Во Зајас погребани посмртни останки на албански жртви од 1913 до Втората светска војна

Посмртни останки на албански жртви од масакри од 1913 година па сè до Втората светска војна кои беа пронајдени во гробници денеска беа погребани во Зајас, Кичево.

Организацискиот Совет за откривање на злосторствата врз Албанци организира пренесување посмртни останки на жртви на геноцидот врз Албанци и Меморијалниот центар „Мајка Тереза“ во Зајас.

По барање на Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз Албанците во минатиот век, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства врз Албанците, одржа говор пред присутните при што побара солидарност од Македонцит бидеќи, наведе, и врз нив имало злосторства. Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во Парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој бидеќи нема да бараме надомест бидејќи нивните животи неможат со ништо да се надоместат, рече меѓудругото Ахмети.

Краток говор одржа и вицепремиерот Хазби Лика кој истакна дека со почитувањето на овие жртви се порачува да не се повторат вакви злосторства.

Обраќање имаше и министерот за дијаспора во Владата на Албанија Пандели Мајко кој истакна дека „овие луѓе се убивани зато што едноставно зборуваа албански“ и се заблагодари на македонската власт што овозможи да се одбележи овој настан.

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари истакна дека како како општина ја поддржале иницијативата од самиот почеток бидејќи, наведе, тие луѓе го заслужуваат ова почитување. Обраќања имаа и градоначалникот на Србица, Р. Косово Беким Јашари како и поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

На настанот во Меморјалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас кај Кичево присуствуваа членови на владиниот кабинет од редовите на ДУИ како и пратеници од ова партија и други граѓани.

Пред извесно време во Зајас и во други места во Кичево беа откриени гробници на жртви од масакри врз Албанци од 1913 година до Втората светска војна./MИА

Џастин и Хејли Бибер објавија среќна вест, ќе станат родители

Џет сет двојката Џастин и Хејли Бибер објави среќна вест, дека наскоро ќе станат родители.

Светсксата музичка ѕвезда Џастин Бибер и неговата сопруга манекенката Хејли на Инстаграм објавија дека чекаат дете.

Парот објави неколку заеднички фотографии, кои најверојатно се направени на обновување на заветите, а на кои се гледа трудничкиот стомак на убавата Хејли.

Хели и Џастин се во брак шест години и ова ќе биде нивното прво дете.

Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци

Околу 104.000 пакувања леб се повлечени од продажба во Јапонија, откако во две пакувања се пронајдени делови од стаорци, соопшти производителот на леб „Паско Шикишима“.

Компанијата потврди дека е покрената истрага откако во две пакувања леб биле пронајдени делови од телото на стаорци, пишува Јапан Тајмс.

„Сакаме длабоко да се извиниме што предизвикавме непријатности на нашите муштерии и клиенти“, се вели во соопштението на компанијата.

Се додава дека производството ќе биде прекинато до крајот на истрагата.

Земјата од вечерва ќе биде погодена од геомагнетна бура предизвикана од ерупции на Сонцето

Земјата денеска и во наредните денови ќе биде погодена од силна геомагнетна бура предизвикана од ерупции на површината на Сонцето што се случија претходните денови, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, пренесува порталот watcher.news.

Ова е прва геомагнетна бура Г4 од 2005 година, а се очекува да почне вечер и да трае до 13 мај.

притисни ентер