Во Берлин се гради објект во кој ќе има црква, џамија и синагога - Канал 5

Во Берлин се гради објект во кој ќе има црква, џамија и синагога

Во Берлин во четврток е свечено поставен камен темелник за објектот наречен „House of One“, кој под исти кров ќе смести црква, џамија и синагога.

Во Берлин се гради објект во кој ќе има црква, џамија и синагога

„„House of One“ во севе содржи комплексна теолошка задача: без резерва да се примат другите духовни перспективи. Тоа е место на отвореност и толеранција“, рекол претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле за време на поставувањето на камен темелник во историскиот центар на Берлин.

Шојбле ја истакнал потребата за дијалог меѓу религиите, а тоа според него се покажало и преку антисемитистичките испади во текот на анти израелските протести во последните денови.

Проектот „House of One“ е инициран од пастори од три вери - христијанска, еврејска и муслиманска.

Еден од иницијаторите, протестантскиот свештеник Грегор Хохберг, ја истакнува важноста на симболиката на градење на оваа единствена установа токму на историски значајно место во центарот на Берлин, каде стоела црквата Св.Петар, изградена во 13 век, која по по тешките оштетување во текотн на борбите за Берлин во Втората светска војна е урната.

„На најстарата локација во Белин, таму каде стоеше неговата прва црква, сакаме заеднички да погледнте кон иднината. На темелите на старата црква градиме една целосно нова зграда- „The House of One“. Тоа ќе биде куќа за молитви и учење во која живеат три вери. Тоа ќе биде синагога, црква и џамија, се под еден покрив, рекол Хохберф.

Берлинскит градоначалник Мајкл Милер тој проект го нарекува „симборл на толеранција и успешен дијалог меѓу религиите“.

Верската градба, во која ќе има осум цркви, џамии и синагоги треба да има и заедничка сала за средби, и би требало да биде довршена до 2025 година, а предвидените трошоци за градба се 47.3 милиони евра. Од јавни средства и од приватни донации од над 60 земји досега се собрани 40 милиони евра, пишува Индекс.хр.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Кина побарала од Иран да го искористи своето влијание врз јеменските Хути. Целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море.

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија активностите долж брегот на Црвеното море.

Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика на воздржаност, дијалог и безбедна пловидба.според ирански извори, Техеран смета дека стабилноста зависи од завршувањето на конфликтот.

Пекинг е загрижен за безбедноста на клучните енергетски и трговски маршрути.Кина е најголем трговски партнер на Иран и значаен купувач на неговата нафта.

Пекинг во 2023 година посредуваше и во приближувањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Сепак, не е јасно дали Техеран ќе постапи според барањето на Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и потопло, со дневна температура до 32 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.

Сончево и потопло, со дневна температура до 32 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава минатата недела им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.

Покрај Бајрами, во случајот се обвинети и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер