Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на „Блек Фрајдеј“

Kоалицијата на организации на вработени која опфаќа 30 земји планира на „Блек Фрајдеј“ да протестира против онлајн трговецот на мало Амазон.

Иницијативата „Направи Амазон да плати“ бара компанијата да исплаќа фер плати и ќе одржува штрајкови низ целиот свет.

Минатата недела Амазон објави намалување на работните места, почнувајќи од поделбата на уреди и услуги, а како причина ја наведе тешката економска ситѕуација.

Компанијата пријави 798.000 вработени на крајот на 2019 година, но имаше 1,6 милиони вработени со полно и со скратено работно време на 31 декември 2021 година, што е зголемување од 102 отсто. /MИА

Бракот им траел само 24 дена- се развеле поради натпревар на СП во Катар

Пензионираниот бразилски фудбалер Адријано (40) се разведе по 24 дена брак со фризерката Микаела Мескито (25), објави Екстра Глобо.

Тие неколку дена објавуваа заеднички фотографии на Инстаграм, а во текот на еден викенд во октомври планираа забава за пријателите и семејството.

Сепак, според информациите на бразилските медиуми, Адријано и Мескита се скарале откако поранешниот репрезентативец отишол да ги посети пријателите во Пења, во јужниот дел на Бразил, за да го гледа натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија на Светското првенство во Катар. . По два дена се вратил дома, настанала расправија и престанале да се следат на социјалните мрежи.

Инаку, Адријано пристигна во Интер во 2001 година, а во следните пет години напредуваше до статусот на еден од најдобрите напаѓачи во италијанската лига. Но, следеше пад на формата, повреди и лични проблеми. Тој признал дека станал зависен од алкохол, во кој нашол утеха откако татко му починал. Тој официјално ја завршил кариерата во 2016 година.

Археолозите откриле што јаделе старите Римјани додека ги гледале гладијаторските борби

Според откритието на археолозите, како што јави Би-би-си, гледачите во античкиот римски амфитеатар Колосеум веројатно уживале во грицки направени од овошје, јаткасти плодови и маслинки.

На локалитетот се ископани бројни остатоци од храна, меѓу кои и остатоци од смокви, грозје, цреши, капини, ореви и друго. До овие откритија археолозите дошле додека ја истражувале канализацијата на оваа градба стара 2.000 години, а пронашле и коски од мечки и големи мачки, кои најверојатно биле користени за борби во арената.

Студијата започнала во јануари 2021 година и вклучувала чистење на околу 70 метри одводи и канализација под Колосеумот, кој останува еден од најпосетуваните знаменитости во Италија.

„Наоди како овие даваат слика на „искуствата и навиките на оние кои дошле на ова место за време на долгите денови на игри и прослави“, изјави за Би-Би-Си Алфонсина Русо, директор на Археолошкиот парк Колосеум.

Специјалисти архитекти и археолози користеле роботи водени со жица за да се движат низ сложениот систем за одводнување на арената, помагајќи им да го разберат секојдневниот живот во Рим, како и древните хидраулични структури.

Колосеумот бил најголемиот амфитеатар во Римската империја и престанал да се користи околу 523 година. Бил познат по одржувањето гладијаторски борби и други јавни свечености, кои можеле да ги следат до 50.000 гледачи.

Пресврт на кинескиот пазар: Фолксваген веќе не е најпродаван бренд

Кинескиот BYD го престигна Volkswagen во рангирањето на најпродаваните брендови.

Според податоците на CMB (China Merchants Bank International), домашниот автомобилски гигант во ноември на кинескиот пазар продал дури 152.863 возила, што е неверојатни 83 отсто зголемување во споредба со истиот месец лани. Во исто време, Volkswagen продаде 143.602 возила, што е пад од 0,3 отсто и падна на второто место во рангирањето на најпопуларните. Ако на резултатот на Фолксваген се додадат 36.847 продадени Ауди, Фолксваген би ја задржал водечката позиција.

Иако недостасуваат податоци за последните неколку денови од ноември за конечната месечна позиција, речиси е сигурно дека BYD за прв пат во историјата ќе биде најпродаваната марка на автомобили на кинескиот пазар. Успехот е уште поголем бидејќи BYD нуди само електрични автомобили и plug-in хибриди.

А кога сме кај електричните автомобили, вреди да се спомене успехот на Tesla, кој ја удвои продажбата во Кина, пред сѐ благодарение на намалувањето на цените. Да напоменеме и дека BYD планира посилен ангажман во Европа, каде што ќе понуди многу конкурентни модели. Палетата наскоро би требало да вклучи дури пет модели.

притисни ентер