Волво бесплатно ќе закрпува гуми и ќе поправа оштетени ветробрански стакла - Канал 5

Волво бесплатно ќе закрпува гуми и ќе поправа оштетени ветробрански стакла

Сопствениците на возила од шведскиот автомобилски бренд кои ќе имаат проблеми со ветробранското стакла или гумите можат да сметаат на бесплатна поправка на истите.

Волво бесплатно ќе закрпува гуми и ќе поправа оштетени ветробрански стакла

Вово во Велика Британија воведува нова програма насочена кон подобрување на безбедноста на локалните патишта.

Стар или нов, добро одржуван или не, секој Волво автомобил регистрирано во Велика Британија што има мали оштетувања на ветробранското стакло или гумите ќе се поправа во овластен сервисен центар на сметка на компанијата.

„Првата бесплатна услуга за поправка во индустријата е дизајнирана да им овозможи на сопствениците на возилата на нашиот бренд да се вратат на патиштата што е можно поскоро“, велат од Волво.

Бесплатната програма за поправка се однесува на дупнати гуми или помали пукнатини на ветробранското стакло што може да се поправат без да се замени стаклото. Во случај на посериозни проблеми кои бараат замена на гуми или ветробранско стакло, услугата ќе се наплаќа.

„Покрај отстранувањето на помали оштетувања, новата услуга ќе помогне да се одржат автомобилите во подобра состојба и на тој начин да се подобри нивната безбедност. Ги цениме возачите на Волво без разлика колку години го возат автомобилот од нашата марка. Затоа сакаме тие секогаш да бидат безбедни и мобилни. “, изјави Кристијан Елвефорс, извршен директор на Волво во Обединетото Кралство.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Утринава од 10 часот, низ сите скопски општини  се одржува  голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Во среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Состојки за денешниот рецепт:

(мерките се со шолји за млеко)

2 шолји брашно

1 шолја шеќер

1 шолја вода

половина шолја масло

4 големи лажици мармалад од сливи

една рака сецкани ореви

1 лажиче сода бикарбона

1 лажиче цимет

1 ќесичка ванилин шеќер

шеќер во прав по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Поранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал.

Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него.

Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија.

Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати.

Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс.

Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата.

Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер