3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водата
1Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
ТехнологијаВо земјината орбита лансиран сателит за мониторинг на загадувањето во Европа Од космодромот „Кејп Канаверал“ вчера во земјината орбита успешно беше лансиран европскиот сателит „Коперник Сентинел-4“, кој ќе има задача да ги следи квалитетот на воздухот и загадувањето во Европа, соопшти денеска Европската комисија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова е првата мисија на програмата „Коперник“ во земјината орбита посветена на следење на атмосферските услови над Европа, со што значително се зголемуваат можностите на ЕУ за мониторинг на состојбите со загадувањето. „Сентинел-4“ е опремен со напреден УВН спектрометар за прецизно мерење на критичните атмосферски загадувачи, како што се озонот, азот диоксидот, формалдехидот (метаналот), сулфур диоксидот и аеросолите. Откако ќе стане оперативна, мисијата ќе обезбедува витални податоци на секој час за составот на атмосферата. Овие информации ќе и овозможат на Службата за мониторинг на атмосферата на „Коперник“ да нуди увид на состојбите во реално време, поддржувајќи ги напорите за ублажување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот низ цела Европа. Како што посочува ЕК, мисијата директно придонесува кон политиките на ЕУ за животната средина, вклучувајќи ја Директивата за квалитет на амбиенталниот воздух и Акцискиот план за нула загадување.Тагови: сателит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
МакедонијаЦаринската управа започнува зајакнати контроли на пловни објекти на Охридското езероЦаринската управа започнува зајакнати контроли на пловни објекти на Охридското езеро - апел до сопствениците да го регулираат царинскиот статус на пловилата.Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро. Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на пловила за кои не е спроведена соодветна царинска постапка, истата да ја регулираат во најкус можен рок. Сите пловни објекти кои при контролата ќе бидат затекнати со нерегулиран царински статус ќе бидат предмет на соодветна законска постапка, при што ќе бидат преземени мерки за утврдување на обврските и привремено задржување на пловилата, до нивно целосно исполнување согласно законските овластувања. Предмет на контрола ќе бидат и пловните објекти на нерезидентите чија употреба е регулирана со дозвола за привремен увоз, по што мора да го напуштат царинското подрачје или за нив да биде спроведена соодветна царинска постапка. Воедно ќе се контролира и исполнетоста на условите за управување со пловилата, односно дали тие се управувани исклучиво од лица кои имаат законско право на тоа. Царинската управа продолжува со спроведување редовни контролни активности со цел обезбедување доследна примена на прописите за привремен престој и користење на странски пловни средства. Ги повикуваме граѓаните и странските државјани да постапуваат согласно важечките царински регулативи и навремено да го усогласат статусот на своите пловни објекти.Тагови: охрид царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден: Се реновира Домот на култура во н.м КадиноОпштина Илинден продолжува со реновирање и санација на Домовите на култура, при што во тек се градежни активности во Домот на култура во населеното место Кадино.Општина Илинден продолжува со реновирање и санација на Домовите на култура, при што во тек се градежни активности во Домот на култура во населеното место Кадино, со цел значително да се подобрат условите за одржување на културни, општествени и јавни настани. Во рамки на проектот се изведуваат повеќе градежно-занаетчиски активности, меѓу кои поставување на нови вертикални олуци и чистење на постоечките хоризонтални олуци, поставување на нов пластифициран лим за изработка на симс, реконструкција на фасадата и молерисување на внатрешните простории на објектот. Поставување нови ПВЦ врати и прозорци, изработка на нова ограда, поставување плочки на надворешните скали, како и санација на електричната инсталација во објектот. При увидот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реализацијата на овие активности, Домот на култура ќе добие современ и функционален изглед, подобрена енергетска ефикасност, повисоко ниво на безбедност и поквалитетни услови за користење од страна на граѓаните. Општина Илинден и понатаму инвестира во обновата и модернизацијата на јавните објекти, со цел создавање поквалитетни услови за културниот и општествениот живот во сите населени места. Општина ИлинденКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водатаФилипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водата и да не собира политички поени врз грбот на граѓаните во ГостиварСООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче со компромитираните кадри околу него, нема кредибилитет да бара одговорност за Гостивар. Венко Филипче собира дневнополитички поени врз грбот на граѓаните на Гостивар, ширејќи шпекулации. Венко Филипче даваше огромна поддршка и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани, градоначалник на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата. Дали Венко Филипче го поддржува тој став на Лимани кој без срам и образ вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија? Со ликови со криминално минато и богато полициско досие, како Зоран Трифуновски, СДС нема кредибилитет да морализира за скандалот во Гостивар. Сомнителни ликови со криминално минато, како организацискиот секретар Зоран Трифуновски, се во првите редови во СДС. Особено е несфатливо што Венко Филипче држи лекции за функционирањето на здравствениот систем, имајќи предвид дека како министер за здравство имаше бројни скандали кога десетици илјади луѓе умираа од корона, а тој мислеше само на провизиите од вакцини. Додека надлежните институции постапуваат, вршат контроли и ја утврдуваат фактичката состојба, Филипче однапред носи пресуди, пласира сценарија за нови епидемии и се обидува да создаде паника кај граѓаните. Наместо политички конструкции и обиди за манипулација, институциите треба да се остават професионално да ја завршат својата работа. Сите наоди и резултати ќе бидат соопштени транспарентно, врз основа на факти и стручни анализи, а не врз основа на политички квалификации. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички маркетинг на СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53