Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести
2Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести
СветВо Русија почнаа тридневните претседателски избориВо Русија денеска почнаа претседателските избори кои ќе траат до 17 март, а на кои актуелниот претседател Владимир Путин се кандидира за петти мандат.Ова се први претседателски избори на кои гласаат и жителите на четирите украински региони - регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа анектирани од Русија во септември 2022 година. Според законот за избори за претседател на Руската Федерација, државјаните на Русија можат да учествуваат на претседателските избори како независни кандидати или како кандидати на политички партии, а за да се пријават за учество на изборите треба да достават соодветна документација до Централната изборна комисија. Анкетите и истражувањата на јавното мислење објавени од руските државни медиуми покажуваат дека Путин ужива поддршка од околу 80 отсто од граѓаните, што е повеќе отколку пред почетокот на војната во Украина. Неговата кандидатура за петти мандат беше овозможена откако Државната дума ги усвои амандманите на Уставот во 2021 година според кои, меѓу другото, ограничувањето на бројот на мандати во кои едно лице може да биде претседател на Русија се однесува на актуелниот лидер на земја, без да се земат предвид неговите претходни претседателски мандати. Покрај Путин, на изборите учествуваат и претседателот на Либерално-демократската партија на Русија, Леонид Слуцки, кандидатот на Комунистичката партија Николај Харитонов и кандидатот на партијата „Нови народи“ Владислав Даванков. Но, на изборите нема да учествува опозицискиот политичар Борис Надеждин, кој минатиот месец беше дисквалификуван од Централната изборна комисија поради грешки направени при собирањето потписи. Поради повеќе временски зони во Русија, прво беа отворени избирачките места на крајниот исток на земјата, во автономниот округ Камчатка и Чукотка, а потоа и во областа Магадан, Сахалин и Курилските острови. Последните избирачки места што се отворени се во Калининградската област, на Балтичкото Море. Претседателските избори ќе ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет меѓународни организации, а акредитирани се повеќе од 200 парламентарни набљудувачи и неколку десетици експерти за изборниот процес, соопшти Советот на Руската Федерација. Во Русија право на глас имаат околу 110 милиони граѓани, а резултатите од претседателските избори треба да бидат објавени најдоцна до 28 март. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтернационална конференција „одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“Во екот на дебатата за иднината и одржливоста на вториот пензиски столб и експертските ставови за можните опции за негова реформа, пензиските друштва се на став дека овој столб е неоходен за долгорочната стабилност на пензискиот систем.. За предизвиците и перспективите повеќе од Маја Стојановска.. Маја што предлагаат пензиските друштва? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтудентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протестиВеднаш да се зголеми на 180 денари студентскиот оброк,бараат студентските здруженија.Во спротивно, студентите најавуваат протест.Тие велат дека по одржаните средби со претставниците на Владата и Министерството за образование и наука, остануваат на барањето за повисок дневен износ на субвенционираниот оброк и не ги прифаќаат дигиталните ваучери. „Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи , нашето барање денес ќе го испратиме до соодветните институции и очекуваме во рок од 7 дена да биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски дена да биде истото реализирано и обработено со дела, студентите чекаа три години.Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме заради тоа што ние немаме друг начин,веќе долго време изгубивме на средби, долго време изгубивме на иницијативи и на градење на апликации..повеќе не можеме да чекаме“, -– Ангела Василевска, претседателка на Национално студентско тело. Додека студентите најавуваат протест, од Министерството за образование и наука, пак, велат дека до нив веќе доставиле предлог за повисок износ и промена на досегашниот модел... „МОН и Владата доставија предлог до студентите за зголемување на износот на дневната субвенција за оброк, дополнителен попуст по искористување на месечниот износ и промена на моделот со цел користење на средствата исклучиво за храна. Од студентите сè уште немаме добиено писмен одговор.“– МОН. Субвенционираниот студентски оброк во моментов изнесува 140 денари. Последното зголемување беше во 2023 година, кога износот од 120 се покачи на 140 денари. Студентите во изминатиот период побараа и бесплатен јавен и меѓуградски превоз, како и подобри услови во студентските домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо спроведени контроли над 26 илјади граѓани треба да добијат назад над 140 милиони денариНа над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евраНа над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евра, кои сега ќе мора да им ги вратат назад, откако пазарниот инспекторат во вонредни контроли утврдил дека најголем дел од вкупно 27 вакви лиценцирани фирми го кршеле закокот за зашита на потрошувачи. Оштетените граѓани треба да бидат повикувани од самата фирма за брз кредит од чија страна биле злоупотребени, а рокот за исплата се движи од еден до три месеци, потврди Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски. Кај 18 друштва е констатирано дека применувале нечесна трговска практика, односно дека во договорите за потрошувачки кредити вградувале нечесни одредби, поради што се казнети од над 3,5 милиони денари. Две вакви друштва не дале документација со изговор дека сметководството им се води во странство и за нив од инспекторатот надлежноста се префрла во Министерството за финансии. Изречените казни, се различни, но се движат само од 2.000 до 10.000 евра по прекршок. Тримесечните инспекциски контроли го опфатиле периодот од 2023 до 2026 година, а истрагата е се уште во тек. Надлежните ветија дека ќе се објават фирмите што се бават со брзи кредити што правеле злоупотреби, иако не кажаа кога точно тоа ќе се случи, со објаснување дека сега не сакаат да наштетат на истражните процеси. Од ДПИ упатија и апел до граѓаните да пријавуваат неправилности при користењето на брз кредиот, најавувајќи дека нема да има толеранција за незаконско работење, како и дека ќе заврши праксата на неказнивост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter