Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема
1Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
2Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
ЖивотВо Непал спасиле 84- годишен повреден алпинист од Шпанија- сакал да собори рекорд Повреден 84-годишен алпинист, кој се обидел да стане најстариот човек кој ги искачил сите највисоки врвови во светот, бил спасен од планина во Непал.Шпанскиот алпинист Карлос Сорија се обидувал да се искачи на планината Даулагири, но вчера се повредил при искачувањето на врвот. Тој бил однесен од планината со спасувачки хеликоптер во болница во Катманду. Алпинистите му помогнале на повредениот Шпанец да се спушти по планината до базниот камп. Сорија се искачил на 12 од 14-те највисоки планини во светот кои се над 8.000 метри, меѓу кои највисока од сите е Монт Еверест. Стотици планинари и нивните водичи се обидуваат да се искачат на највисоките врвови во Непал за време на популарната пролетна пешачка сезона кога временските услови на планините се најповолни. Сезоната започнува во март, а завршува во мај, по што времето се влошува, па е крајно опасно да се остане на планината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ФормулаФормула 1 од 2030 година ги враќа V8 моторитеФормула 1 подготвува голема промена во техничките правила што се однесуваат на погонските единици. Шефовите на тимовите потврдија дека е постигнат начелен договор со Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) за повторно воведување на V8 мотори, почнувајќи од 2030 година, со што би завршила ерата на моменталната генерација мотори. Овој потег би претставувал значителна промена во насоката, со оглед на тоа што новите правила за моторите беа воведени дури на почетокот на 2026 година, по повеќегодишен развој. Додека претходната генерација на погонски единици се користеше 12 сезони – од 2014 до 2025 година – моменталната генерација, според овој нов план, би траела само четири сезони и би завршила на крајот од 2029 година. Според „RaceFans“, договорот сè уште не е официјално потпишан; сепак, постои доволна поддршка меѓу производителите за спроведување на овие регулаторни промени една година порано отколку што првично беше планирано. Според моменталните планови, Формула 1 би се вратила на мотори со осум цилиндри – конфигурација што последен пат беше користена во 2013 година. Сепак, ова не претставува целосно враќање на технологијата од тој период. Новите V8 мотори ќе вклучуваат турбополначи и поедноставен хибриден систем, при што придонесот на електричната енергија ќе биде значително помал во споредба со денешните погонски единици. Целта е да се намалат тежината на болидите и трошоците за развој, а истовремено да се врати звукот на моторот што многу љубители на Формула 1 го посакуваат. Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, потврди дека е постигнат напредок во разговорите за време на прес-конференција пред Големата награда на Лас Вегас. „Постигнавме начелен договор. Мислам дека сите се многу возбудени. Сега преостанува само да се прецизираат деталите“, изјави Браун . Советникот во тимот Алпин, Флавио Бриаторе, се согласи со ова мислење, истакнувајќи дека преминот кон поедноставни и погласни мотори е вистинскиот правец за овој спорт. „Во суштина, имаме договор. Сè уште не е потпишан, но се чини дека сите се согласија за V8 мотори за 2030 година. Многу сум задоволен, бидејќи верувам дека ова е вистинскиот пат напред“, изјави Бриаторе. Промената во прописите особено влијае на Cadillac, кој влезе во Формула 1 користејќи погонски единици од Ferrari, додека истовремено развива сопствен мотор во соработка со General Motors. Американскиот тим првично планираше да ја воведе сопствената погонска единица во 2029 година. Поради најавеното враќање на V8 моторите, тие одлучија да го продолжат партнерството со Ferrari за уште една сезона. Иако е постигнат начелен договор, FIA сè уште треба да ги финализира техничките детали и официјално да ги усвои новите прописи. Доколку овој план се реализира, Формула 1 ќе се откаже од моторите воведени во 2026 година по само четири сезони, отворајќи ново поглавје со враќање на V8 технологијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опремаДетското игралиште зад Универзалната сала во Центар е целосно реконструирано. Најмалите центарци добија современо, безбедно и уредено место за игра, рекреација и дружење.На игралиштето се поставени две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка. Поставени се нова заштитна подлога и ограда, а обновена е и урбаната опрема. Поправени се двете клупи , поставени корпи за отпадоци, додека двојната лулашка е целосно реновирана. „Центар доби уште едно убаво и безбедно место за игра и дружење на најмладите. Со обновувањето на детските игралишта вложуваме во посреќно детство и подобри услови за нашите деца. Продолжуваме со реконструкција на игралиштата низ Центар, за секое дете да има свое уредено и безбедно катче за игра, а родителите да бидат спокојни“, порача градоначалникот Герасимовски. Тој апелираше до граѓаните совесно да ги користат и да ги чуваат поставените реквизити и урбаната опрема. „Само со заедничка грижа можеме да ги зачуваме игралиштата уредни, функционални и безбедни за сите“, рече Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаЈО: Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинениеОсновното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2.Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, Предизвикување општа опасност по член 288 став 5, Повреда на правата од работен однос по член 166 и Непреземање мерки за заштита при работа по член 170 од Кривичниот законик. Првиот обвинет, одговорно лице во едно од обвинетите правни лица, не постапил според техничките правила за мерките за заштита – предвидени во Законот за градење и со тоа предизвикал опасност за животот на луѓето. Како инвеститор, тој градел зграда, но иако објектот се уште бил во градба, не презел заштитни мерки – лифтовското окно во објектот не го заштитил со заштитна ограда, градилиштето не го одржувал во уредна состојба без непотребен шут и отпадоци, влезот во зградата не го обезбедил за да не влегуваат неовластени лица, а на скалите не поставил огради за да се спречат несакани падови. На 12 јануари, во утринските часови, во зградата влегле четворица работници ангажирани од второто обвинето правно лице <span;>кои заедно носеле дел од мебел. Кога пристигнале на четвртиот кат во зградата во градба, еден од работниците со ногата се сопнал од кофа оставена во ходникот, изгубил рамнотежа и паднал во окното – отворот во зградата за лифт се до подрумските простории. Од падот се здобил со многу тешки телесни повреди и починал на лице место. Со обвинението е опфатено и правното лице кое ги ангажирало работниците и неговиот управител, бидејќи свесно не се придржувале кон законот за работни односи и кон мерките за заштита при работа. Сега починатиот работник Кристијан Љушев го ангажирале без договор за вработување, во целосно непријавен работен однос. Дозволиле оштетениот да извршува работни задачи како помошник монтер без да помине основна обука за безбедност и здравје при работа, без здравствен преглед и на работникот не му дале упатства за работа во специфични услови за работа и при сериозен и зголемен ризик по безбедноста и здравјето на работниците. Без увид и проценка на работната средина работниците работеле врз основа на усмен работен налог од управителот во работен простор – зграда во изградба, каде постоела зголемена опасности ризик по нивната безбедност. Со ваквото непридржување на прописите за мерките за заштита обвинетиот го изложил и предизвикал опасност по животот на работникот. Со цел да спречи статусни промени и отуѓување на имотот на правните лица во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот суд во Охрид достави и предлог за определување мерка за обезбедување – Забрана за статусни промени во двете обвинети фирми.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter