ВМРО-ДПМНЕ: Реформите носат резултати, 31,7 милиони евра од Планот за раст се обезбедени за дигитална трансформација - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите носат резултати, 31,7 милиони евра од Планот за раст се обезбедени за дигитална трансформација

Додека СДС со години зборуваа за реформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати.

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите носат резултати, 31,7 милиони евра од Планот за раст се обезбедени за дигитална трансформација

Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација.

Овие средства не се добиени по случајност, ниту поради празни политички ветувања. Тие се резултат на сериозна работа, исполнети реформи, донесени законски решенија и јасна политичка волја државата конечно да се движи напред.

Дигиталната трансформација не е парола, туку реална промена која значи побрзи услуги, помалку бирократија, пократки процедури и институции кои работат во интерес на граѓаните.

Во 2025 година беше донесен најобемниот пакет закони во областа на дигиталната трансформација, со што беа поставени темелите на модерна, ефикасна и европски усогласена држава. Овој реформски процес продолжува со истото темпо и во наредниот период, со цел целосно исполнување на Реформската агенда.

Разликата денес е повеќе од очигледна. Наместо застој и блокади, има напредок. Наместо изговори како во минатото и владеењето на СДС, сега има резултати.

Наместо декларативни заложби, има реформи кои носат европски средства и директна корист за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да се врати во период на неработење и пропуштени можности. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со реформи, инвестиции и дигитализација кои ја прават државата поефикасна, поконкурентна и вистински сервис на граѓаните.

Македонија забрзува.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче објави документи за кои тврди дека откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок

Документи кои откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата за белодробни заболувања во Лешок, објави лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче објави документи за кои тврди дека откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок

Официјалните документи, како што кажа, ги доставиле свиркачи, а станува збор за Извештај за тестирање на безбедноста на водата од примерок земен од болницата уште во мај во кој, според него, е констатирано дека водата не е безбедна за пиење, а институциите, вели Филипче, ништо не презеле. Здравствениот систем според него е во колапс, а државата не го штити здравјето на граѓаните.

-Извештајот за тестирање на безбедноста на водата, е од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Датум на завршување на испитувањето е 13 мај. Вкупен број на колиформни бактерии во 100 милилитри вода е 51. Примерок од чешма од болницата каде што се лекуваат луѓе. 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода. И пишува дека не соодветствува на квалитетот на вода која што е потребна за пиење. И ова е во болницата во Лешок, на крајот на мај, а никој не реагирал. Знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институциите?, рече Филипче.

За случајот со загадената вода во Гостивар, Филипче бара оставки, а министерот за здравство и сите надлежни институции според него мора да понесат политичка и кривична одговорност. Според лидерот на СДСМ додека обвинителството и институциите молчеле, епидемијата се проширила во Гостивар, а резулат на тоа се отруени 3000 илјади луѓе. Од СДСМ бараат вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата и јавно објавување на резултатите.

-Обвинителот Савески ја користи тајноста на истрагата како изговор зошто информациите не се соопштувале навреме на јавноста и ова е опасна замена на тези затоа што квалитетот на водата не е тајна во рамки на истрагата тоа е факт што граѓаните мора да го знаат. Додека обвинителството тактизирало, а сите здравствени институции молчеле, епидемијата се ширела во Гостивар. Притоа сите коишто учествувале во прикривање на овие информации мора да сносат и политичка и кривична одговорност. Министерот за здравство, директорката на ИЈЗ, Центарот за јавно здравје, АХВ и обвинителството. Бараме политичка одговорност и оставки од овие луѓе, затоа што си поигруваат со здравјето на граѓаните, изјави Филипче.

Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија реагираат дека Владата презема конкретни мерки за стабилизација и подобрување на системот. -Додека Филипче беше министер, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем.

Наместо инвестиции во здравството, со СДС и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки, велат меѓудругото од ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

До крајот на неделава водата во Гостивар треба да биде безбедна за техничка употреба – односно за миење и други домашни потреби, но не и за пиење, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Тој појасни дека во прва фаза нема да смее да се конзумира, а по миење на системот и потврда од лабораториски испитувања дека е безбедна, што се очекува да се заврши наредната недела, водата од чешмите во Гостивар ќе може и да се пие.

-Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски „Водовод“ и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно миење на системот за да може да добиеме вода која што ќе има нормални граници на хлор и која што ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Во меѓувреме граѓаните на Гостивар да не се опуштаат, да ги следат мерките и да не користат вода од чешма, порача Министерот за здравство Сашо Клековски. Епидемиолошката состојба во моментот е на статус кво, а во главно се намалува, но од медицински аспект нема никакви сомнежи дека извор на заразата е загадената вода, бидејќи дека освен астровирусот, најчесто пациентите имале и бактерија шигиела, што може да предизвика и крвави столици, а укажува на фекално загадување.

Во однос на вчерашната изјава и апел да нема „јавачи на епидемија“, коментар на кој реагираше и професорот Никола Пановски, Министерот Клековки ретерираше и појасни дека не мислел на никој од лекарите конкретно, туку алудирал на граѓаните за да се информираат пред се преку надлежните институции за состојбата и начинот на лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска Арабија

САД потпишаа значаен договор со Саудиска Арабија, што ќе ѝ овозможи да развива цивилна нуклеарна програма, во што ќе учествуваат и американски компании.

САД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска Арабија

Текстот од договорот не беше објавен јавно, но американските медиуми објавија дека тој ќе ѝ дозволи на Саудиска Арабија да збогатува ураниум во иднина. Експертите велат дека ова создава ризик од идна нуклеарна пролиферација во веќе нестабилниот регион.

Министерството за енергетика на САД кажа дека покрај договорот за соработка, потпишан е и „двостран договор за заштитни мерки“.

Ова е првпат САД да ѝ помагаат на друга земја да збогатува ураниум на своја територија. објавата уследи среде ескалацијата на војната во иран, што сад ја започнаа во февруари за да го спречат да развие нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер