САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
1САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
2СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
3Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците
Шоу бизВо Лос Анџелес 96. доделување на ОскаритеДоаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23:30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3:30 наутро.Девеесет и шестото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки ќе се одржи вечерва во театарот Долби во Холивуд. Водител на шоуто ќе биде Џими Кимел. Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23:30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3:30 наутро. Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има осум номинации. Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“. Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун. Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди. Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
НБАВидео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во аголКошаркарите на Денвер Нагетс синоќа загубија од Јута Џез со резултат 109:97 во натпревар од предсезоната во НБА. Еден од најдобрите светски кошаркари во последните пет години, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, одигра само 14 минути и забележа 3 поени, 3 скока и 7 асистенции, но за една од нив особено се зборува. Додавањето преку целата одбрана е потег што Јокиќ го изведува речиси совршено, а овојпат се надмина себеси. Тој упати додавање зад грб низ тројца одбранбени играчи поставени на основната линија и го пронајде осамениот Камерон Џонсон во десниот агол за шут за три поени. NO-LOOK. CROSSCOURT. BEHIND-THE-BACK DIME. ARE YOU SERIOUS, JOKER 🤯 https://t.co/A5upVabWYw — NBA (@NBA) October 4, 2026 Магија. Едноставно кажано.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата САД ги повлекоа сите свои бомбардери од Раф Ферфорд, британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата за борба против тероризмот.Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери - за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во Америка.САД не наведоа причина за повлекувањето, но тоа следува по големиот инцидент на 27 септември кога полицијата беше предупредена за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база. Петмина мажи првично беа уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата, а потоа ослободени со кауција. Шестиот маж, британски државјанин со иранско државјанство, исто така беше подоцна уапсен и ослободен со кауција.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
МакедонијаСДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за МакедонијаДве и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат. Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари. 5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во планот до 2040 година, антимон кај Крива Паланка, дата центри, се за туѓи интереси, провизии и профити на сметка на народот. Бизнис-мрежата во енергетиката работи со полна пареа, договор за броила, зделки со автобуси поврзани со Орбан. За тоа време, потрошувачката кошничка со изнајмен стан достигна над 90.000 денари. Работниците се со најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај. Се е поскапено, горивата отидоа над 100 денари а Владата на Мицкоски не презема ништо, нема пари за 600 евра минимална плата. Земјоделците се на работ на егзистенција: без пари, без откуп, без пласман, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат, ИПАРД е загрозена поради корупција на директорот. Пензионерите се украдени, се соочуваат со неизвесност, додека дупката во ПИОМ достигнува една милијарда евра. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. Долговите растат секоја недела. За само две и пол години Мицкоски и ВРМО ги зголемија за 4 милијарди евра, колку половина од вкупното задолжување во изминатите 30 години. Странските инвестиции се најниски во историјата, само 18.7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година. Бидејќи во Буџетот нема пари, се спрема втор ребаланс само два месеци по првиот. И секако ново задолжување на грбот на народот. Тотален економски дебакл. Европскиот пат е блокиран. Македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани но Мицкоски се плаши од европско обвинителство и земјата ја турка кон изолација. Наместо реформи и европска иднина, арамијата турка агенди што ја оддалечуваат Македонија од ЕУ. Тоа донесоа две и пол години Влада на Мицкоски: сиромаштија, изолација, уништено стопанство, полош стандард и уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со граѓани кои имаат празни празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 05.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook