МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реформите кои ги спроведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ со дигитализацијата даваат резултатиРеформите кои ги спроведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ со дигитализацијата даваат резултати, крај на бирократијата и ефикасни институции во корист на граѓанитеРеформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери. Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно. Преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk граѓаните добиваат можност да ги завршуваат административните постапки без непотребно чекање по шалтери. Тоа е само почеток на процесот кој мора да продолжи со уште посилно темпо. Паралелно, се работи на усогласување на законодавството со европските стандарди, со што македонските граѓани ќе можат да ги користат придобивките од иницијативата „Роаминг како дома“ при патување во земјите од Европската Унија, без дополнителни трошоци за комуникација. Реформската агенда останува врвен приоритет. По најобемниот пакет закони донесен во 2025 година, реформите продолжуваат со уште посилен интензитет. Македонија веќе обезбеди 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација, средства кои мора да се претворат во конкретни услуги и подобар животен стандард. Истовремено, бројот на центрите за услуги е значително зголемен, со што институциите стануваат подостапни за граѓаните низ целата држава. Посебен фокус се става и на развојот на вештачката интелигенција преку Националниот центар „Везилка“, со цел развој на македонски јазични модели, заштита на културното наследство и изградба на доверлив национален систем за примена на вештачката интелигенција во согласност со европските стандарди. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да стави крај на спорите, нефункционални и скапи административни процедури. Дигитализацијата значи помалку бирократија, помалку трошоци и повеќе време за граѓаните. Разликата е јасна, наместо празни ветувања и изгубени години како во минатото и владеењето на СДС, денес се градат системи кои носат реални резултати. Целта е институциите конечно да работат брзо, транспарентно и во интерес на секој граѓанин. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе Речиси 200 паднати дрвја, 117 оштети возила, 35 оштетени покриви и 5 пожари остави зад себе невремето проследено со силен ветер и дожд што вчера го зафати Скопје. Екипите на надлежните институции и денеска се на терен, се отстрануваат паднати дрвја и гранки, вели за Канал 5 градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Се расчистуваат сообраќајниците а се интервенира на сите критични локации каде што силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа штети. -Овозможен пристап по сите булевари како и централното градско подрачје и покрај тоа што имаше сериозно оштетување на неколку стотици дрвја, имаше кровови и кровни конструкции летнати од зградите кои за брзо време беа дислоцирани од коловозите. На некои позиции каде беше неминовно имаше оштетување на возила, најпрвин се чекаше и се уште се чека МВР да направи официјални записници после кои веднаш во комуникација сме со граѓаните и со СВР Скопје ќе постапиме ние со помош и расчистување на тој дел,- изјави – Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Град Скопје. Оштетувања има и на државни објекти како министерства, обвинителства и комплексот „Вили Водно“. Проблеми беа регистрирани и на Меѓународниот аеродром Скопје, каде поради протекување на покривот инало прекин на авиосообраќајот. Над 30 лица побарале лекарска помош кои се здобиле со скршеници од невремето. Само во градската болница Св. Наум Охридски се примени над 20 лица а двајца се задржани. -Од 22-та пациенти во „Св. Наум Охридски“ двајца се примени на болничко лекување, другите се третирани клинички со полесни повреди. Еден пациент е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во предел на шаката. Има уште еден пациент кој е странски државјанин, турист, а е повреден при пад на дрво, во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман, што значи се движело за консултативно лекување,- изјави– Небојша Настов – Директор на „Св. Наум Охридски”. На Ургентен се примени 11 лица, тројца од нив со посериозни скршеници. Штети има и кај здравствените установи, вели министерот за здравство Сашо Клековски. -На ТОАРИЛУЦ се примени 11 повредени лица по вчерашното невреме од кои тројца се со посериозни скршеници и се третираат соодветно на клиниката. Ги следиме штетите на здравствените установи, има паднати дрвја и во клиничкиот центар Мајка Тереза без повредени. Во психијатриската болница во Бардовци без повредени таму имаше исто така неколку часа прекин во елтреичната енергија и има значајни штети на кровната конструкција на клиничката болница во Штип. Веќе се отстранети штетите, работат и осигурителните куќи на проценките на штетите,- изјави – Сашо Клековски – Министер за здравство. Поголем проблем за жителите предизвикаа паднатите кровни конструкции на некои од зградите по што градоначалникот Ѓорѓиевски најави инспекции посебно на постарите згради во градот. Премиерот Христијан Мицкоски пак вели дека штетите по невремето ќе бидат утврдени и надоместени согласно законските процедури и досегашната практика. -Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. И денес ќе продолжат со активности, бидејќи станува збор за епско невреме. Подготвеноста и мотивацијата од нивна страна беа на високо ниво. Штетите ќе бидат констатирани и, согласно законските процедури и досегашната практика, ќе бидат надоместени од надлежните институции,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Штета е пријавена и во други градови кои беа зафатени од невреме како Куманово, Велес, Тетово, Струмица, каде покрај оштетената електрична инфраструктура, имало и пријави за штети во земјоделството, вклучувајќи оштетени оранжерии и земјоделски култури. На подрачјето на Штип регистрирани се 14 оштетувања на возила и шест оштетени кровни конструкции. Паднати дрвја, оштетени покриви и прекин на струјата е пријавено и во Кочани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
СветЛавров и Рубио утре на иста маса: Војната во Украина главна тема на разговорРускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретнат утре на маргините на самитот на АСЕАН.Двајцата дипломати претходно изразија подготвеност за одржување на средбата, а Лавров потврди дека ќе разговара со својот американски колега. Според рускиот министер за надворешни работи, главната тема на дискусијата ќе биде војната во Украина. Иако искачувањето на Доналд Трамп на претседателската функција во САД доведе до интензивирање на контактите меѓу Вашингтон и Москва, во последните месеци немаше јавни средби меѓу високи функционери од двете земји. Во меѓувреме, Трамп го поддржа усвојувањето на закон во Конгресот на САД за заострување на санкциите против Русија, но истовремено покажа поголема поддршка за Украина - чие раководство претходно честопати јавно го критикуваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНорвешка нафтена компанија ја удвоила добивката поради војната во ИранНорвешката државна нафтена компанија „Еквинор“ (Equinor) објави дека речиси ја удвоила својата добивка во вториот квартал, достигнувајќи 11,5 милијарди долари. Зголемувањето на заработката се должи на скокот на цените на нафтата и гасот предизвикан од војната против Иран, пренесува „Гардијан“. Скок на цените „Еквинор“ ја искористи ситуацијата преку зголемување на производството на нафта и гас на почетокот на конфликтот. Ова помогна да се надомести дел од недостигот на понудата на пазарот откако сообраќајот низ Ормускиот Теснец запре, прекинувајќи го протокот на нафта од Персискиот Залив. Компанијата исто така профитираше од самиот пораст на цените на нафтата. Поради неизвесноста во врска со глобалните залихи, цената на суровата нафта од типот „Брент“ флуктуираше меѓу 75 и над 100 долари за барел во периодот од април до јуни. За споредба, во истиот период минатата година, цената се движеше меѓу 60 и 70 долари. Цените на нафтата паднаа минатиот месец откако САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање, но повторно почнаа да растат со обновувањето на конфликтот. Во среда наутро (според лондонско време), цената на суровата нафта „Брент“ порасна за околу 3,3 отсто, достигнувајќи околу 94,30 долари за барел.Тагови: нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter