НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
2НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
2Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банкатаДали Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДС.СДС и Венко Филипче со месеци ја политизираат темата за Алта банка. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви. Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена. Целта на СДС и Филипче е да се создаде недоверба, да се предизвика паника и да се наруши угледот и пазарната позиција на банката, со што евентуално би се создале услови за нејзино преземање по значително пониска цена од страна на бизнис-кругови блиски до Филипче и Заев. Доказ што ја поткрепува оваа информација е и прес-конференцијата на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на Алта банка, со што прави кривично дело според член 315 од КЗ. Филипче и СДС прават груба политичка злоупотреба креирајќи паника а позади тој параван стојат приватни економски интереси на Филипче и кланот Заеви. Граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - СаганакиВо среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.Состојки за денешниот рецепт: 1 пакување ракчиња 1 козерва доматни пелати 1 домат 1 мало пакување фета сирење 1 лажиче сенф 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и нане 2 потпечени лепчиња Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЖивотКарни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокејКанада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни.Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни пред новинарите. Канада, клучен меѓународен сојузник на Украина во војната против Русија, веќе ја осуди одлуката на Спортскиот арбитражен суд од минатата недела, со која им се дозволува на Русите да се натпреваруваат на настани организирани од Меѓународната федерација за хокеј на мраз. Предвидено е Светското јуниорско првенство да се одржи во периодот од крајот на декември до почетокот на јануари. „Сè додека Русија и Белорусија ја поддржуваат оваа незаконска, неоправдана и ужасна војна во Украина, и сè додека таа трае, ниту еден од тие спортисти нема да се натпреварува за својата земја во Канада“, изјави канадскиот премиер. „Значи, ако прашувате конкретно за Светското јуниорско првенство – Русите нема да бидат таму“, рече тој на телевизиска прес-конференција одржана по завршувањето на самитот во Антигва. Претходно во вторникот, националните федерации за хокеј на мраз на Норвешка, Данска, Шведска и Чешка изјавија дека ќе одбијат да играат против Русија на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи, кое следната година ќе се одржи во Германија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаНов хаос во Грција: Евролигата покрена постапка против газдата на Пана, Јанакопулос! Евролигата покрена дисциплинска постапка против Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откако тој на социјалните мрежи сподели содржина директно насочена кон Олимпијакос и неговиот тренер Јоргос Барцокас.Судирот меѓу двата најголеми грчки кошаркарски ривали со тоа доби нова димензија, а контроверзниот прв човек на атинските „зелени“ повторно се најде во центарот на вниманието. Јанакопулос на своите профили сподели објави и пораки што претходно беа истакнати од навивачите на Панатинаикос за време на натпреварот од Евролигата против Басконија. Нивната содржина се однесуваше на тековната истрага во Грција за сомнежи околу регуларноста на одредени кошаркарски натпревари, при што се алудираше дека Олимпијакос и неговиот тренер би можеле да бидат вмешани во целата афера. Во пораките се спомнуваа наводно местење на натпревари и „валкани пари“, што дополнително ја вжешти и онака напнатата атмосфера меѓу двата табора. Панатинаикос не остана без одговор на потегот на Евролигата, туку реагираше со официјално соопштение во кое го насочи вниманието кон ставовите на својот најголем ривал за случувањата во грчката кошарка. Атинскиот клуб потсети дека Олимпијакос своевремено го оценил изборот на Вангелис Лиолис за претседател на Грчката кошаркарска федерација како „одличен“, притоа забележувајќи дека клубот од Пиреја јавно не реагирал на она што Панатинаикос го нарекува најголем скандал во историјата на грчката кошарка. Останува да се види каква одлука ќе донесат дисциплинските органи на Евролигата и дали Јанакопулос ќе се соочи со последици поради своите објави.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00