СДММ: „Твоја држава, твоја шанса“ - за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан
Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
1СДММ: „Твоја држава, твоја шанса“ - за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан
2Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС брани фашизам, го регистрира здружението Цар БорисСДС брани фашизам, го регистрира здружението Цар Борис, а европските социјалдемократи го ништат идентитетот, како СДС.СДС брани фашизам, го регистрира здружението Цар Борис, а европските социјалдемократи го ништат идентитетот, како СДС. СДС дозволи формирање на клубот Цар Борис, исто како што претходно дозволи формирање на клубот Ванчо Михајлов. Владата на СДС доколку не поддржува фашизам ќе испратеше барем една протесна нота, но од тоа ни трага ни глас. Напротив, и од нивното политичко семејство во Европа добиваме негација на идентитетот. Станишев, лидерот на европските социјалдемократи побара да се избрише македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот. Станишев е човекот кој пред парламентарните избори во 2020 година отворено изјави дека Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и СДС. А, имаше и изјави дека за Бугарија најдобро е СДС и Заев да се на власт. Ова се тие пријатели на СДС кои не негираат, и кои сакаат да го избришат нашиот јазик и идентитет на европско ниво, исто како што тоа го прави СДС во Македонија. СДС не прави ништо да ја заштити Македонија, напротив, допринесува за понижувања. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДММ: „Твоја држава, твоја шанса“ - за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв станВистина е дека младите сакаат да ја напуштат Македонија.Правично е да добијат шанса во својата земја, да останат, да работат, со добро платена работа, сопствен дом и систем. СДСМ во својата Платформа “Твоја држава, твоја шанса“ има мерки кои создаваат шанса за младите да живеат и градат кариера во својата татковина: -2.000 евра ваучер за секој матурант за обуки во програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии - за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места. -Целосно бесплатни студии на државните универзитети - знаењето не е привилегија, туку право. - Затоа гарантираме работа, пракса или обука во рок од четири месеци за секој млад човек од 18 до 25 години. Праведно е младите да бидат поддржани веднаш по завршување на образованието. -30.000 евра грант за отворање сопствен бизнис за младите кои ќе се вратат дома - за да градат кариера тука и да придонесуваат во домашната економија. Целосно ќе го укинеме данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан. Првиот дом не смее да биде луксуз. Евтини станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години и 5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот. Така се гради иднина за младите. Праведно е Македонија да стане држава во која младите остануваат, напредуваат и веруваат. Твоја држава, Твоја шанса! Прес конференција на СДММ, Бојан ЦветаноскиТагови: СДММ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушкиЛицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.06.2026 во 23:45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче на X: Дали Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?Филипче нагласува дека реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми се вистинските европски барања и единствениот пат за напредок на државата кон полноправно членство во Европската Унија.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објавата на X посочува дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите кои СДСМ ги застапува подолго време, а кои денес ги споделува и граѓанскиот Фронт за вистина и правда. „По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов“, наведува Филипче. Гордана Сиљановска Давкова изјави дека “Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и за националниот идентитет. Таа рече дека ЕУ треба да нѐ оценува според Копенхашките критериуми, а не според историски и идентитетски спорови: „Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата.” Претседателот Филипче нагласува дека реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми се вистинските европски барања и единствениот пат за напредок на државата кон полноправно членство во Европската Унија. „Дали ова значи дека претседателката Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда? По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов. Упорно објаснуваме дека реформите и Копенхашките критериуми се европски барања a не бугарско прашање и дека се клучни за продолжување на преговорите. Реформите не претставуваат никаква закана за јазикот, културата и македонскиот национален идентитет. Не смееме да дозволиме Мицкоски со лаги и пропаганда да го дели народот, да ја изолира Македонија поради својот криминал и корупција и да ја остави Македонија како слепо црево на Балканот. Гордана, ви благодарам за вистината. Како професорка по право, се надевам дека наскоро ќе бидете и на страната на правдата. Реформи сега. Европа сега.“ стои во објавата на претседателот Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter