БалканВо Грција се удавија 16 жени од Африка, мигранти од Блискиот исток се заглавија на карпа(ВИДЕО)Најмалку 16 жени од африканско потекло загинаа, а уште 15 се водат како исчезнати откако синоќа потона брод со мигранти кај грчкиот остров Лезбос.Девет жени се спасени и пренесени во локалната болница во Митилини. Грчката крајбрежна стража соопштила дека гуменот чамец во кој имало 40 луѓе, го напуштил турскиот брег поради силните ветрови. За неколку часа десетици мигранти биле спасени кога нивниот брод удрил во карпите во близина на островот Китера. Видеото на крајбрежната стража покажува група луѓе заробени под карпата додека спасувачите ги извлекле на безбедно. Волонтерите им се придружиле на спасувачките тимови на врвот на карпата на Китера, остров во близина на регионот на Пелопонез во јужна Грција. #noborders 2 shiprwrecks in #Greece,under very bad weather conditions. At Kithira, 80 rescued. At Lesvos, 40 on board, 16 dead, all women #Κυθηρα#Λέσβος #refugeesgr #antireport pic.twitter.com/wqOAJ6VcyK — NoBorders (@Refugees_Gr) October 6, 2022 Бродот со мигрантите се превртел во близина на источното пристаниште на островот во Диакофти со ветрови до 70 км/ч. „Го видовме бродот како се удира во карпите и луѓето како се качуваат на тие карпи за да се обидат да се спасат“, изјави локалната жителка Марта Статаки за новинската агенција Асошиетед прес. На брегот на Китера, 80 од 95-те луѓе од бродот биле спасени. Извештаите велат дека дошле од Иран, Авганистан и Ирак.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook