Што се случува со предводникот на Баерн М. Винсент Компани? - Канал 5

Што се случува со предводникот на Баерн М. Винсент Компани?

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, останува во болница откако во петокот колабираше, а официјалната причина за неговиот здравствен проблем сè уште не е соопштена.

Што се случува со предводникот на Баерн М. Винсент Компани?

Во меѓувреме, се појавија нови информации за неговата состојба, како и за можните причини за инцидентот, пренесува германскиот портал „tz.de“.

Компани е на испитувања во клиника во Минхен, а тимот на Баерн привремено го води неговиот помошник Арон Данкс, кој во понеделникот го посети во болница.

„Тој е добро расположен. Се чини дека секој ден му е подобро, што е многу позитивно“, изјави Данкс, напоменувајќи дека сè уште нема информации за дијагнозата или за датумот на враќање на Компани на работа.

Според него, белгискиот стручњак е смирен и има доволно време за закрепнување. За време на посетата, тие не разговарале за фудбал и тактика, туку се фокусирале на лични теми.

„Имавме пријатен разговор, но воопшто не спомнавме фудбал или тактика. Тој се интересираше за состојбата на играчите и на другите членови од стручниот штаб. Тоа беше чисто пријателски разговор“, објасни Данкс.

Во меѓувреме, се појавија и информации за последиците од падот. Според порталот „Absolut Bayern“, Компани го изместил рамото за време на инцидентот во тренинг-центарот на Баерн на улицата Зебенер (Säbener Straße).

Повредата била санирана откако тој бил пренесен во болница, каде што потоа бил задржан на дополнителни прегледи. Истиот извор наведува дека тренерот во текот на тој ден се пожалил на силни главоболки, поради што во изминатите денови бил подложен на детални невролошки прегледи. Сепак, официјална дијагноза сè уште не е објавена.

Исто така, се појавија тврдења дека уште пред овој настан, Компани бил свесен оти е преоптоварен со обврски, поради што наводно почнал да ја менува својата секојдневна рутина.

Според извештаите, белгискиот стручњак сфатил дека мора радикално да го промени својот начин на живот, а еден од главните проблеми наводно бил недостигот на сон поради видео-анализите на натпреварите што ги правел во текот на ноќта. Засега не се знае кога Компани би можел да ја напушти болницата и да се врати на своите тренерски обврски во Баерн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата

Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата, заедно со Клиниката за неврологија работиме на спасување што повеќе животи и намалување на попреченоста од мозочен удар.

Клековски: Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на централното одбележување на Светскиот ден на мозочниот удар, во организација на Клиниката за неврологија, посветено на превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа за пациентите.

– При мозочен удар посебно значајни се превенцијата и навремениот третман, бидејќи времето за реагирање е неколку часа и за тоа се потребни достапна радиолошка дијагностика и можност за брзо почнување со терапија. Оваа акција за подигнување на свесноста и превенцијата е само еден чекор. Заедно со Клиниката за неврологија работиме и на унапредување на патеките на движење на пациентите со мозочен удар, со цел да спасиме што повеќе животи и да ја намалиме попреченоста. Истовремено, сакам да го изразам моето задоволство од успешната работа на Клиниката за неврологија, која успева да отвори теми многу значајни за нашето здравство, посочи министерот Клековски.

Тој појасни дека Клиниката за неврологија е една од најкомплексните клиники и потсети на процесот на децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, која почна во ГОБ „8 Септември“, Клиничката болница Штип и болницата во Охрид, а веќе се прават чекори за вклучување на болниците во Тетово, Прилеп и Струмица. Во наредните денови ќе има информации и за напредокот кај Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, во соработка со Универзитетскиот клинички центар Љубљана.

Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски, истакна дека акциите се реализираа во повеќе градови во државата и постигната е целта на настанот.

– Во рамки на акцијата за бесплатни превентивни прегледи на плоштадот во Скопје беа прегледани 147 граѓани и направени 160 доплер-прегледи, при што еден пациент е хоспитализиран поради значаен наод. Кај околу 50 отсто од прегледаните имаше некаков наод, а околу 30 отсто ќе ги повикаме на дополнителни испитувања на Клиниката за неврологија. Секоја минута е важна, времето е мозок – навременото препознавање на симптомите прави разлика меѓу животот и смртта, меѓу попреченоста и физичката и психичката благосостојба. Подеднакво е важна соодветната превенција, затоа што во 90 отсто од случаите мозочниот удар може да се спречи, истакна д-р Божиновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!

Кризата во англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед се продлабочува, а незадоволството на навивачите достигна точка во која тие прибегнуваат кон многу необични методи за вршење притисок врз управата.

Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!

Меѓу најгласните е познатата навивачка на клубот, Скајлар Скај, која најави радикален протест – таа секојдневно ќе објавува фотографии од голи гради сè додека Мајкл Керик не си замине од тренерската клупа.

Оваа необична кампања брзо привлече внимание на социјалните мрежи, па неутралните љубители на фудбалот веќе се шегуваат дека Керик би требало да остане на „Олд Трафорд“ што е можно подолго.

Сепак, за навивачите на овој англиски великан, ситуацијата е далеку од забавна, бидејќи „Јунајтед“ се наоѓа во сериозна резултатска криза.

Последната победа на „Црвените ѓаволи“ беше забележана на 10 септември, кога во Лигата на шампионите го совладаа азербејџанскиот тим „Сабах“ со 4:0.

Потоа следеше црна серија без триумф – пораз во градското дерби против „Манчестер Сити“ (1:0), нерешени резултати против „Тотенхем“ и „Фулам“ (двата натпревари завршија 1:1), како и неуспех во Мадрид против „Атлетико“ (2:0). Лошата форма продолжи со уште едно реми во првенството против „Лидс“ (1:1), дебакл во Лигата на шампионите против „Комо“ (4:1) и тежок пораз од „Борнмут“ (0:3).

Сепак, Керик досега ја има добиено довербата на раководството пред натпреварите против Челси и Рома, но не би било изненадување доколку тој стане поранешен тренер во случај на неуспех.

Во таков случај, англиските медиуми го спомнуваат Јулијан Нагелсман како потенцијален кандидат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ

Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ.

Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ

Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Човекот кој беше сменет од функција директор на Електростопанство на Србија, поради луксуз и хедонизам. Ете, вакви луѓе од српскиот свет носеше Заев во Македонија.

Од друга страна, го имаме Зоран Башановиќ, кум на Александар Вучиќ, кој Заев го вдоми во Владата. Сегашен ПР-шеф на СДС кој заедно со Милјан Шчекиќ им ги спремаат соопштенијата и прес-конференциите на Венко и другарите.

Башановиќ е човек за кој се вели дека ги споил Заев и Ципрас за промена на името Македонија. Исто така, во јавноста се говори дека бил одговорен за зделки во делот на енергетиката, во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна.

Истата таа фирма „Зобек мининг груп“ која му купи на Филипче автомобил од марката „АУДИ“.

Ете затоа им е криво и на Филипче и на СДС, затоа што не се власт за да можат да си местат тендери со луѓето на Вучиќ.

Филипче и Заев се на истата линија со Александар Вучиќ.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер