3Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
ЕвропаСе појавија снимки од местото на трагедијата: 46 загинати во судир на возови во ШпанијаНајмалку 46 лица загинаа во тешка железничка несреќа во Шпанија, откако утрово дојде до судир меѓу два брзи воза на линијата помеѓу Мадрид и Андалузија.Првичните снимки од местото на настанот веќе кружат на социјалните мрежи, прикажувајќи целосно уништени вагони и спасувачки екипи кои се обидуваат да стигнат до преживеаните. WATCH: Horrifying footage shows train car apparently torn in half after collision between Los Yébenes and Urda in Toledo, Spain; at least 179 injured https://t.co/gY1zpqWSWh — Klaxon Wire (@KlaxonWire) October 28, 2026 Надлежните предупредуваат дека бројот на жртви не е конечен и речиси сигурно ќе се зголеми. Железничкиот сообраќај на една од најфреквентните линии за брзи возови во земјата е целосно запрен, а на терен се наоѓаат десетици екипи за итни интервенции, пожарникари и полициски службеници. Судир со воз што стоел во место, вагони се превртеле по насипот Несреќата се случила нешто по 9:00 часот наутро, на дел од пругата помеѓу градовите Лос Јебенес и Урда, во покраината Толедо. Според првичните информации од службите за итни интервенции, брз воз од типот „AVE 2080“ удрил во задниот дел од воз на компанијата „Iryo“ (линија 7076), кој стоел на пругата од причини што допрва треба да се утврдат. Од силината на ударот, вагоните излетале од шините, при што два вагони од возот на „Iryo“ се превртеле и се стркалале по железничкиот насип. Во моментот на несреќата, во возот „AVE“ имало 397 патници, а во возот на „Iryo“ 146 патници, меѓу кои и едно дете помало од една година. „Бројот на жртви речиси сигурно ќе се зголеми, ситуацијата на терен е исклучително тешка“, изјави Естер Падиља, портпарол на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча, за шпанскиот јавен сервис „TVE“. VIDEO: Wagon lies entirely off tracks after train collision between Los Yébenes and Urda in Toledo, Spain; at least 39 dead https://t.co/81mgJOUkyl — Klaxon Wire (@KlaxonWire) October 28, 2026 Сведок на несреќата: Луѓето летаа низ вагонот, ние држевме кеси со инфузија за повредените Хесус Херонимо (54), кој патувал во друг вагон од возот „AVE“ што се движел кон Севиља, за шпанските медиуми го опиша моментот на ударот. „Работев на мојот лаптоп кога почувствував исклучително силно забрзување и силно удрив во седиштето пред мене. Луѓето буквално излетаа од своите седишта. На почетокот помисливме дека возот излетал од шините“, раскажа Херонимо. „Кога полека излеговме, видовме дека нашиот воз е навален. Околу нас имаше повредени и преплашени луѓе. Видов лични предмети расфрлани по подот, како и едно дете кое, за среќа, помина без повреди. Им помогнавме на службите за итни случаи држејќи кеси со инфузија, додека пожарникарите работеа на извлекување луѓе од другиот воз, кој претрпе многу потешки оштетувања“, додаде патникот. Премиерот потресен, соседниот регион испраќа мобилни болници Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека е длабоко потресен од размерите на трагедијата и дека е во постојан контакт со министерот за транспорт, Оскар Пуенте, како и со регионалните власти. Владата и политичките партии почнаа да ги откажуваат сите закажани активности и настани поврзани со изборите, кои беа планирани за денес. Регионалните власти на Андалузија итно испратија конвој медицински возила, опремени за интензивна нега, како и специјални логистички возила, за да пружат помош на местото на несреќата, кое се наоѓа на тешко достапен терен. Поради трагедијата, земјоделските здруженија во Мадрид го откажаа масовниот протест со трактори, закажан за денес, и наместо тоа одржаа едноминутен молк за загинатите. Железничкиот оператор „Adif“ потврди дека брзата пруга Мадрид – Андалузија останува целосно затворена за секаков сообраќај, сè до дополнително известување. Извор: Индекс.хрТагови: возови Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа: Пет дигитални модули за поголема транспарентност и поефикасна заштита на животната срединаМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност, поефикасни административни постапки и подобро управување со податоците и процесите поврзани со животната средина. „Дигитализацијата за нас не е само софтвер. Таа е политичка алатка за правда. Таа е сурова транспарентност. Каде што има дигитален систем, нема простор за криење. Таму завршува неефикасноста на системот“, истакна Хоџа. Првиот модул, „ТЕМЕЛИ“, ќе овозможи граѓаните, медиумите и граѓанските организации да имаат увид во проектите што ги реализира Министерството, нивната вредност, роковите, локациите и изворите на финансирање. Модулот „ЈАДРО“ опфаќа дигитализација на архивата и просторно-информативниот систем. Дигиталната архива ќе овозможи електронско следење на предметите, увид во нивниот статус и информација за службеникот задолжен за нивното постапување. Овој процес се реализира во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Дигитализацијата на просторно-информативниот систем е веќе завршена и овозможува подобро управување со геопросторните податоци за заштитените подрачја и поголема транспарентност во постапките поврзани со нив. Преку модулот „ВРЕМЕ“, Министерството учествува во реформите за поедноставување на административните постапки. Целта е граѓаните да се ослободат од сложени процедури. Од околу 30 чекори за поедноставување на постапките поврзани со Министерството, 15 се предвидени во првата фаза, која треба да заврши до крајот на годината. Модулот „ЗЕМЈА“ предвидува дигитално мапирање на дивите депонии во општините, со цел полесно планирање на средствата и ресурсите за нивно расчистување, како и подготовка за воспоставување на регионалните центри за управување со отпад. Функционалноста на платформата ќе биде предмет на консултации со граѓанските организации, ЗЕЛС и стручната јавност, а нејзината реализација е предвидена во буџетот за 2027 година. Паралелно, во неколку општини се спроведува пилот-проект за видео-надзор на дивите депонии. Петтиот модул, „ВОЗДУХ“, предвидува воспоставување дигитален регистар во кој 140 иматели на А-интегрирани еколошки дозволи ќе ги објавуваат податоците за емисиите согласно условите од издадените дозволи. Регистарот е поврзан со Законот за контрола на емисиите во воздухот, кој стапува во сила во септември 2027 година. Во наредниот период Министерството ќе ги презентира модулите поединечно, со детални информации за нивната функционалност и придобивките за граѓаните. „Ова не е само дигитализација. Ова е нов вредносен систем. Ова е нашиот зелен пресврт“, порача Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за ситеОд почетокот на кампањата на 14 октомври, досега се пријавени вкупно 66.821 граѓанин, со просек од 4.455 пријави дневно. Најголем дел од пријавените се лица над 65 години, а следат хроничните болни. Најмногу пријави има во Скопје (19.767), Битола (4.845), Прилеп (3.844), Струмица (3.585) и Тетово (3.581). Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани – во последните три работни дена по околу илјада дневно. Реализацијата на термините што веќе поминале изнесува 86,7%, а 503 граѓани (13,3%) не се појавиле на закажаниот термин. Ги повикуваме граѓаните што не можат да дојдат навреме да го откажат терминот, за тој да се додели на друг пријавен. Денес ќе започне нова група закажувања, со што бројот ќе се зголеми на околу 1.700 вакцинации дневно. Денес е склучен договор за дополнителни 26.000 вакцини, од производителот Санофи, кои ќе пристигнат до 15 ноември, или досега вкупно 56.000 вакцини, а најавени се уште 30.000 вакцини до крајот на ноември. Со тоа ќе бидат обезбедени вкупно 86.000 вакцини – најмногу досега, и околу 20.000 повеќе од бројот на моментално пријавени граѓани. „Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна. Вакцини има доволно за сите пријавени, затоа ги молам граѓаните за трпение – секој ќе биде повикан на термин. Исто така, од неделава тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари лица, а од следната недела и во центрите за дијализа“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.Тагови: вакцина грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
Забава „Војна“ меѓу двете најсекси „ангели“ на „Викторијас сикрет“ – дали причината е Том Брејди? Судејќи според најновите објави на социјалните мрежи, се води „вистинска војна“ меѓу две од најбараните „ангели“ на „Викторијас сикрет“, а причината за тоа е поранешната НФЛ-ѕвезда Том Брејди.Манекенките Џоан Смолс и Кендис Свонпул моментално се во конфликт, а според информациите на социјалните мрежи, главна причина за нивната кавга е односот на Кендис со Том Брејди. Сè започнало минатата недела, кога порталот „Just Jared“ на Инстаграм објави вест дека двете супермодели веќе не се „следат“ меѓусебно на таа мрежа. Ова поттикна шпекулации дека тие не се во добри односи и дека зад сцената се случува нешто сериозно. Смолс набргу се вклучи во коментарите и, како што се чини, ги потврди сомнежите. Таа напиша само: „Два збора: ’Summer House‘! Тоа објаснува сè.“ Иако не појасни што точно значи оваа реченица, последната сезона од реалното шоу „Summer House“ го прикажа прекинот на пријателството помеѓу Аманда Батула и Кјара Милер. До кавгата дојде бидејќи Батула тајно започнала врска со поранешното момче на Милер, Вест Вилсон. И тука драмата не завршува... Смолс ја нарече Кендис „предавничка“ во нова бурна објава на Инстаграм. Еден корисник на Инстаграм ја праша познатата манекенка дали може да ја потврди информацијата дека таа и Кендис веќе не разговараат, на што Смолс кратко одговори: „Не се дружам со предавници“. Иако официјалната причина за конфликтот не е позната, коментарите се појавија истовремено со веста дека Кендис Сванепул е во врска со Том Брејди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter