствував горд и ви благодарам на сите вас и на сите мои соработници во Владата кои заедно придонесовме ова да го постигнеме. Колку ниско и да напаѓаат тие, ние ќе одговараме со работа и енергија. Одговорот е и во сплотеноста на народот и јасните цели. Реализациите на тие цели, барем за народот, никогаш не биле лесни и послани со рози. Напротив, тешки биле и макотрпни. Дали на патот до тие цели има предизвици и грешки? Да, има. Но тие грешки никако не смеат да бидат геостратешки и катастрофални. Како што Организацијата пред повеќе од еден век зацртала свои цели и идеали и се стремела кон нив, така и ние денес треба да се обединиме околу еден стожер наречен национални интереси и тоа да го спроведуваме без разлика на пречките кои ни се на патот. Слободата добива целосна смисла кога граѓанинот може слободно да зборува, чесно да заработува и спокојно да го планира животот. Кога законот важи еднакво за влијателниот и за обичниот човек. Кога партиската книшка ја губи моќта пред знаењето, трудот и способноста. Тоа е државата што сме должни да ја создаваме. И тука одговорноста започнува од нас што ја имаме довербата да управуваме. Функцијата е привремена, а последиците од нашите одлуки остануваат. Почитувани, Македонската државност е заедничка одговорност на сите нејзини граѓани. Често размислувам за тоа како ќе нè оценуваат генерациите по нас. Што ќе видат зад фотографиите од свеченостите и зад зборовите изговорени на празниците? Дали ќе препознаат луѓе кои имале храброст да решаваат проблеми, да се спротивстават на неправдата и да го стават општото добро пред личната удобност? Тој одговор го пишуваме сега, со секоја одлука. Нашите претходници ја преземале одговорноста во услови кога слободата изгледала далечна. Ние денес имаме држава, институции и можност да направиме многу повеќе. Од нас се очекува да ја искористиме таа можност чесно и разумно. Тоа би било најдлабокото признание за оние што ја започнаа борбата. Нивниот сон денес е во наши раце. Да го носиме со почит, да го продолжиме со работа и да им го предадеме на нашите деца како посилна, поправедна и подостоинствена држава. И кога вечерва ќе се вратиме дома, да ги погледнеме нашите деца. Во нивните очи е најважното прашање на кое сме должни да одговориме: каква земја ќе ни оставите? Нашиот одговор мора да се гледа во животот што го градиме. Во правдата што важи за секого. Во трудот од кој чесно се живее. Во шансата секое дете да стигне онолку далеку колку што му досега сонот — и да посака својот сон да го оствари овде дома, во својата татковина. Зашто слободата што ја наследивме носи одговорност. Некој пред нас верувал во оваа земја кога таа постоела само како сон. Некој го дал највредното што го имал за ние денес слободно да го изговориме она коешто денеска го говориме. Сега е нашиот ред да покажеме колку вреди таа жртва. Нашиот ред да изградиме држава во која човекот ќе има достоинство, младите ќе имаат надеж, а родителите ќе имаат спокој. Сакам еден ден нашите деца да можат да кажат: „Нашите родители веруваа. Останаа исправени кога беше тешко. И ни оставија земја во која вреди да се живее.“ Тоа ќе биде нашиот најголем успех. Тоа ќе биде нашиот одговор пред историјата. Затоа, да се исправиме пред одговорноста на нашето време! Со сета сила што ја имаме, со сета љубов што ја носиме, да ја направиме оваа земја достојна за соништата на нашите деца! Ова е нашиот дом. Ова е нашето време. Ова е нашата одговорност. Свои на своето — денес и за сите што доаѓаат по нас! Нека е вечен споменот на македонските револуционери. Нека ни е честит 23 Октомври — Денот на македонската револуционерна борба. Да живее Македонија!, рече премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „Свои на своето“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСубару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили Субару се збогува со боксер автомобилите во Европа. Од 2028 година ќе продаваат само електрични автомобили. Субару ќе ги повлече сите модели со мотори со внатрешно согорување од европската гама до крајот на 2027 година. Брендот, кој со децении се карактеризираше со боксер мотори и погон на сите тркала, треба да им понуди на европските клиенти исклучиво електрични автомобили од 2028 година. Одлуката ја потврди германското претставништво на Субару за списанието Auto Motor und Sport. Промената ги вклучува и бензинските и хибридните модели, па така Outback, Impreza, Crosstrek и Forester во нивните сегашни верзии постепено ќе исчезнат од понудата. Нивното место ќе го заземат електричните модели развиени во соработка со Тојота. Прв што ќе си замине е бензинскиот Outback Повлекувањето започнува со Outback, чија сегашна верзија со 2,5-литарски атмосферски боксер мотор од 169 КС треба да ја напушти европската понуда подоцна оваа година. Во 2027 година, Impreza, Crosstrek и Forester ќе следат со дволитарски e-Boxer хибриден погон со 136 КС. Ова ќе го остави Subaru во Европа без дизајнот на моторот што стана еден од неговите заштитени знаци. Сепак, ова не е глобално збогување со boxer: брендот продолжува да развива вакви погони за други пазари, меѓу другите во комбинација со целосен хибриден систем. Европските регулативи ги зголемуваат трошоците Како причини за промената, Subaru ги наведува европските ограничувања за просечните емисии на CO₂ и барањата за безбедносни системи и системи за помош на возачот. Прилагодувањето кон тие правила ја отежнува хомологацијата и продажбата за помалите марки на автомобили. За Subaru, кој продава релативно малку автомобили во Европа, инвестирањето во адаптирање на постојните бензински модели станува сè потешко да се оправда. Затоа тие ќе се фокусираат на електричната понуда. Три електрични модели ја преземаат понудата Според сегашниот план, европската понуда од 2028 година ќе се состои од Solterra, Uncharted и E-Outback. Сите три модели се технички поврзани со автомобилите на Тојота: Solterra со bZ4X, Uncharted со C-HR+ и E-Outback со bZ4X Touring. Subaru официјално го најави електричното трио во јули 2025 година, тогаш како проширување на гамата на постојните модели со боксер мотори. Особено го истакна подобрениот погон на сите четири тркала, подолгиот досег и побрзото полнење. Интересно е што името Outback ќе остане во Европа дури и откако бензинскиот модел ќе исчезне.Тагови: Субару Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу. Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани. Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија. Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата. Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено. Која е уапсената градоначалничка? Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација. Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште. По изборите, таа одби да поднесе оставка Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво. По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет. Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа. Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштолДенеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков. Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје. За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле. Осомничен е дека користел пиштол за стартување Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед. Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето. Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани. Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите. Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата. Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20