3Студентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудството
3Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
МакедонијаМицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионотОваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашање за предизвиците со енергетската криза истакна дека имаме најниски горива во регионот токму затоа што Владата воведе мерки и интервенираше, а во однос на цената на електричната енергија посочи дека забрзо ќе се демантираат манипулациите на опозицијата, затоа што за време на оваа Влада цената не е покачена, додека во минатата цената на електричната енергија беше покачена за 35 проценти. „Поврзано со предизвиците во енергетиката, цените на енергенсите и споредбата со земјите во регионот, ако денеска направиме пресек и анализа, тогаш ќе дојдеме до следниве бројки. Кај нас дизел еден литар гориво е 99 денари, следниот позади нас во регионот е Хрватска со 116 денари или отприлика 17% повисока цена, потоа е БиХ со 119 денари, отприлика за 20% повисока цена, исто толку е Словенија, потоа е Црна Гора со 122 денари односно тоа е отприлика 23% повисока цена, потоа е Србија со 124 денари, околу 25%, па потоа доаѓа Грција со 129 денари или 30% и конечно најскапа во регионот е Албанија со 145 денари по литар, тоа е отприлика 46% повеќе отколку тоа што чини литар дизел кај нас. Кај безоловниот 95 октани кај нас е 91 денар, следна е Хрватска со 104 или 14%, потоа е Словенија со 106 или 16%, па потоа е БиХ исто така со 106 денари, потоа е Србија со 109 или 20%, потоа доаѓа Црна Гора со 113 денари или 24%, па Албанија со 117 денари или 29% и конечно најскапа е Грција со 131 денар или 44% поскапо литар гориво безоловен 95 октани од тоа што е кај нас“, појасни премиерот Мицкоски. Во однос на темата која некои ја наметнуваат во врска со тоа колку гориво може да се купи со платата во Германија, а колку во Македонија, премиерот Мицкоски вели дека суштинското прашање е дали пред почетокот на кризата со просечна плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија, и како што појасни разликата е два пати. „Велат добро, ајде да видиме колку литри ќе купиме со нашата просечна плата ако ја споредиме платата во Германија и цената на литар. Тоа не е вистинското прашање, тоа е политичко манипулативно прашање. А кое е вистинското прашање? Дали пред почетокот на кризата со просечната плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија? Еве анализата покажува дека денес со просечната плата во Македонија купуваме повеќе литри дизел, отколку пред да почне енергетската криза споредено со Германија. Тоа е суштината. Дали тогаш со просечната плата во Германија купувале 100 литри, а сме купувале со просечната плата во Македонија во тој период 20 литри, сега во Германија се купува 80 литри, а во Македонија купуваме 30 литри. Тоа е суштината и начинот на кој треба да го поставуваме вистинското прашање. Разликата е два пати. Зошто? Затоа што оваа влада интервенираше пред сè во акцизите и во делот на ДДВ, односно за дизел горивата сега е намален од 18% на 10%, а во оној прв бран од крајот на февруари, таму некаде до крајот на мај, почеток на јуни и за безоловниот 95 октански“, изјави премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски додаде дека токму затоа и се прави вториот ребаланс на Буџетот, затоа што откако дојде вториот бран на кризата, и откако се имплементираа новите мерки треба да се направи подесување визави реалната состојба во државата. „Тоа не го направија другите земји во регионот, затоа не прават ребаланс. И ние можевме да оставиме ДДВ од 18%, да не ги намалиме акцизите, сè да си остане исто, тогаш немаше да бидат 99 денари за дизел и 91 денар за 95 октански безоловен, туку дизелот ќе беше над 110 денари како што е во најголемиот дел од земјите во регионот, а безоловниот ќе беше исто така околу 110 денари. Тогаш ќе немаше потреба од ребаланс, ќе имавме суфицит во буџетот, бидејќи ќе ги соберевме парите од граѓаните. Ќе ве вратам во 2022 година, тогаш не се направија мерките навремено и тогаш имавме литар гориво кој беше повеќе од 2 евра и дизел и безоловен 95 октански. Тоа е разликата и затоа ние денеска мораме да направиме ребаланс, токму поради овие мерки кои оваа влада ги донесе. Тоа имплицира во буџетот отприлика недостаток во вредност од горе-доле околу 5 до 6 милијарди денари, тоа е околу стотина милиони евра. Тоа е разликата помеѓу таа влада тогаш и оваа влада денес“, изјави премиерот Мицкоски. Во врска со цената на електричната енергија премиерот Мицкоски потенцира дека опозицијата ги плаши граѓаните, но забрзо ќе дојде 1 јануари и ќе се стави крај на шпекулациите. „За електричната енергија бидејќи ги слушам ќе поскапувала, не знам колку, дупло ќе се зголемела, ги плашат граѓаните, еве ќе дојде 1 јануари, и ќе видиме дали цената на електричната енергија ќе поскапи. Така велеа кога беше 2024, па 2025 еве истото го зборат 2026 година и еве досега цената на електричната енергија не се зголеми. Ајде да видиме во минатото да зборуваме периодот 2018-2023 година, 35% е зголемена, кога ќе земете во целост со воведување на блоковите 35%, а сега 2024-2026 година, нула, во услови кога ја имаме најголемата енергетска криза која човештвото ја памети. Тоа е разликата. Ќе дојде декември, ќе излезе Регулаторна комисија со свое толкување и ќе дадат одговор на оваа невистинита шпекулативна комуникација која ја има опозицијата. Тоа што наследивме од минатото е товар за кој треба време да се реши, но дали е подобро, е многу подобро, дали ќе биде подобро, да, ќе биде подобро“, нагласи премиерот Мицкоски, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЕвропаКрвава тепачка во парламентот на Ерменија- пратениците се степаа среде седница (ВИДЕО)Жестока расправија околу контроверзно изборно ветување прерасна во масовна тепачка во ерменскиот парламент.Пратениците од владејачката партија Граѓански договор и опозицијата разменија тупаници и клоцања, а целиот инцидент беше емитуван во живо, јавува „Арменпрес“. Тепачката избувна за време на парламентарната дебата Судирот во Ерменското национално собрание се случи на 29 октомври, за време на говорот на пратеникот од владејачката партија Граѓански договор, Тарон Чахојан. Тој упати навредливи коментари за семејството на Нарек Карапетијан, лидер на парламентарната група на опозициската партија „Силна Ерменија“, што предизвика жестока реакција од опозициските пратеници. Вербалниот конфликт набрзо прерасна во физичка пресметка. Пратениците станаа од своите места, се туркаа меѓусебно и се клоцаа и тупаници. Во еден момент, заменик-претседателот на Парламентот, Вахагн Алексањан, фрли стол кон опозициските пратеници. 🇦🇲 An Armenian parliament session turned into a brawl between deputies Lawmakers in Armenia engaged in an all-out brawl in the middle of a parliamentary session between representatives of the ruling party and the opposition. MPs even threw a chair at each other. https://t.co/qK96k3accn — Visegrád 24 (@visegrad24) October 29, 2026 Пратениците беа повредени, пристигна брза помош Видеата од инцидентот покажуваат хаотични сцени во собраниската сала, додека некои пратеници се обидуваа да ги разделат учесниците во тепачката. Пратеникот од опозицијата, Андраник Гевгорјан, имаше крвав нос, додека Рубен Мхитарјан имаше искината облека. Претседателот на парламентот, Рубен Рубинџијан, првично дозволи седницата да продолжи и покрај судирот, но подоцна прогласи пауза и ги повика членовите на собраниското обезбедување. Тензијата потоа продолжи во ходниците на парламентот, каде што пратениците го продолжија својот вербален судир, додека обезбедувањето се обиде да ги раздели.Тагови: Ерменија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураА1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивалПартнерство што ѝ дава сила на културата и ја поврзува публиката преку филмотСкопје, 29 октомври 2026 г.– А1 Македонија со гордост го најавува партнерството со 26. издание на Скопје филм фестивал, кое од 4 до 9 ноември ќе донесе филмски откритија, авторски средби и заеднички доживувања пред големото платно. Како генерален партнер, А1 го поддржува новото поглавје на фестивалот, со уверување дека силните партнерства создаваат нови можности за културата, за творците и за публиката. Свеченото отворање ќе биде во знакот на „ИДИОТ(И)“, во режија на реномираните Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт, со Ејми Лу Вуд, Џони Флин, Вики Крипс и Кристијан Фридел во главните улоги. Филмот ќе ја отвори програмата на фестивалот што продолжува во Младинскиот културен центар (МКЦ) и ќе ја поведе публиката низ различни авторски светови, современи теми и приказни што поттикнуваат разговор и по завршувањето на проекциите. „Во А1 веруваме дека поврзувањето има најголема вредност кога отвора можности за луѓето, за идеите и за заедницата. Филмот ја има токму таа моќ, една приказна на платното станува заедничко доживување, нè доближува до различни погледи и отвора разговори што продолжуваат и надвор од киносалата. Затоа, нашата поддршка за културата е долгорочна определба. Во тимот на Скопје филм фестивал препознавме јасна визија и посветеност, а со ова партнерство сакаме да ѝ дадеме дополнителна сила на нивната амбиција. Ја покануваме публиката да биде дел од фестивалот, затоа што културата добива полна смисла кога ја споделуваме“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија. Покрај проекциите, фестивалот ќе понуди средби со авторите и гостите, како и едукативна програма преку која младите ќе можат да учат од филмски професионалци, да разменуваат идеи и да ги развиваат своите креативни интереси. Со спојот на филм, разговор и учење, фестивалот ја продлабочува врската со својата публика и отвора простор за нова генерација филмски вљубеници и идни автори. „Со ова издание отвораме ново поглавје за Скопје филм фестивал, со внимателно избрана програма што носи врвни остварувања од елитата на современата светска кинематографија. Тоа се филмови со супериорен авторски израз, смели идеи и силни приказни, кои заслужуваат да се доживеат на големото платно. Отворањето со „ИДИОТ(И)“ ја најавува токму таа програмска амбиција, да ѝ понудиме на публиката исклучително филмско искуство што ќе ја поттикне повторно да им се враќа на киносалите. Сакаме фестивалот да биде место за филмски откритија, непосредни средби со авторите и инспирација за младите што го откриваат сопствениот филмски израз. Партнерството со А1 Македонија ни дава силен поттик да ја оствариме оваа визија и заедно да создадеме фестивал со трајна вредност за културниот живот на Скопје“, изјави Томи Салковски, директор на Скопје филм фестивал. Во рамките на фестивалот, А1 Македонија во соработка со А1 Србија, ја претставува и „А1 кинотека“ , проект посветен на дигиталната реставрација на филмови и зачувувањето на филмското наследство. Преку проекциите од оваа програма, публиката ќе има можност повторно да открие значајни филмски остварувања, кои со обновен квалитет добиваат нов живот на големото платно. Со ова партнерство, А1 Македонија продолжува да ги поддржува културните иницијативи што ја поттикнуваат креативноста и создаваат простор за заеднички искуства. Од 4 до 9 ноември, заедно со Скопје филм фестивал, ја поканува публиката во МКЦ на средба со филмот и со приказните што заслужуваат да се доживеат на големото платно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСтудентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудствотоЧетири дена по изборната победа, студентите одржаа прва прес-конференција во белградскиот Пионeрски парк, од каде што побараа итни оставки во безбедносните служби, полицијата, обвинителството и јавните претпријатија. Претставниците на движењето пред присутните истакнаа дека нема да се чека формирање нова влада за да се побара одговорност од челниците на државните институции. Студентите побараа оставки од директорот на БИА, директорот на полицијата, белградскиот јавен обвинител и претседателот на Уставниот суд. Ги повикаа државните службеници да пријавуваат незаконски наредби и евентуално уништување документација во периодот на транзиција на власта. -Студентска листа, „Студентите победуваат“ не дојде да се свети, туку да ги врати институциите на граѓаните. Не бараме политичка послушност, туку законитост, професионалност и одговорност. Секој кој го прекршил законот мора да одговара во законска постапка. Без оглед на функцијата која ја обавува,- изјави – претставник на Студентска листа Филип Вуковиќ . Паралелно, по налог на врховната јавна обвинителка Загорка Доловац, започна контрола на работата на обвинителствата а сите 87 обвинителства добиле задолжително упатство за увид во предмети вклучително и за случаите „Настрешница“, „Звучен топ“ и „Сењак“. Од спротивната страна, Александар Вучиќ обвини дека по изборниот пораз неговите поддржувачи се изложени на насилство и, како што рече, револуционерен терор низ Србија. „Во изминатите 72 часа, наместо тоа, сведочиме на нескриен терор на улиците, во објектите, низ цела Србија, на вистински револуционерен терор каков што и најавуваа, а многу луѓе мислеа дека тоа е лага и дека станува збор за некаков наш трик.Никогаш во Србија, од 1945 година наваму, не се случило некој да упадне на нечија семејна слава и да спречи свештеник да прочита молитва.Ќе биде тешко. Немојте да мислите дека ова ќе трае кратко и дека ќе биде едноставно – рече Александар Вучиќ – Лидер на опозиција. Промени веќе има и во српскиот јавен сервис РТС. Генералната директорка Мања Грчиќ поднесе оставка, а разрешена е и уредничката на информативната програма а денеска се разрешени уште осум уредници. Претставникот на студентската листа Немања Каровиќ, гостувајќи во РТС, изнесе тешки обвинувања за финансирањето на медиумите за време на власта на Вучиќ. „Особено ми е важно да го споменам „Телеком“ како главен виновник за состојбата во медиумите во нашата земја. Тој ја монополизираше медиумската сцена. Ги користеше парите на граѓаните за да ги финансира политичките потреби на режимот, наместо навремено и објективно да ги информира граѓаните. Само да споменам дека „Информер“ добивал меѓу 500 и 700 илјади евра месечно. Тоа се нереални бројки, знаеме и зошто – изјави – Немања Каровиќ, Студентска листа. Изборниот процес сè уште не е целосно завршен во Србија. Според Републичката изборна комисија, се очекува повторување на гласањето на околу 50 избирачки места, по што треба да бидат утврдени конечните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11