Во инвалидска количка излезе од теренот на Ролан Гарос: Не знам кога ќе се вратам - Канал 5

Во инвалидска количка излезе од теренот на Ролан Гарос: Не знам кога ќе се вратам

Германциот Александар Зверев, моментално тенисерот број пет во светот, дополнително го одложи враќањето на тенисот по тешката повреда со која се здоби на Ролан Гарос.

Во инвалидска количка излезе од теренот на Ролан Гарос: Не знам кога ќе се вратам

Според најавите од германската репрезентација, Зверев оваа недела требаше да игра за Германија во групата на Дејвис купот против Франција, Белгија и Австралија. Сепак, Зверев на официјалната прес-конференција изјави дека има проблеми со коските, дека има непријатни болки и дека во моментов не може нормално да игра тенис.

„Не можам да кажам кога ќе се вратам на тенисот. Можеби тоа се недели, а можеби, за жал, месеци“, изјави Зверев, кој заработи скршеница на зглобот на полуфиналниот меч на Ролан Гарос против конечниот победник Рафаел Надал. Тој го напушти теренот во инвалидска количка и се врати со патерици, го прегрна Надал и го предаде мечот.

На тој меч Шпанецот го доби првиот сет во тај-брејк, а повредата му се случи на Германецот при тај-брејкот од вториот сет. Претходно во текот на летото Зверев најави дека би можел да настапи дури и на УС Опен, но неговото враќање во Њујорк не се случи, а нема да се случи ниту сега во Дејвис купот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети – Мицкоски бара да ги намалат цените

По извесниот крај на кризата на блискиот исток и намалувањето на цените на горивата, владата очекува од трговците и маркетите да ги намалат цените, особено на основните прехранбени продукти.

Во владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети – Мицкоски бара да ги намалат цените

За таа цел, попладнево состанок одржуваат со премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека доколку не наидат на разбирање, ќе преземат мерки.

Пред Владата е Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Змија влегла во куќа во Хиподром, нема надлежна служба која може да интервеницира

Стево Станковиќ од скопски Хиподром од вчера има непоканет гостин во неговиот дом. 

Змија влегла во куќа во Хиподром, нема надлежна служба која може да интервеницира

Змија влегла во неговата дневна соба и не може да ја најде. Од вчера змијата седи внатре, а Стево надвор. На помош дошле неговите роднини и соседи, но никој не можел ништо да најде. Тој се јавил на 112, но одтаму му рекле дека треба да бара човек кој се разбира од змии и да ја најде.

Стево ја раскажа неговата мака, па заедно побаравме на 112 совет и помош каде може да се најде помош во ваква непријатна ситуација. Диспечерот не препрати до приватно лице да му помогне на Стево.

Граѓаните многу често на социјалните медиуми објавуваат фотографии и од градски средини каде има змии во близина на зградите и кажауваат дека не знаат каде да се обратат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица се лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Седум лица се лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

На 22.06.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 околу 22:30 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг Г.Ј.(31) од Скопје упатувал закани кон неа и нејзиното семејство.

На 22.06.2026 во 01:50 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.И.(73), постапувајќи по претходна пријава дека на 21.06.2026 околу 17:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 35-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.

На 21.06.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговата сопруга А.П.С.(44), која фрлала и тврди предмети кон него.

На 21.06.2026 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Д.С.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнала нејзината 69-годишна мајка.

На 21.06.2026 во 16:25 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека на 20.06.2026 околу 23:30 часот во угостителски објект во скопско, каде што се одржувала семејна веселба, дошол и упатувал закани.

На 21.06.2026 во 14:30 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М.(30) од истото село, кој бил пријавен од негов 61-годишен роднина од селото дека му се заканувал.

На 21.06.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(28) од Тетово. Претходно, неговата 51-годишна мајка во СВР Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејниот дом А.И. почнал агресивно да се однесува и ја кршел покуќнината откако не му дала пари колку што барал. После тоа се заканил со нож на неговата 24-годишна сопруга и физички ја нападнал мајка си.

На 21.06.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа М.М.(34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека отишол во семејниот дом на неговата 23-годишна поранешна сопруга и се заканувал дека физички ќе ја нападне.

притисни ентер