Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд - Канал 5

Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и утре претпладне. Наместа се очекуваат пообилни врнежи, со над 30 литри дожд на квадратен метар.

Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 23 степени.

УХМР

Во Скопје ќе преовладува облачно и постудено време. Попладне, како и во текот на ноќта, се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УХМР ги измери температурите во осум часот во градовите низ Македонија.

Утринава, 25.09.2026, најстудено е во Берово каде се измерени 5 степпени во 8 часот, по што следи Попова Шапка со 6 степени.

Виница и Зајчев Рид со по 11 степени се најтоплите места утрово во Македонија.

Во Скопје во 8 часот утрово УХМР измери 8 степени Целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебито на Клоп на германската клупа. Еве како светските медиуми го опишаа неговото враќање

Дебитантскиот натпревар на трофејниот Јирген Клоп на клупата на германската репрезентација во Амстердам заврши без победник.

Дебито на Клоп на германската клупа. Еве како светските медиуми го опишаа неговото враќање

Германија водеше во поголемиот дел од мечот, но голот на Коди Гакпо во судиското надополнување ѝ донесе реми (1:1) на Холандија во натпреварот од Групата 1 на Лигата А во Лигата на нации.

Овој натпревар беше и деби за Чави Ернандез како нов селектор на Холандија, а предизвика и бројни реакции во светските медиуми. Дел од медиумите го насочија вниманието кон однесувањето на Клоп покрај теренот.

Англискиот весник „Телеграф“ истакнува дека тој ги „полни батериите“ откако во јануари 2024 година најави заминување од Ливерпул поради замор.

Весникот го опишува како енергичен тренер кој страсно слави, мавта со рацете и постојано комуницира со играчите во обид да го врати статусот на Германија како фудбалска велесила. „Гардијан“ додава дека Клоп го добил она што го предвидел – „бурно“ деби и борбена игра, но во рамките на еден „чуден, неповрзан и понекогаш вознемирувачки хаотичен натпревар“, кој исто така донесе нова загриженост поради повреди.

Францускиот весник *L'Équipe* го опиша натпреварот како „забавен дуел што потсетуваше на боксерски меч, во кој противниците немилосрдно разменуваа удари“.

Според нивната анализа, секој тим имаше свои рунди и моменти на слабост, а во одредени периоди и двете екипи беа „на работ на нокаут“. *L'Équipe* заклучува дека, доколку победникот се одредуваше на поени, Холандија ќе триумфираше.

Швајцарскиот весник *Blick* го нарече натпреварот „лудо дерби“, истакнувајќи дека тимот на Клоп имал многу среќа, иако на крајот сепак ја испуштил победата.

Повеќето медиуми се согласуваат дека конечниот резултат бил реален одраз на случувањата на натпреварот. Холандскиот весник „AD“ пишува дека поразот за новиот тренер Чави долго време изгледал неизбежен, но дека голот на Гакпо бил „целосно заслужено израмнување“.

„De Telegraaf“ се согласува со тоа, истакнувајќи дека ерата на Чави започнала со „целосно заслужено реми“. Италијанскиот „Corriere dello Sport“ накратко наведува дека „новата ера за двете репрезентации започнала со поделба на пленот“. И шпанските медиуми истакнуваат дека Холандија заслужила повеќе.

„AS“ пишува дека „Клоп го преживеал Чави“ на натпревар на кој домашниот тим требало да победи, но успеал да го совлада голманот Тер Штеген дури во завршницата. „Sport“ додава дека на дебито на Чави „недостасувала само победа“, бидејќи домаќините доминирале и успеале да ги надминат одбраните на Тер Штеген, ВАР-системот и контроверзниот гол на Нмеча.

„Marca“ заклучува дека голот на Гакпо во 92. минута „го разубавил дебито на Чави против Клоп“. Австрискиот „Kronen-Zeitung“ пишува дека „Холанѓаните ја расипале забавата на Клоп“, додека „Le Figaro“ забележува дека „Холандија ја фрустрирала Германија на Клоп“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот 

Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола.

„Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија, во чиј фокус се борбата за вистината, слободата на новинарството и обидот да се зачуваат личниот и професионалниот интегритет во општество во кое политиката, криминалот и медиумите се длабоко испреплетени.

Сместен во корумпиран режим каде што се појавува компромитирачко видео за автократ, филмот следи двајца новинари во движење - бркани од сенките и од времето. Приказната се одвива без ред, при што времето се искривува повеќе од притисок отколку од стил -каде што вистината е морално двосмислена, а правдата е главно прашање на тајминг. Во свет, во кој, секој има тајни за криење, поседувањето на туѓата тајна претставува нова валута, со која, може да се тргува и обезбеди нечија пропаст. Меѓутоа, во играта со оган, ретко кој останува неизгорен.

Идејата за филмот е на Срѓан Јаниќијевиќ, а сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски. Главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски и Дарја Ризова, а во актерската екипа се и Сашко Коцев, Сара Сандева и Оливер Митковски.

Директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер е Mартин Иванов, композитор и автор на музиката е Игор Василев Новоградска, дизајнер на продукција Иван Бартлинг, костимограф Лидија Георгиева, дизајнер на филмска шминка Снежана Ангеловска Живковска, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Извршен продуцент е Сашо Пешев, а реализиран е во продукција на „Ново македонско видео“ и „Њу момент“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија

Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија: Време е за европски и јасни правила.

Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија

ДОМ отвора европска дебата за правила што ќе ги стават јавниот интерес, енергетската и водната сигурност во центарот на развојот на дата-центрите. По иницијатива на нашата партија, предлог-резолуцијата за регулиран развој на дата-центрите и заштита на енергијата, водните ресурси и локалните заедници е прифатена со силна поддршка од сестринските зелени партии и ќе биде ставена на гласање на претстојниот Конгрес на Европската зелена партија во Варшава.

Македонија е конкретен пример за потребата од ваква рамка. Со законските измени усвоени годинава зад затворени врати се олеснува развојот на дата-центрите и придружната енергетска инфраструктура, со поедноставен режим на урбанистичко планирање за овие објекти. Во меѓувреме, Владата најави Национален дата-центар и потврди дека разговара со шест компании за неговото финансирање, но условите и критериумите за овие инвестиции остануваат затворени за јавноста. Покрај најавениот Национален дата-центар, во земјата се отвора простор и за развој на комерцијални дата-центри, како што покажа неодамна и случајот во Пехчево, додека преговорите и одлуките се водат зад затворени врати, без транспарентност и без вклучување на стручната јавност и локалната заедница.

Предлогот на ДОМ доаѓа во време кога Европа забрзано го зголемува капацитетот на дата-центрите, а во Европскиот парламент се води интензивна дебата за развојот на оваа инфраструктура, особено со растот на вештачката интелигенција. До 2030 година потрошувачката на електрична енергија на дата-центрите во ЕУ се очекува да достигне 114 TWh, односно околу 3,2% од вкупната потрошувачка. Во септември Европската комисија предложи заедничка шема за оценување и започна консултација за минимални стандарди, кои во моментов не се обврзувачки.

Затоа, ДОМ во резолуцијата повикува на јасни, прецизни и обврзувачки европски критериуми за енергијата, водата и електроенергетската мрежа со мерливи показатели, транспарентни податоци и вклученост на локалните заедници. ДОМ бара ваквата европска рамка да биде применлива и во земјите кандидати, вклучително и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер