БизарноСкандал на натпревар за убавина: Камили се дисквалификувани поради ботокс и филери Дваесет камили се дисквалификувани од натпревар за убавина во Оман откако ветеринарните проверки открија дека животните биле подложени на козметички процедури, вклучувајќи ботокс и филери.Скандалот се случи на Фестивалот за убавина на камили 2026 во Ал Мусана, еден од најпрестижните регионални настани за одгледување и изложување камили, пишува Дексерто. Организаторите потврдија дека камилите се отстранети од натпреварот бидејќи инспекторите пронашле докази за инјекција со ботокс, дермални филери, силикон и употреба на хормонски третмани. Во соопштението, тие рекоа дека се посветени на борбата против „сите форми на измама и разубавување на камилите со нелегални средства“ и најавија строги казни за оние кои ги кршат правилата. Разубавување на камилите за победа На натпреварите за убавина на камили, судиите оценуваат четири главни категории: крзно, врат, глава и грпка. Она што се бара е сјајно и дефинирано крзно, долги и широки вратови, големи глави со спуштени усни и темни трепки и правилно обликувана грпка со цврст став. Ветеринарните инспектори открија дека дисквалификуваните камили биле подложени на интервенции токму за да се подобрат овие карактеристики. Меѓу откриените методи се инјекции со хијалуронска киселина за зголемување на усните, филери и силикон за преобликување на носот, ботокс за опуштање на мускулите на лицето, силиконски восок за промена на изгледот на грпките и хормони за поттикнување на дефиницијата на мускулите. Висок влог и историја на измами Влоговите во ваквите натпревари се исклучително високи низ целиот регион на Заливот. Победничките камили им носат на своите сопственици престиж, значајна вредност за одгледување и дарежливи парични награди. Наградните фондови на најголемите фестивали можат да достигнат десетици милиони долари, што врши огромен притисок врз одгледувачите да ги направат своите животни да изгледаат совршено. Дисквалификациите во Оман не се прв ваков случај. На Фестивалот на камили „Крал Абдулазиз“ во Саудиска Арабија во 2018 година, неколку камили беа исфрлени поради користење филери и ботокс. Три години подоцна, во 2021 година, повеќе од 40 камили беа отстранети од истиот фестивал откако службениците открија уште поширок спектар на нелегални методи, вклучувајќи хормонски третмани и техники на вештачко инфлирање на ткива. Сериозни ризици по здравјето на животните Ветеринарните експерти предупредуваат дека козметичките процедури кај камили можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Пријавените компликации вклучуваат инфекција, оток, оштетување на ткивото и хронично воспаление, особено кога процедурите се изведуваат без стручен медицински надзор. Употребата на ботокс може да влијае на мускулите на лицето кои се клучни за јадење и пиење, додека филери и силикон можат да мигрираат и да предизвикаат долгорочни воспалителни процеси. Хормонските третмани ја нарушуваат природната физиологија на животното и можат да доведат до неплодност, промени во однесувањето и ендокрини нарушувања. Дисквалификуваните камили беа вратени на нивните сопственици, а организаторите повторија дека на идните натпревари ќе се оценува само природниот изглед на животните.Тагови: ботокс камили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook