3СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО
АвтомобилизамВо Шпанија казна од 200 евра за возење во зимска јакнаВо Шпанија е забрането да се вози автомобил или камион во зимска јакна.Казната за овој сообраќаен прекршок изнесува 200 евра. Иаку казната изгледа можеби чудно, сепак таа се заснова на реални факти. Првата и најважна, дебелата зимска јакна ги ограничува движењета на возачот за време на возењето и ја намалува оптималната реакција во итни ситуации. Во Шпанија иста казна се доделува и за возење со шал околу вратот и зимски ракавици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: И на власт и во опозиција - СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работењеОбид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори.Реакција на прес конференција на политичката партија СДСМ Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат. Основна законска надлежност на Државниот просветен инспекторат е да спроведува редовни контроли врз работењето на образовните установи и да постапува по претставки и иницијативи на граѓани, кои пак, се распределуваат во зависност од моменталниот расположлив кадровски капацитет на институцијата. Се разбира, секаде кадешто ќе се констатираат неправилности, се преземаат соодветни мерки, а НЕВЕРОЈАТНО е како оваа политичка партија секогаш застанува во одбрана на противзаконското работење и поддржува непочитување на правниот систем. Нерегуларности се констатирани и во работењето на средното училиште „Панче Арсовски“ кое денес беше посочено на прес конференцијата на СДСМ и секако дека и таму се постапува како што наложуваат законските прописи. Таквото постапување оваа партија го смета за политичка пресметка. Тоа го кажуваат јавно и на прес конференции и всушност пропагираат искривени вредности. Очигледно е дека нивната болка е што конечно образованието го добива потребното внимание од една Влада. Стопиран е слободниот падот и расчистен е хаосот кој го создадоа четири министри за образование во седумгодишното владеење на СДСМ. За две години вложени се над 70 милиони евра во образовната инфраструктура, набавени се нови наставни програми, учебници има по сите предмети и се достапни на 1 септември, унапредена е инклузивноста, системот на стипендирање ученици и студенти, донесена е нова законска регулатива усогласена со европското право. Се залагаме за воведување на концептот на едносменска ефективна настава во сите училишта кадешто е тоа возможно. Зголемени се платите на наставниците за над 20%. По однос на училиштата во руралните средини кои сами времено се затвораат поради тоа што немаат запишани ученици, ќе ги потсетиме тоа е резултат токму на нивните погубни политики поради кои во седум години го намалија бројот на ученици за 17 илјади! Актуелната Влада и раководството на МОН остануваат посветени кон градење квалитетен образовен систем и ниту едно лажно обвинување и обид за опструкција, нема да нé поколеба да продолжиме да го јакнеме образованието - основниот столб на севкупниот развој и работиме во интерес на најмладите и на државата во целина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЕвропаНов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигрантиМароканската полиција пресретна и уапси околу 150 мигранти кои се обиделе да влезат во шпанската северно-африканска енклава Сеута.За време на операцијата, како што пренесуваат светските бил употребен солзавец, а на безбедносните сили им помагаа хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња. Според извештаите, најголем дел биле граѓани на земјите од подсахарска Африка, но и десетици марокански државјани. Најновиот обид за нелегален премин на границата доаѓа две недели откако повеќе од 72.000 мигранти влегоа во Сеута, при што околу 100 луѓе загинаа во обидот да стигнат до европско тло.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРОДодека Мицкоски беше на „научнообразовна екскурзија“ во Белгија, Јаневска дома ја спроведува своја „образовна програма“ - ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата. ВМРО ОКГ ја партизираше секоја институција, па сега на ред дојдоа и директорите од училиштата. Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов спроведуваат хајка кон директори кои не се партиски послушници. Прашуваме, дали едни исти двајца инспектори, Мирјана Насковска и Тони Илиев во повеќе училишта спроведуваат вонредни инспекциски надзори по претставки со слична или идентична содржина. Дали врз директори од средни училишта се врши притисок да поднесат оставка или да се откажат од функцијата пред истекот на нивниот мандат. Дали власта на Мицкоски врши политичка операција за чистење на кадри, неподобни директори и поставување на партиски послушници. Дали инспекцискиот надзор е претворен во механизам за смена на неподобни директори. Затоа ли овие двајца инспектори се појавуваат во речиси сите инспекциски надзори, а истовремено се и кадровски унапредувани и или наградувани. Очигледно Наскова и Илиев се „инспектори од доверба“ на ВМРО, за специјална намена. Инспектори кои се користат за однапред зададена политичка задача. Ваква постапка за притсок и смена на неподобни директори се одвива и во средното училиште во Скопје „Панче Арсовски“, каде што постапуваат токму овие двајца инспектори. Истовремено, веќе има директори кои ги оспориле решенијата за разрешување. Дел од постапките се пред второстепени органи, а има и случаи во кои Управниот суд интервенирал и ја вратил постапката на повторно одлучување, како и случаи со мериторни одлуки во корист на разрешени директори. СДСМ не е против инспекцискиот надзор, но се противи да биде злоупотребен овој механизам како средство за реваншизам и поставување на партиски подобни директори. Го повикуваме Државниот просветен инспекторат веднаш да ја запре оваа политичка операција за елиминација на неподобни директори. Јавно да одговори: зошто едни исти инспектори се појавуваат во повеќе вакви постапки? Бараме проверка на постапувањето на инспекторите, на критериумите за нивните кадровски унапредувања или дополнителните надоместоци, на начинот на распределба на предметите и наводите за притисоци врз директори. Партиските интереси и канџи мора да се тргнат од образованието. Тоа требало да го види Мицкоски на научната екскурзија во Бриж. Училиштата не се партиски штабови. Директорите не се партиски послушници. Затоа македонското образование со ВМРО-ОКГ тоне. Државниот просветен инспекторат треба да биде чувар на законите, а не чувар на партиските интереси и политички инструмент на власта на ВМРО. Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook