Во Кавадарци презентиран проектот „safe city“ - Канал 5

Во Кавадарци презентиран проектот „safe city“

 Премиерот присуствуваше и на презентацијата „Safe city“ во Кавадарци, проект почнат во 2019 година со општински средства и досега се вложени 13 милиони денари, а поставени се вкупно 220 камери..

Во Кавадарци презентиран проектот „safe city“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Општина Кавадарци каде присуствуваше на поставување на камен темелник на Дом на култура со спортска сала во селото Дреново.

Премиерот присуствуваше и на презентацијата „Safe sity“ во Кавадарци, проект почнат во 2019 година со општински средства и досега се вложени 13 милиони денари, а поставени се вкупно 220 камери..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

Христијан Мицкоски им порача на граѓаните да се „припремат за маратон“. 

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

Со други зборови, јасно им кажа дека треба да се подготват долго време да живеат сиромашни.

Оваа порака доаѓа во момент кога економската реалност е многу потешка од политичкиот маркетинг на Владата.

До јуни е потрошен скоро целиот планиран буџетски дефицит за целата 2026 година.

Од 670 милиони евра предвиден дефицит.

Ребалансот е неизбежен и ќе биде многу тежок.

Буџетот беше донесен со нереални и надуени стапки на раст, кои служеа исклучиво како маркетиншки инструмент.

Капиталните инвестиции покажуваат висока реализација на хартија, но во реалноста се работи за плаќање на заостанати фактури од минатата година, а не за нови проекти.

Македонскиот економски модел и понатаму се базира на лична потрошувачка, а не на извоз и продуктивни инвестиции.

Во услови на увозна зависност, оваа потрошувачка директно ја зголемува инфлацијата и ја прави економијата ранлива.

Дополнително, одложувањето на европските интеграции ја чини државата милијарди евра во изгубени грантови и поддршка, особено во време на кризи.

Наместо да се фокусира на реформи и ЕУ патот, Владата продолжува со популистички пораки, најавува предвремени избори (затоа што нема парии), одложување на суштинските промени.

Кога премиерот вели „припремете се за маратон“, тоа не е повик за издржливост. Тоа е отворена најава дека граѓаните треба да се навикнат на долготрајна сиромаштија, додека политичките елити продолжуваат со иста политика на долгови, маркетинг и одложување на реформите.

Граѓаните не заслужуваат маратон во сиромаштија. Заслужуваат реални реформи, вистински инвестиции и европска иднина.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови фитнес игралишта во училиштата во Карпош

Општина Карпош продолжува со реализација на проекти и активности насочени кон унапредување на условите за образование, физичка активност и здрав развој на учениците преку модернизација на училишната инфраструктура.

Нови фитнес игралишта во училиштата во Карпош

Во услови кога современите животни текови и растењето на трендот за зголемено користење на технологијата влијаат на намалената физичка активност кај децата и младите, Општина Карпош презема конкретни чекори за создавање услови кои ќе поттикнат активен и здрав начин на живот.

Во таа насока, оваа година поставивме нови фитнес зони во три општински основни училишта: ООУ „Војдан Чернодрински“, ООУ „Вера Циривири Трена“ и ООУ „Аврам Писевски“. Во текот на следната година ќе бидат поставени фитнес зони и во останатите седум општински основни училишта.

Фитнес зоните се поставени на подлога од вештачка трева со површина од 60 м2 и опремени се со реквизити за безбедно користење на отворено, дизајнирани и наменети за вежби за развој и зајакнување на локомоторниот апарат кај учениците.

Средствата за реализација на оваа активност се предвидени во годишната Програма за спорт на Општина Карпош, а реализатор на проектите е компанијата Мегаспорт од Скопје.

Општина Карпош останува посветена на создавање на современа, функционална и поттикнувачка средина за раст и развој на најмладите како и квалитетен живот на сите жители.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски беше дел од  денешниот петти состанок на Националната развојна стратегија. 

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри

„Живееме во време кога светот се менува со брзина каква што ретко која генерација претходно искусила. Економските текови се менуваат, технолошките револуции ги трансформираат пазарите на трудот, геополитичките предизвици стануваат сè посложени, а државите кои немаат јасна стратегија и визија ризикуваат да останат на маргините на развојните процеси. Затоа денес повеќе од кога било е потребно да имаме институции кои нема да размислуваат само за следната година, туку и за следните две децении. Токму затоа Националната развојна стратегија 2024-2044 година претставува еден од најважните документи кои се создадени во поновата историја на државата. Не затоа што е уште една стратегија усвоена од институциите, туку затоа што зад неа стои широк општествен консензус, сериозен експертски труд и искрена намера конечно да воспоставиме култура на долгорочно планирање и стратешко размислување“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешниот петти состанок на Националната развојна стратегија.

„Долги години наназад Македонија беше исправена пред бројни предизвици кои честопати ја принудуваа политиката да размислува краткорочно. Наместо да разговараме каде сакаме да бидеме за дваесет години, често разговаравме како да го поминеме следниот месец. Наместо да се натпреваруваме со најуспешните европски држави, премногу енергија трошевме во решавање на проблеми кои одамна требаше да бидат затворени. Но денес имаме обврска да го смениме тој пристап. Имаме обврска да покажеме дека државата може да биде предвидлива, дека институциите можат да работат врз основа на план, а не врз основа на импровизација, и дека развојот не смее да зависи од политичките циклуси, туку од јасно дефинирани национални цели околу кои ќе постои широк општествен консензус“, вели Мицкоски и додаде:

„Националниот совет за развој токму затоа претставува една од најважните платформи што ги имаме денес. Во него се среќаваат институциите, науката, локалната самоуправа, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор. Тоа е место каде различните перспективи не се гледаат како пречка, туку како предност. Место каде се создаваат политики кои имаат потенцијал да траат подолго од еден мандат и подолго од една влада. Особено сакам да ја нагласам работата на Работниот комитет и на сите оние кои во изминатиот период вложија знаење, енергија и време за да ги преточат стратешките цели во конкретни предлози, мерки и политики. Зад бројките што денес ги гледаме стојат стотици експерти, претставници на институции, компании, универзитети и организации кои покажаа дека кога постои заедничка цел, тогаш може да се создадат решенија кои имаат вистинска вредност за државата. Фактот дека повеќе од 1.200 претставници на различни засегнати страни активно учествувале во работата на комитетите, дека се идентификувани десетици конкретни мерки и дека голем дел од нив веќе се реализираат, претставува доказ дека ова не е процес кој останува затворен во институционалните ходници, туку процес кој создава реални ефекти и реални политики. Ова е особено важно затоа што граѓаните одамна не бараат нови стратегии и нови ветувања. Граѓаните бараат резултати. Бараат подобри работни места, повисоки приходи, поквалитетно образование, подобро здравство, модерна инфраструктура и институции кои ќе бидат ефикасни и праведни.“

Мицкоски потенцираше дека успехот на една стратегија не се мери по бројот на нејзините страници, туку по бројот на животи што ќе ги подобри.

„Токму затоа успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри. За мене најважното прашање не е колку документи ќе усвоиме, туку колку млади луѓе ќе одлучат да ја градат својата иднина тука. Не е колку анализи ќе подготвиме, туку колку нови компании ќе отворат свои капацитети, колку нови работни места ќе создадеме и колку силна и конкурентна економија ќе изградиме. Денес кога зборуваме за развој, не зборуваме само за економски показатели. Зборуваме за доверба. Зборуваме за чувство кај граѓаните дека државата има правец, дека постои план и дека институциите знаат каде се движат. Зборуваме за создавање држава во која млад човек нема да мора да бара подобра иднина на друго место, затоа што ќе може да ја препознае овде. Држава во која успехот ќе биде резултат на знаење, труд и посветеност, а не на привилегии и врски. Држава во која развојот нема да биде привилегија на неколку урбани центри, туку можност достапна за секој граѓанин, без разлика каде живее. Затоа особено внимание посветуваме на инвестициите, иновациите, дигиталната трансформација и развојот на човечкиот капитал. Не затоа што тоа се модерни термини кои добро звучат во стратешките документи, туку затоа што токму тие ќе ја одредат конкурентноста на државата во следните две децении. Во таа насока особено значајни се активностите поврзани со Мапата за инвестирање, која веќе покажува конкретни резултати преку поврзување на институциите, домашните компании и меѓународните инвеститори. Денес повеќе од кога било е важно Македонија да биде препознаена како држава која не нуди само поволна географска положба, туку и стабилност, предвидливост, квалификувана работна сила и јасна развојна визија“, дециден е Мицкоски.

Претседателот Мицкоски нагласи дека една од најважните теми за која мора да се разговара е токму демографијата, бидејќи како што рече демографската политика не е само прашање на статистика, туку е прашање на национална одржливост и иднина на државата.

„Една од најважните теми за која мораме отворено да зборуваме е демографијата. Затоа што ниту една економска стратегија, ниту една инфраструктурна инвестиција и ниту една политичка реформа нема да имаат целосна смисла доколку не успееме да создадеме услови нашите млади луѓе да останат тука, да создаваат семејства тука и да веруваат дека нивните деца ќе имаат подобра иднина од нивната. Демографската политика не е само прашање на статистика. Таа е прашање на национална одржливост. Таа е прашање на иднината на државата. Токму затоа секоја економска мерка, секоја инвестиција, секоја реформа во образованието, здравството или локалниот развој, на крајот треба да има една заедничка цел, создавање подобар и поквалитетен живот за граѓаните“, изјави тој.

Мицкоски смета дека годишниот извештај за спроведување на Националната развојна стратегија не е извештај за завршена работа, туку почеток на еден процес кој ќе трае со години и кој ќе бара посветеност, континуитет и политичка зрелост.

„Денешниот Годишен извештај за спроведување на Националната развојна стратегија не е извештај за завршена работа. Тој е извештај за почеток на еден процес кој ќе трае со години и кој ќе бара посветеност, континуитет и политичка зрелост. Но истовремено тој е доказ дека државата конечно почнува да функционира врз основа на јасна визија, мерливи цели и конкретни резултати. Убеден сум дека доколку продолжиме по овој пат, доколку останеме посветени на реформите, на економскиот развој, на знаењето, на инвестициите и на модернизацијата на институциите, тогаш 2044 година нема да биде само бројка во една стратегија, туку година во која ќе можеме со гордост да кажеме дека сме изградиле посилна, побогата, поправедна и поуспешна Македонија. Македонија која ќе биде држава на можности. Македонија која ќе биде дом на амбициозните и способните. Македонија која нема да ја чека иднината, туку ќе ја создава“, заклучи Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер