3Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со позитивна оценка од Европската комисија е потврден реформскиот напредок на Македонија во рамки на Планот за раст Јули е важен месец за Македонија и проценките што ги прави Европската комисија за сите кандидати.Позитивната оценка од Европската комисија е признание за успешно спроведените реформи во држата. Според информациите со кои располагаме, Македонија, заедно со Албанија и Црна Гора, е меѓу земјите кандидати кои бележат најдобар напредок во спроведувањето на Реформската агенда и обврските што произлегуваат од Планот за раст на Европската Унија. Ова е значајно признание за институциите и за сите кои активно придонесуваат во исполнувањето на реформските приоритети. Оценката од Европската комисија е дополнителен мотив Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со уште посилна динамика во реализацијата на реформите. Оценката од Европската комисија ги фрла во вода лагите на СДС и ги побива обидите за создавање лажна слика дека државата не ги исполнува своите обврски кон Европската унија. Неопходно е сите политички чинители да покажат одговорност и конструктивност во периодот што следува. Усвојувањето на Изборниот законик, како дел од Реформската агенда, претставува обврска која е резултат на широк процес на консултации и договор во рамки на работната група при Министерството за правда, во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. За поздравување е и определбата на Европската комисија реформскиот напредок да биде основа за распределбата на средствата за земјите кандидати. Очекуваме во текот на јули да биде донесена одлука, при што Македонија, како една од најуспешните земји во спроведувањето на Реформската агенда, ќе ја добие заслужената поддршка. Благодарност и до Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадорот Рокас и неговиот тим за континуираната поддршка и соработка во успешно спроведување на реформите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Македонија72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела државаЗа време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиењеГостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска. Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилацијаСкопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала. Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter