АвтомобилизамВо што ќе се вози Трамп: Вистинска тврдина на тркала„Cadillac One“, познат по прекарот „The Beast“ (Ѕверот), е специјално изграден за потребите на американскиот претседател.За време на инаугурацијата на Доналд Трамп за 47. претседател на САД, забележана е една од неговите најверни „придружници“ - претседателската лимузина. „Cadillac One“, наречен „The Beast“, е специјално изработен автомобил и е исклучително безбедна тврдина на тркала која гордо го носи знакот на „Cadillac“. Се разбира, производителот „General Motors“ вешто ги крие сите детали на ова оклопно возило. Истото важи и за Претседателската тајна служба, која опремата на лимузината ја чува во строга тајна за потенцијалните напаѓачи да не ги дознаат сите детали за ова специјално возило, пренесува „Tportal“. Долга традиција Американските претседатели користат возила „Cadillac“ повеќе од еден век. Уште во 1919 година, претседателот Вудро Вилсон се возел во лимузина „Cadillac“ од серијата 53 од 1916 година за време на парадата во Бостон за да го одбележи крајот на Првата светска војна. Автомобили од други производители, исто така, служеле претседатели; Првиот претседател кој се возел во автомобил бил Вилијам Мекинли, кој наводно користел парна кола од компанијата „Stanley Motor Carriage Company“ на 13 јули 1901 година. Два „Cadillac“ кабриолети - кралицата Мери и кралицата Елизабета, именувани по големите океански бродови - им служеа на претседателите Рузвелт, Труман и Ајзенхауер. Првпат користени во 1938 година, овие автомобили долги 6.553 mm и тешки 3.474 kg беа опремени со арсенал оружје и муниција, двонасочни радија и тешки генератори. „The Beast“ Возилата „Cadillac“ ги користеа и претседателите Реган (Fleetwood) и Клинтон (Fleetwood Brougham). Терминот „The Beast“, првпат беше употребен во 2001 година за лимузината на претседателот Џорџ В. Буш. За разлика од претходните модели, ова возило е направено по нарачка, дизајнирано и конструирано од тимот за истражување и развој на „General Motors“. „GM“ го дизајнираше возилото според строгите стандарди на американската тајна служба, додека ги задржа карактеристичните дизајнерски линии на „Cadillac DeVille“. „Cadillac One“ Редизајнираната верзија на „The Beast“, со кодно име „Cadillac One“, со детали за дизајн инспирирани од „Cadillac DTS“, дебитираше во 2009 година за претседателот Обама. Сегашната верзија, која позајмува елементи од „Cadillac CT6“ и „Cadillac Escalade“, првпат беше користена во 2018 година за време на посетата на претседателот Трамп на Њујорк. Овој модел од следната генерација, инспириран од „Cadillac Lyriq“, зема дизајнерски знаци од целосно новиот кросовер на „Cadillac„, вклучувајќи тесни светлосни знаци на предниот дел на возилото. Треба да се напомене дека претседателскиот седан „Cadillac One“ е базиран на платформата за пикап на „GM“. Тони оклоп го штитат возилото и претседателот, а вкупната тежина на Ѕверот е помеѓу 6.800 и 9.000 кг. Наводните карактеристики вклучуваат оклопни врати, прозори отпорни на куршуми, гуми зајакнати со кевлар со голем дијаметар, систем за сузбивање пожар, камера за ноќно гледање, фрлач на солзавец, затворена кабина со филтрација на воздух и противмерки за противракетна одбрана. Во најлошото сценарио, внатре во кабината има снабдување со крв од крвната група на претседателот за итна медицинска помош. Високо шифрираната комуникациска опрема гарантира дека претседателот никогаш не е недостапен. Се верува дека возилото поседува многу други тајни способности. Инаку, претседателската придружба вклучува две лимузини „The Beast“, од кои и двете изгледаат како да го превезуваат претседателот на САД. Ова е дополнително одвраќање бидејќи потенцијалните напаѓачи не би знаеле во кое возило всушност се наоѓа претседателот. Проценките сугерираат дека производството на „The Beast“ чинело околу 1,5 милиони долари. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени се 17 возачи, 12 од нив возеле без дозвола Лишени од слобода 17 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ. Од нив, 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(31) од тетовско, 17- годишник и 16- годишник од Скопје, С.Ј. (35) од Виница, Д.Г.(29) од Скопје, Б.Ј.(33) од скопско, Б.И.(19) од скопско, К.Ј.(24) од Скопје, 17-годишник од кочанско, M.Ш. (44) од Скопје, М.М.(21) од Тетово и 16-годишна малолетничка од Виница. Исто така лишени се од слобода и Б.Б. (50) од струшко, Р.Д.(51) од Прилеп, Р.Ј. (56) од тетовско и А.Н. (39) од Прилеп, бидејќи возеле под дејство на алкохол. Од слобода е лишен и П.Р. (27) од Гостивар, затоа што управувал возило во спротивен правец на еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф и Кушнер, по Путин се сретнаа и со Зеленски Со воз преку Полска од Москава во Киев пристигнаа претставниците на Трамп испратени да посредуваат за крај на војната меѓу Русија и Украина. Откако на Централната железничка станица во Киев беа пречекани од високите претставници на Зеленски потоа и тој лично ги пречека специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија. Оваа посета беше овозможена со договорот меѓу Русија и Украина за 72 часа целосен прекин на нападите и воените дејствија за да може безбендо да пристигни делегацијата испратена од американскиот претседател Трамп. Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Пристигнувањето на специјалните претсавници на Трамп доаѓа по исклучително значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва. Детали од средбата и планот за прекин на 4 годишната војна не се објавуваат никаде а на самиот почеток на средбата Путин изрази благодарност до Трамп за неговите заложби за прекин на војаната. Специјалниот претставник Стив Виткоф се заблагодари за приемот и за овозможувањето на прекин на воените дејства. Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСПЦ ја исправи грешката околу именувањето на МПЦ-ОАОткако на својот сајт во информација за мегународна конференција СПЦ го употреби името ПОА-МПЦ за нашата црква, грешката во меѓувреме е исправена, потврдија од синодот на МПЦ-ОА.Српската Православна Црква го коригираше спорното именување на Македонската православна црква на нивната официјална интернет-страница. Од МПЦ-ОА за Канал 5 велат дека стапиле во контакт со СПЦ и побарале, како што велат, очигледната грешка да биде исправена. Во првичната објава за меѓународна конференција во манастирот Манасија, епископот Климент беше претставен како секретар на Синодот на „Православната Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“.Спорно беше што со првичната формулација се добиваше кратенката ПОА-МПЦ. ПОА беше паралелната црковна структура под јурисдикција на СПЦ, која во 2023 година беше интегрирана во МПЦ-ОА. Дополнително, самата СПЦ во Томосот од 2022 година го употреби официјалното име на македонската црква. Дилеми предизвика и неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Српската православна црква е „иста и во Скопје“. Од МПЦ-ОА тогаш реагираа дека својата духовна и пастирска мисија ја остваруваат на сопствената канонска територија. Црковните аналитичари потсетуваат и на низа претходни случаи на поинакво именување – од формулацијата „Охридска архиепископија – Македонска православна црква“, до ословувањето на архиепископот Стефан како „архиепископ на Македонија“ или само како „Охридски архиепископ“. Аналитичарот Бранко Ѓорѓевски смета дека низата различни именувања тешко може да се сведе само на случајни грешки, додека според Цане Мојаноски повторувањето на ваквите примери може да укажува дека во СПЦ се уште има поединци незадоволни од одлуката од 2022 година. „Секоја случајност во комуникациите е значи и одредена порака која треба да ја восприеми оној кому му е упатена. Зачестените грешки повеќе или помалку упатуваат дека во структурата на Српската православна црква постојат незадоволни, така да кажам, елементи, кои на еден или друг начин го изразуваат ставот спротивен на одлуката на Соборот на Српската православна црква од 2022 година.“ „Вакви пораки, слични на онаа која неодамна ја испрати и српскиот претседател Вучиќ, сигурно дека ќе има и во иднина, но нашата црква мора да има јасен страв околу тоа и не смее да дозволи вакви игри со именувањето. Мислам дека се работи за една смислена стратегија со која нашата црква од време на време се потсетува на тоа дека СПЦ нè признала под уставното име и дека тоа не треба да се заборава во нашите релации, посебно со Вселенската патријаршија, врзана за добивањето на конечниот Томос за автокефалност.“ Ѓорѓевски потсетува дека со Томосот од 2022 година СПЦ ја призна автокефалноста на македонската црква, но за официјалното име препорача дијалог со останатите православни цркви. Затоа смета дека македонските владици треба да побараат детално појаснување зошто и натаму се појавуваат различни формулации за МПЦ-ОА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12