3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Груевски е жртва на политички прогон и хајка“Кацарска судството” работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал. “Кацарска судството” е срам за правдата и правдината,се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ. “Кацарска судството” ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази. Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството. Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото “Кацарска судство” го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое сеуште го користи криминалната власт. Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка. СДСМ ја урнисаа правната држава, ги зарабија правосудните органи и целосно ги ставија во функција на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Република Македонија и нејзините граѓани стана заложници на криминалниот картел на власт. Партиското судството во Македонија работи целосно под диктат на Зоран Заев и за нив не важат ниту докази, ниту аргуементи. Судството слепо ги извршува политичките нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев. Кривичниот совет само за да му удоволи на Зоран Заев експресно во најбрз рок и без да ја разгледа ја одби жалбата на Никола Груевски. Ваквиот потег е невиден преседан во судството и уште една потврда дека судот е целосно партизиран и се наоѓа во рацете на СДСМ и Заев. Поредокот во државата е целосно урнисан, правната држава не постои, а обинителството и судството носат политички пресуди само за да го заштитат криминалот на Заев и распродажбата на се што е македонско. Судот испраќа порака и до секој друг кој ќе му застане на Заев дека ќе го снајде истото доколку му застане на патот во уништувањето на државата. Со политичкиот прогон и неправда која се спроведува преку институциите се отвора слободен терен на Зоран Заев за продажба на државните и националните интереси. Додека институциите слепо работат во служба на Заев и заштита на неговиот криминал, Република Македонија се повеќе тоне, граѓаните осиромашуваат, и се распродава се што е македонско. Македонија е клекната на колена и затоа ова политичко и економско насилство кое го спроведуваат СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да запре. Наскоро ќе дојде ден кога ќе сносат политичка одговорност за ова силување на државата. СДСМ мора да си замине за Македонија да оди напред. Македонија ќе победи!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоОблачно и постудено со повремени врнежи од дождВремето денеска ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и утре претпладне. Наместа се очекуваат пообилни врнежи, со над 30 литри дожд на квадратен метар.Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 23 степени. УХМР Во Скопје ќе преовладува облачно и постудено време. Попладне, како и во текот на ноќта, се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). УХМР ги измери температурите во осум часот во градовите низ Македонија. Утринава, 25.09.2026, најстудено е во Берово каде се измерени 5 степпени во 8 часот, по што следи Попова Шапка со 6 степени. Виница и Зајчев Рид со по 11 степени се најтоплите места утрово во Македонија. Во Скопје во 8 часот утрово УХМР измери 8 степени Целзиусови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околинатаСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна ГрцијаСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Земјотресот беше почувствуван во југозападните делови на Републиката, Битола, Ресен и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме јавете се на 112.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение за оштетување на куќата на Малески во СтругаОсновното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против вкупно 6 лица за дејствија на кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против вкупно 6 лица за дејствија на кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Првообвинетиот, управител на градежна фирма од Велешта, како инвеститор и изведувач на работи за уривање на објект, бил задолжен со решение од Управата за заштита на културното наследство да изготви идеен проект со строго утврден начин за уривање, со оглед на тоа што наведениот објект бил во непосредна близина и делел преграден ѕид и кровна конструкција со заштитената стара струшка куќа на Владо Малески. Меѓутоа, иако бил задолжен, тој изготвил само основен проект без утврден начин за уривање на стариот објект, а по уривањето на истата парцела започнал изведба на нов објект со подрум, приземје и кат. Копајќи за подрумските простории на новиот објект, обвинетиот извршил широк ископ со багер, со што го поткопал заедничкиот преграден ѕид меѓу двата објекти, што довело до дестабилизација и уривање и на куќата под заштита како културно наследство. Градежен инжинер и архитект од Секторот за урбанизам при Општина Струга се обвинети дека го изготвиле и одобриле одобрението за градење, без да биде приложен и идеен проект за уривање на претходниот објект на парцелата, со што му помогнале на првообвинетиот да го изврши кривичното дело. Обвинението го опфаќа и тогашниот градоначалник на Општина Струга кој го донел одобрението со кое, наспроти Решението на Управата за заштита на културното наследство му дозволил на првообвинетиот, покрај приземје и спрат, да изгради и подрум на објектот Обвинета за помагање на првообвинетиот е и архитектката – конзерватор во Заводот за заштита на културното наследство и музеј – Охрид кое изготвила мислење без забелешки по однос на усогласеноста на проектот со насоките од Управата за заштита на културното наследство и ја заверила техничката документација во која, спротивно на решението на Управата, се предвидувала изградба и на подрумски простории. Со дејствијата на обвинетите, на 15.10.2025 година, на улицата “Браќа Миладиновци” во Струга била оштетена стара струшка куќа прогласена за значајно културно наследство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter