Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)
Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)
1Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)
2Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)
БалканВо Грција започнува издавањето на новите биометриски лични картиСо одлуката за издавање на новите лични карти Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ поради неусогласеноста.Од денеска во Грција започнува издавањето на новите биометриски лични карти, за кои во земјата имаше реакции од помали групи граѓани, кои тврдеа, меѓу другото, дека содржат чипови со кои ќе бидат следени, јави дописничката на МИА од Атина. Со одлуката за издавање на новите лични карти Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ поради неусогласеноста. - Грција го прави следниот чекор во безбедноста на граѓаните со издавање нова безбедна лична карта за грчките граѓани, одговарајќи на европската регулатива, но и на барањата на меѓународните тела, соопштија од надлежните министерства. Процесот на издавање започнува електронски, со закажување термин, а потоа и посета на полициска станица, каде што ќе се врши фотографирањето, но граѓаните имаат опција да достават и нивни фотографии од професионално фото студио. Старите лични карти во Грција немаат ограничена важност, односно на самиот документ не пишува кога истекува, додека пак замена, најчесто се врши при загуба, оштета, кражба и сл. Во земјата имаше и реакциите против новите биометриски лични карти, што започнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски, а паралелно одржаа и протести во Солун и Атина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи. Strzelanina na rynku głównym w Krakowie 3 osoby nie żyją #rynek #krakow #poland https://t.co/m3KjcDvsrO — mat tam (@kitrvj) November 7, 2026 Strzelanina w Krakowie #kraków #krakow #strzelanina #rynek https://t.co/KSVCcuVgpH — mariiusz (@mariiusz251589) November 7, 2026 Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци. Strzelanina w Krakowie #Krakow https://t.co/KEE4p2CKE4 — Sjuras (@Sjuras17514) November 7, 2026 W Krakowie ktoś strzelał do przypadkowych ludzi w centrum na rynku. 5 osób nie żyje, nie wiem ile rannych… 🤬🤬🤬🤬🤬🤬🤬 https://t.co/HEk2SneBV1 — Patryk 🇵🇱 (@Benchm4de) November 7, 2026 Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил. Film ze strzelaniny w krakowie #krakow #strzelanina https://t.co/allT7fJEve — jelenikon (@sbxusijf) November 7, 2026 BREAKING: Several killed and many wounded in suspected terror attacking at the main square in Krakow, Poland. A man in a black car drove across the square in black car, shooting from a rifle. https://t.co/c6uUoqR3Ar — Visegrád 24 (@visegrad24) November 7, 2026 Takie coś znalazłem co do strzelaniny w Krakowie #kraków #strzelanina https://t.co/FEbp3PjF5G — MilekER (@MilekkER) November 7, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканОпозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата. Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама. Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани. Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози. Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите. Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата. Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија. „Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција размислува за создавање стратешки резерви на жито Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози. Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност. Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни. „Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.Тагови: жито Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook