Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина - Канал 5

Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина

По средбата со Зеленски во Осло, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф со сет идеи замина кај Путин во Санкт Петербург, во деветти во низа обид да издејствува мир во Украина. 

Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина

Нема детали дали и колкав напредок е направен за ставање крај на петгодишната војна.

-Секако, би сакал да ги знам резултатите од состанокот (во Осло). Сакам да ви се заблагодарам вам и на претседателот Трамп за вашето внимание кон прашањата за решавање на кризата во Украина, вклучително и за можната средба во Кина. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

-Преговорите (во Осло) беа продуктивни и би можел да кажам дека има напредок. Се надевам дека денеска може да биде исчекор кон мировнмиот процес во дискусијата за решение на украинско-рускиот конфликт. , изјави Стив Виткоф, специјален пратеник на Трамп.

Но, Виткоф не си заминува од Русија со празни раце, откако договорот за дизелот го доби првиот конкретен епилог. Путин му вети дека првиот танкер гориво со 40 илјади тони ќе тргне кон САД за два дена. Втората придобивка е ослободување на 74-годишниот Американаец Стивен Хабард, кој четири години помина во притвор во Русија, откако бил уапсен во Украина дека наводно се борел на страната на Киев.

И двете страни, како што пренесоа руските медиуми, се многу блиску до организирање средба Трамп, Путин, Си Џинпинг за Украина, а на која според најавите, нема да има место за Зеленски, особено откако Трамп му порача дека можеби е време друг да преговара во име на Киев.

-Не знам што ќе биде со трилатералниот состанок меѓу САД, Кина и Русија. Од нив зависи. Но секако, ако прашањето е Украина, нашата иднина, тоа може да биде прифатливо, само кога ние сме на преговарачка маса. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

-Зеленски треба да сака да ја заврши оваа војна. Ако не го стори тоа, ќе виде многу лошо. Сакаме Зеленски да склучи договор, тој може да склучи договор. Можеше да склучи договор пред две години кога го имавме нашиот мал разговор во Овалната соба. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Зеленски денеска соопшти дека САД потворно почначе да споделуваат разузнавачки со Киев, откако минатата недела предупреди дека дел од информациите за руските ракетни напади биле прекинати или недостапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“

Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во Соединетите Држави, во рамките на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. 

Руски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесува Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки.

Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но напомена дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во текот на наредните месеци.

На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел за САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да овозможи реализација на овие пратки. Договорот наиде на остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на американскиот Конгрес, додека Москва го поздрави договорот.

Руските рафинерии за нафта често се цел на украински беспилотни летала со голем дострел, а оштетувањата и поправките го ограничуваат производниот капацитет на земјата.

Москва одговори со воведување забрана за извоз на бензин и дизел. Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев за порастот на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат слаб резултат.

Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за војната на Путин. Од февруари 2022 година, Украина се брани од целосна руска инвазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка - забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт

На 21 октомври 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржа 27. состанок на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа.

Државниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт

На состанокот учествуваше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, во својство на постојан член на Советот, предводејќи ја македонската делегација.

Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во справувањето со прекуграничниот и организираниот криминал.

Во продолжение, се одржа гласање за избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија. По спроведената изборна постапка, за генерален директор беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар.

Состанокот претставуваше можност за размена на информации и искуства меѓу земјите членки, како и за унапредување на регионалната соработка во спречувањето и сузбивањето на прекуграничниот и организираниот криминал.

Република Македонија, преку своето учество во работата на Советот на СЕЛЕК, продолжува да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу надлежните институции и унапредување на безбедноста во Југоисточна Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер