Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
ЖивотВселенскиот патријарх за прв пат со Божиќно послание на македонски јазикВселенскиот патријарх Вартоломеј за прв пат во историјата Божиќното послание го објави и на македонски јазик, со тоа што на православните Христијани во Македонија, христовото раѓање им го честита на мајчиниот јазик.-Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите, порачува меѓу другото Вартоломеј. Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство, нагласува вселенскиот патријарх Вартоломеј во овогодишното божиќно послание до православните христијани во светот, од кои некои Божик го празнуваат на 25 декември, додека оние кои се водат по Јулијанскиот календар на 7 јануари. Вселенскиот патријарх оваа година прв пат во историјата посланието го објави и на македонски јазик, со тоа што на православните христијани во Северна Македонија, Христовото раѓање им го честита на мајчиниот јазик. -Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите, порачува меѓу другото Вартоломеј. Тој нагласува дека овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. -Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата, нагласува Вартоломеј во посланието. Во продолжение следува интегрално божиќното послание на Вартоломеј на македонски јазик: + В А Р Т О Л О М Е Ј ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП КОНСТАНТИНОПОЛСКИ – НОВ РИМ И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА БЛАГОДАТ, МИЛОСТ И МИР ОД РОДЕНИОТ ВО ВИТЛЕЕМ СПАСИТЕЛ ХРИСТОС Сечесни браќа Архиереи, Возљубени чеда во Господа, Светата Црква денес го празнува Рождеството по плот на предвечниот Син и Слово Божјо, „страното и преславно“ таинство, „сокриено од вековите и родовите“ (Кол. 1, 26). Во Христа конечно се открива вистината за Бога и за човекот, како што најбогословски објаснува свети Кирил Александриски: „Ние сме луѓе по природа, а Он натприродно, од човекољубие слегувајќи, стана човек. Слуги Божји по природа сме ние како твари; слуга се направи и Он, натприродно приведувајќи се, кога стана човек. Но и обратно: Он е Бог по суштина – богови сме и ние, натприродно издигнувајќи се преку благодатта, зашто сме луѓе; Син по природа е Он, синови и ние според положбата, како повикани на братство со Него“ (Кирил Александриски, Книга на сокровишта за Светата и Единосуштна Троица, PG 75, 561). „Познајте ја вистината и вистината ќе ве ослободи“ (Јн. 8, 32). Господ наш Исус Христос е „патот и вистината и животот“ (Јн. 14, 6), Он е ослободителот на човекот „од ропството на врагот“. Не постои живот и слобода без Вистината или вон Вистината. Можноста да му дадеме на својот живот онакво значение какво што посакуваме не е слобода, туку современа верзија на прародителскиот грев, самозатворање на човекот во една самодоволна и самобендисана самостојност, без осет за слободата како врска со Бога и со сочовекот. Рождеството Христово е време за самопознание, разбирање на разликата помеѓу „Богочовекот“ и „човекобогот“, свесност за спасителното христијанско учење: „Не Го нарекуваме обожен човек, туку Бог вочовечен“ (Јован Дамаскин, Точно излагање на православната вера, PG 94, 988). Благовесното соопштение на Рождеството Христово годинава созвучи со барабаните на војната и ѕвечењето на оружјата во Украина, која ги трпи страшните последици од една дрска и неправедна инвазија. За нас Христијаните, сите војни се братоубиствени и меѓуплеменски, како што објави Светиот и велик собор на Православната црква: „последица на злото и гревот во светот“ (Мисијата на Православната црква во современиот свет, IV, 1). Во случајот на Украина уште важат зборовите на свети Григориј Палама за нему современите крвави судири помеѓу православните во Солун: „Сите ја стекнавме како заедничка мајка свештената Црква и Православието, чиј началник и совршител е Христос, Божјиот вистински Син, Кој вам не ви е само Бог, туку и брат благоизволи да ви биде и Отец“ (Григориј Палама, За меѓусебниот мир, PG 151, 10). Во лицето на Христа се изврши „возглавувањето“ на сите, објавувањето на единството на родот човечки и свештеноста на човековата личност, отворањето на патот кон „по подобие“ и се откри мирот „што го надминува секој ум“ (Фил. 4, 7). Христос е „вашиот мир“ (Еф. 2, 14) и Нему Му е посветен историскиот и знаменит свет храм „Свет Мир“ [Агиа Ирини] во Градот на Константин. Нашиот Спасител ги нарекува блажени „миротворците“, зашто „синови Божји ќе се наречат“ (Мт. 5, 9), ја претставува идејата за праведност и љубов дури и кон непријателите. Православната црква на Божествената Литургија се моли „за мир одозгора“ и „за мир на целиот свет“. „Твојот мир и Твојата љубов дарувај ни ги, Господи Боже наш, зашто ни даде сè“, се молиме, славејќи Го Дарителот на сите добра, во текот на Литургијата на Великиот Василиј. Ние, кои од Бога добивме сè, сме должни, како такви на кои им е извршено врвно добротворство, да се бориме за мирот повеќе отколку останатите луѓе, според библиското: „Кому му е дадено многу, многу и ќе се бара од него“ (Лк. 12, 48). Во оваа смисла, сè што од страна на Христијаните се извршува спротивно на ова начело, не е на товар на Христијанството, туку на оние кои дејствуваат кон престапување на Божествените заповеди. Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство. Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите. Овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата. Преосвештени и Богољубиви браќа и возљубени чеда, Христос се раѓа – прославете Го, Христос од Небесата – сретнете Го, Христос на Земјата – возвишете се! Следејќи го поттикот на светиот претходник на Нашето Смирение на Престолот на Константинополската црква, Григориј Богослов, да го празнуваме роденденот на Спасителот на светот во духовна веселба, „не световно, туку надсветовно“, бегајќи од „сè што е излишно и повеќе од потребно; давајќи им на гладните и на другите што молат, кои се од истата глина и смеса [со нас]“ (Григориј Богослов, На Богојавление, односно Рождеството на Спасителот, PG 36, 316). Ви посакуваме на сите вас да имате умилително и славословно свето Дванаесетдневие, кое е вистинско исполнение на времето и зрак од светлината на вечноста. Нека претстојната 2023 година се покаже, по благоволението и благодатта на воплотениот за нас и за нашето спасение Бог Слово, период на мир, љубов и солидарност, вистинска година на благоста Господова. На многу и благословени години! Рождество Христово 2022 † Константинополскиот огнен молитвеник кон Бога за сите вас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРасел Бренд се соочува со нови тужби- загрозено му е богатството од 17 милиони евра Расел Бренд (51) вчера беше прогласен за виновен по едно обвинение за силување и три обвиненија за сексуален напад во Краунскиот суд Саутерк во Лондон . Казната сè уште не е објавена и ќе биде одредена за неколку дена, додека актерот моментално е во притвор. Покрај повеќегодишната затворска казна, тој се соочува со сериозни финансиски последици. Според извештаите на медиумите, вклучувајќи го и „Гардијан“, други жртви би можеле да го тужат Бренд за отштета. Неговото богатство се проценува на околу 17 милиони евра, но оваа сума не е официјално потврдена и би можела значително да се намали поради можни граѓански тужби, пишува „Промифлеш“. Се очекуваат и бројни барања за отштета Една жена веќе бара до 120.000 евра во Високиот суд во Лондон, а против него е поднесена уште една тужба во САД. Се очекува дека и други жени би можеле да поднесат слични барања. Обвинителот во Лондон го обвинува Расел дека сексуално ја нападнал во 2008 година во неговата вила во Лос Анџелес. Судските документи, што ги виде „Гардијан“, наведуваат дека тој насилно ја соблекол нејзината облека и долна облека и ја турнал на креветот. Потоа, наводно против нејзина волја, тој се обидел да изврши орален секс врз неа. Жената рекла дека успеала да избега и подоцна ѝ е дијагностицирано посттрауматско стресно растројство (ПТСН). Таа ја поднела тужбата во 2025 година, а Расел оттогаш ја нарекол „фундаментално нечесна“. Постапката по таа тужба била прекината за време на тековното судење бидејќи наводниот инцидент се случил надвор од надлежноста на англиските кривични судови. Оваа жена не била една од четирите обвинители во кривичната постапка. Сомнителни приходи и нови истраги Не е познато колку пари Расел Бренд моментално поседува или колку од неговите средства му се достапни. Тој остварил приход од комедија, телевизија, радио, холивудски филмови, книги и онлајн формати. Откако бил демонетизиран на YouTube во септември 2023 година, Дејли Меил проценил дека заработувал околу 1 милион евра годишно на таа платформа. Во меѓувреме, Метрополитенската полиција сè уште истражува уште две обвинувања за силување. Документацијата за тие случаи веќе е предадена на Канцеларијата на британскиот државен обвинител.Тагови: Расел Бренд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00