Вучиќ:Ќе изградиме нафтовод до Унгарија за 24 месеци,планираме нафтовод и гасовод до Македонија - Канал 5

Вучиќ:Ќе изградиме нафтовод до Унгарија за 24 месеци,планираме нафтовод и гасовод до Македонија

Нашата идеја е да изградиме нафтовод и до Македонија и пристаништето Драч во Албанија.

Вучиќ:Ќе изградиме нафтовод до Унгарија за 24 месеци,планираме нафтовод и гасовод до Македонија

Претседателот Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста, говорејќи за енергетската криза, најави дека Србија, меѓудругото, планира изградба и на нафтовод низ Македонија до пристаништето Драч, како и гасно поврзување со нашата држава, јави допсиникот на МИА од Белград.

Образложувајќи ја актуелната енергетска криза во светот, Вучиќ кажа дека по последните настани околу санкциите на ЕУ кон Русија, со кои Хрватска се покажала како непоуздан партнер за нафтоводот Јанаф, кој е единствениот нафтовод со кој Србија се снабдува со нафта, Белград донел решение за почеток на изградба на нафтовод кон Унгарија, а во план е изградба и на нафтовод со „пријателите од Отврен Балкан“.

-Мораме да почнеме да ги диверзифицираме изворите на нафта. Србија ќе започне со изградба на нафтовод до Унгарија. Во согласност со договорот што јас и Виктор Орбан веќе го постигнавме, ќе започнеме со изградба на нафтовод Нови Сад – Унгарија, до Алџа, во должина од 128 километри.Нафтоводот може да чини и до 100 милиони евра, рече српскиот претседател.

Според него ќе бидат потребни меѓу 18 и 24 месеци за да се изгради нафтоводот до Унгарија.

-Нашата идеја е да изградиме нафтовод и до Македонија и пристаништето Драч во Албанија, за да ја премережиме нашата земја со нафтовод. Ќе започнеме брзи разговари со нашите партнери од Отворениот Балкан и регионот рече Вучиќ.

Вучиќ говорејќи за гасното поврзување и диверзификацијата со изворите на гас, најави дека ќе се гради и гасно поврзување со Македонија, што, како што кажа, веќе е влезено во плановите на ЕУ за финансирање.

Како што кажа Вучиќ, Србија има резерви на нафта за 75 дена, на бензин 59 дена и полни капацитети на гасни резерви.

-Србија во овој период ќе се снабдува со нафта на различни начини, ќе купуваме ирачка нафта, која е за 20 отсто поскапа, а ќе ја носиме во нашата земја преку нафтоводот Јанаф.

Тој кажа и дека наредил се што произведуваат фабриките во Србија, 20 отсто мора да остане во Србија и за вооружените сили, како и дека ќе се вложат уште 12 милијарди во инфраструктурата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер