ЕвропаТрансродна полицајка силувала малолетна ќерка на својата пријателка- во телефонот ѝ пронашле ужасна снимка со куче (ВИДЕО)Во затворскиот систем обвинетиот се третира како маж, додека на суд се изјаснува и се јавува како жена. Без разлика, обвинувањата против неа се многу сериозни, а обвинетата ги признала, пишува порталот t-online.de. Пред провинцискиот суд во Траунштајн, поранешната полицајка призна дека силувала 15-годишно девојче. Признанието е дадено во вторник, на почетокот на судењето, зад затворени врати, соопшти портпаролот на судот. Пред тоа обвинителството и одбраната постигнаа договор. Под услов обвинетата целосно да ја признае вината, се соочува со затворска казна од најмногу три и пол години. Целта на договорот е, меѓу другото, да се поштеди малолетната жртва од сведочење на суд. Случајот привлече дополнително внимание бидејќи 55-годишната обвинета се појавува во судот како жена и во обвинението е наведена од женски пол, додека е во притвор во машкиот оддел во затворот во Минхен. Trans-Polizistin wegen Vergewaltigung einer 14-Jährigen zu Haftstrafe verurteilt https://t.co/3pdmxAbIJy https://t.co/o3Ge3REVZM — WELT (@welt) October 6, 2026 Таа била член на елитната полициска единица Според германските медиуми, 55-годишната жена долго време живеела како маж и како таква била припадничка на елитната единица ГСГ 9. Подоцна почнала да живее како жена, користела женски идентитет и почнала со хормонска терапија. Двајца психолошки експерти наводно потврдиле дека таа се идентификува како жена. Првите проблеми со законот станаа познати во 2024 година. При претресот кај неа беа пронајдени материјали со сексуална содржина во која се вклучени деца и животни. После тоа била суспендирана од полициската служба и парична казна. Само неколку недели по пресудата, во јули 2025 година, се случи случајот за кој сега ѝ се суди. Жртвата е ќерка на нејзина пријателка. Пронајдени се стотици спорни датотеки Таа беше обвинета и за поседување на неколку стотици досиеја со сексуална содржина во која се вклучени деца. Според обвинението, меѓу жртвите имало и многу мали деца. Покрај тоа, таа се товари и за телесни повреди, дистрибуција на порнографски содржини и производство на порнографски материјали во кои се вклучени животни. Инспекторите наведуваат и дека таа снимила видеа на кои се појавува со повеќе сексуални партнери и куче. Според германскиот портал Chiemgau24, во моментот на злосторството, обвинетата се уште имала машки полови карактеристики. Судот во Траунштајн не сакаше да објави детали за нејзиниот моментален статус во процесот на транзиција, наведувајќи ја приватноста и заштитата на личните податоци. Адвокатот тврди дека ѝ е тешко во машкиот дел од затворот Според нејзиниот адвокат, обвинетата тешко го поднесува фактот што е во притвор со мажи. Тој за Билд изјави дека, меѓу другото, била фрлена врз неа за време на нејзиниот престој на отворено и дека телесни прегледи вршеле мажи полицајци. Судењето продолжува, а пресудата доколку се прифати постигнатиот договор би можела да биде изречена на 6 октомври. Еден од условите за примена на договорениот казнен опсег, покрај признанието на поранешната полицајка, е и договор меѓу сторителот и жртвата. На малолетното девојче треба да и се обезбеди мотор и 5.000 евра, додека обвинетата треба целосно да ја плати казната изречена во јули 2025 година.Тагови: ќерка полицајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter