ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата
МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
1МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%Забрзува растот на туризмот и Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација.Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд. Според најновите показатели, Македонија бележи значителен раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот. Извештајот на Светска Банка потврдува дека, на годишно ниво бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40%. Позитивниот тренд го потврдуваат и официјалните статистички податоци, така што во првите пет месеци од годината, бројот на странски туристи е зголемен за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Ова се конкретни резултати кои покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка дестинација. Особено значајно е што туристичката понуда се развива во текот на целата година. Покрај летниот туризам, сè поголем потенцијал имаат културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам. Поголемиот број туристи значи повеќе работа и приходи за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите, малите и семејните бизниси, но и поголеми можности за развој на локалните заедници. Владата паралелно создава услови за нови инвестиции во туристичките капацитети, со поедноставување на процедурите и подобрување на деловната клима. Целта е во Македонија да има повеќе сместувачки капацитети, поквалитетна понуда и повисоки стандарди во туристичкиот сектор. Посебен фокус е ставен и на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедува финансиска поддршка за инвестиции во руралните средини, со што се отвора простор за развој на семејните бизниси, создавање нови туристички содржини и отворање нови работни места. Туризмот е двигател на локалниот економски развој, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни политики, инвестиции и мерки кои носат резултати. Со јасна визија и континуирана поддршка, продолжуваме да ја градиме Македонија како модерна, конкурентна и атрактивна туристичка дестинација, со повеќе туристи, повеќе инвестиции, нови работни места и посилен економски развој. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАШеј Гилџес-Александер: „Јас сум најдобар во светот“Актуелниот МВП во НБА, Шеј Гилџес-Александер, смета дека е најдобриот кошаркар во светот.Предводникот на Оклахома се стави себе си пред центрите Јокиќ и Вембањама: „Јас сум најдобар во светот“ . Оклахома Сити Тандер го имаат одличниот канадски плејмејкер Шеј Гилџес-Александер, кој е двократен добитник на наградата МВП. Во разговор со новинарите на списанието „Тајм“, за време на едно интервју, тој изјави дека смета оти е најдобриот кошаркар на планетата. Тој самоуверено изјави дека е најефикасниот играч и нагласи дека неговиот тим има фантастичен сооднос на победи и порази во последните неколку години. „Мислам дека сум најдобриот играч во НБА. Сè што прикажувам секоја вечер е најдоброто што еден НБА-играч може да го понуди. Сметав дека сум најефикасниот НБА-кошаркар. А и многу придонесов за тимот да победува“, вели Шеј. Често го обвинуваат за „флопинг“ (симулирање контакт) и му велат дека „живее“ на линијата за слободни фрлања, на што тој одговара: „Кошарката ми донесе многу убави работи, и мене и на моето семејство. Ако наративот на социјалните мрежи е таков што го извлекува најлошото од мене, а се работи за слободни фрлања... тогаш би го прифатил тоа милион пати“, додаде Гилџес-Александер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Пит Хегсет: „Ќе се погрижиме луѓето да гледаат – тој ќе биде стрелан“ Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 лица во воената база Форт Худ во 2009 година, ќе биде јавно, со што тоа ќе стане првото погубување со стрелачки вод во американската војска.Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 лица во воената база Форт Худ во 2009 година, ќе биде јавно, со што тоа ќе стане првото погубување со стрелачки вод во американската војска по неколку децении. „Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат тоа, да биде јавно, бидејќи луѓето треба да разберат дека постојат сериозни последици за вакви работи“, изјави Хегсет во интервју со конзервативниот подкастер Џек Пособик, на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“. Сепак, Хегсет не изнесе детали за тоа како јавноста би можела да го следи извршувањето на смртната казна, пренесува Си-ен-ен. Пентагон во понеделникот објави дека Хасан ќе биде погубен од вод за стрелање, врз основа на препораката на Хегсет, која беше одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп. Вршителот на должноста секретар на Армијата на САД, Адам Тел, го закажа извршувањето на казната за 3 декември во 14:00 часот по локално време (односно во 20:00 часот по средноевропско време), во базата „Форт Худ“ во Тексас. Хегсет изјави дека погубувањето ќе се изврши во четврток, во време што соодветствува со моментот кога Хасан го извршил нападот, и дека во стрелачкиот вод ќе бидат вклучени војници вооружени со пушки. Во јули 2013 година, Хасан беше прогласен за виновен по 13 точки од обвинението за убиство со умисла и по 32 точки за обид за убиство. За време на судењето, тој изјави дека како цели ги одбрал војниците што требало да бидат испратени во Авганистан, тврдејќи дека тие ќе учествуваат во, според него, нелегална војна. Во 2009 година, тој отворил оган во медицинскиот центар во Форт Худ, каде што војниците се подготвувале за заминување во мисија и вршеле медицински прегледи. Откако војниците почнале да бегаат, Хасан ги следел до задниот излез на зградата, каде што дошло до размена на оган со полицијата. Во таа прилика, Хасан бил ранет. Егзекуцијата со стрелачки вод би била прва таква егзекуција спроведена од американската војска по Втората светска војна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денес е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за извршување дијагностички прегледи.Со цел навремено обезбедување на здравствените услуги, Институтот започна со организирано повикување и закажување нови термини за сите пациенти чии прегледи беа привремено презакажани поради настанатата состојба. За таа цел, организирана е работа во две смени, како и дополнителна работа во текот на претстојниот викенд, со цел во најкраток рок да се реализираат прегледите, согласно расположливите капацитети и утврдените медицински приоритети. Во однос на компјутерскиот томограф, лоциран во хируршкиот комплекс и наменет првенствено за дијагностичка обработка на итни пациенти, сервисната постапка се уште е во тек и се очекува да заврши во најскоро време. Постапувањето со итните пациенти продолжува согласно воспоставената меѓуинституционална координација и организација за обезбедување континуитет на неопходните дијагностички услуги, односно итните пациенти се згрижуваат во ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Апелираме во јавноста да не се изнесуваат непроверени информации, со цел да не се нарушува довербата во здравствениот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00