Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
1Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
КошаркаВиктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на МакедонијаКошаркарската федерација на Македонија започнува ново поглавје во развојот на женската сениорска репрезентација, со именувањето на младиот и трофеен тренер Виктор Петровски за нов селектор на националниот тим.Со оваа одлука Федерацијата ја потврдува својата определба за постепено подмладување на репрезентацијата, воспоставување континуитет меѓу младинските и сениорската селекција и создавање нова генерација кошаркарки кои во наредните години треба да бидат носители на македонската женска кошарка. Именувањето на новиот селектор следува по повлекувањето на досегашниот предводник на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, кој од лични причини одлучи да ја заврши својата селекторска функција. Ашаданов ја предводеше репрезентацијата во изминатите пет години, почнувајќи од 2021 година, период во кој со посветеност, професионалност и одговорност работеше на зачувување на репрезентативниот континуитет и развојот на женската кошарка. Кошаркарската федерација на Македонија му изразува искрена благодарност за вложениот труд, професионалниот однос и придонесот во работењето со националниот тим. Федерацијата ја почитува неговата одлука и му посакува многу здравје, лична среќа и понатамошни професионални успеси. ВИКТОР ПЕТРОВСКИ – МЛАДОСТ, АМБИЦИЈА И ВЕЌЕ ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ Новиот селектор Виктор Петровски, роден во 2001 година, и покрај својата младост, зад себе веќе има исклучително успешна тренерска кариера, исполнета со значајни резултати во младинските и сениорските натпреварувања. Неговата тренерска биографија претставува потврда дека возраста не мора да биде пречка за постигнување врвни резултати, доколку е проследена со знаење, посветеност, амбиција и професионален пристап. Уште во 2019 година, како тренер на селекцијата до 14 години, Петровски освојува бронзен медал на завршниот турнир, додека во 2021 година со селекцијата до 18 години стигнува до златниот медал. Во 2022 година првпат ја презема функцијата главен тренер на сениорски тим, а уште во својата дебитантска сезона е прогласен за најдобар тренер во регуларниот дел од првенството, остварувајќи серија од девет последователни победи. Во наредните сезони продолжува со континуирани успеси. Во 2023 и 2024 година обезбедува пласман во полуфиналето на националното првенство, а во 2025 година го предводи својот тим до финалето. Круна на неговата досегашна работа е 2026 година, кога ја освојува титулата национален шампион на Македонија, како и трофејот во Суперкупот. Во сезоната 2025/2026 го добива и признанието „Тренер на неделата“ во регионалната WABA лига. Петровски е носител и на посебни признанија како најмлад главен тренер во македонската кошарка кој освоил сениорска национална шампионска титула, како и најмлад тренер освојувач на Суперкупот. Но, за Кошаркарската федерација, покрај неговите трофеи, особено значајна е неговата досегашна успешна работа со младите кошаркарки. Петровски веќе има воспоставено соработка со генерацијата до 18 години, од која дел од кошаркарките во наредниот период ќе бидат вклучени и во сениорската репрезентација. Токму тој континуитет, познавањето на нивните квалитети, можности и потенцијал, претставува една од клучните причини за довербата што Федерацијата му ја укажува. Веруваме дека со изборот на Виктор Петровски не добиваме само нов селектор, туку и тренер кој има можност да расте и да се развива заедно со новата генерација македонски репрезентативки. БЛАГОДАРНОСТ ДО КОШАРКАРКИТЕ КОИ ГО ЗАВРШУВААТ СВОЈОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН АНГАЖМАН Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот период беа дел од националниот тим одлучија да го завршат својот репрезентативен ангажман. Станува збор за: Анџелика Митрашиновиќ Александра Стојановска Мерит Хемпе Ивана Кметовска Илина Селцова Кошаркарската федерација на Македонија на сите пет кошаркарки им изразува искрена и голема благодарност за нивниот придонес во националниот тим. Носењето на репрезентативниот дрес претставува особена чест, но и голема одговорност, која подразбира бројни одрекувања, патувања, подготовки и натпревари во интерес на националната селекција. Нивното искуство, вложениот труд и годините поминати во репрезентацијата заслужуваат почит и признание. Без оглед на резултатите и предизвиците низ кои минувала репрезентацијата, нивниот придонес останува дел од историјата на македонската женска кошарка. Федерацијата им посакува многу здравје, лична среќа и успех во нивните понатамошни спортски и животни предизвици. Вратите на македонската кошарка секогаш треба да останат отворени за оние кои со чест и посветеност го носеле националниот дрес. ГЕНЕРАЦИСКА СМЕНА – ХРАБРА, НО НЕОПХОДНА ОДЛУКА Со повлекувањето на дел од поискусните репрезентативки, како и со привремената недостапност на одредени кошаркарки кои настапуваат и се школуваат во Соединетите Американски Држави, македонската женска репрезентација влегува во период на значително подмладување. Во претстојниот ноемвриски квалификациски прозорец, националниот тим ќе настапи со состав во кој важна улога ќе добијат млади кошаркарки, од кои дел сè уште немаат доволно меѓународно сениорско искуство. Свесни сме дека ваквата промена носи сериозни предизвици. Свесни сме дека младоста сама по себе не гарантира резултати, дека искуството не се стекнува преку ноќ и дека на новата генерација ќе ѝ бидат потребни време, трпение и многу работа. Но, истовремено сме убедени во една едноставна вистина: ЗА ДА СЕ СТИГНЕ НЕКАДЕ, МОРА ОДНЕКАДЕ ДА СЕ ПОЧНЕ! А секој почеток, особено во спортот, е тежок. Ниту една успешна репрезентативна генерација не е создадена преку ноќ. Зад секој голем спортски резултат стојат години систематска работа, вложување, доверба, дисциплина, но и подготвеност да се помине низ периоди на неизвесност и резултатски неуспеси. Затоа, одлуката за подмладување не треба да се толкува како откажување од спортските амбиции. Напротив, таа претставува определба за создавање нова, долгорочно конкурентна репрезентација. Не бараме од младите кошаркарки веднаш да ги достигнат резултатите на своите претходнички. Бараме од нив со работа, дисциплина и љубов кон националниот дрес да создадат услови еден ден да ги надминат. За тоа ќе биде потребна поддршка не само од Федерацијата и стручниот штаб, туку и од клубовите, спортската јавност и сите оние кои искрено ја сакаат македонската женска кошарка. НОЕМВРИСКИОТ КВАЛИФИКАЦИСКИ ПРОЗОРЕЦ – ПРВ СЕРИОЗЕН ТЕСТ ЗА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА Првиот предизвик за новиот селектор Виктор Петровски и подмладената репрезентација ќе бидат двата натпревара во ноемврискиот квалификациски прозорец. Македонија најпрвин ќе гостува на селекцијата на Романија во Букурешт, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Естонија. Овие натпревари ќе претставуваат сериозен тест, но истовремено и исклучително значајна можност за младите кошаркарки да го почувствуваат вистинскиот предизвик на сениорската меѓународна кошарка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаБожиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економијаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“, нагласувајќи дека енергетската транзиција бара стратешко планирање, нови инвестиции, модернизација на инфраструктурата и примена на иновативни технолошки решенија. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека енергетиката денес е многу повеќе од производство и снабдување со електрична енергија – таа е директно поврзана со економската конкурентност, енергетската безбедност, технолошкиот развој и квалитетот на животот на граѓаните. „Одлуките што ги носиме денес во енергетскиот сектор ќе влијаат врз економијата на утрешнината, нашата отпорност на глобалните кризи и можностите што ќе им ги оставиме на идните генерации“, посочи министерката. Таа нагласи дека успешната енергетска транзиција не подразбира само промена на изворите на енергија, туку и модернизација на мрежата, поголема енергетска ефикасност, дигитализација, складирање енергија и воведување паметни системи за управување. Божиновска посочи дека државата располага со значаен потенцијал за развој на обновливите извори на енергија, особено сончевата, ветерната и хидроенергијата. За целосно искористување на овој потенцијал, неопходни се паралелни инвестиции во инфраструктурата и технологиите што ќе обезбедат стабилно и сигурно функционирање на енергетскиот систем. Посебен акцент стави на улогата на иновациите, дигиталните технологии, автоматизацијата и вештачката интелигенција во унапредувањето на индустриските процеси, намалувањето на потрошувачката на енергија и поефикасното користење на ресурсите. „Вистинската вредност на иновациите се гледа тогаш кога знаењето се претвора во конкретни решенија – поефикасни компании, подобри услуги, нови инвестиции и поквалитетен живот за граѓаните“, истакна Божиновска. Министерката ја нагласи и важноста од посилно поврзување на образованието, науката, индустријата и институциите, со цел младите да добијат повеќе можности за практична примена на знаењето, учество во развојни проекти и професионален напредок во државата. „Како Министерство, остануваме посветени на создавање стабилна и предвидлива регулаторна рамка, поттикнување инвестиции и развој на енергетски сектор што ќе одговори на потребите на граѓаните и стопанството и ќе придонесе за европската интеграција на државата“, нагласи Божиновска. Таа додаде дека резултатите од енергетската транзиција треба да се оценуваат не само преку реализираните проекти и инсталираните капацитети, туку и преку сигурноста на снабдувањето, конкурентноста на индустријата, поефикасното користење на ресурсите и новите можности за идните генерации. Со отворањето на „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“ беше истакната важноста на континуираната соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, научната заедница и младите во создавањето современ, одржлив и конкурентен енергетски сектор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕстонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со РусијаЕстонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со Русија, како дел од напорите за зајакнување на одбранбената подготвеност, изјави естонскиот министер за одбрана Мартин Херем пред новинари.Бункерите ќе бидат изградени во регионот Ида-Виру, кој граничи со Русија. Околу 100 бункери ќе бидат поставени на државно земјиште, а приближно 50 на приватни парцели или на земјиште во сопственост на локалните самоуправи, рече Херем, според естонскиот медиум ERR. Министерот не даде детални информации за тоа како ќе се користат бункерите. Најновите мерки доаѓаат во време кога продолжуваат руските закани кон источното крило на НАТО. Како одговор на зголемената руска агресија во регионот, балтичките држави во последните години ставаат силен акцент на стратешката подготвеност, поттикнувајќи ја подготвеноста на цивилното население и зголемувајќи ги трошоците за одбрана. Претставници на НАТО предупредија на навлегувања на руски беспилотни летала, повреди на воздушниот простор, саботажи и други хибридни закани, додека земјите во регионот истовремено ја зајакнуваат својата противвоздушна одбрана. Откако Русија започна целосна инвазија врз Украина, НАТО го зајакна своето источно крило преку распоредување дополнителни трупи и подготовка на план за брз одговор. Претходно овој месец, естонската војска објави дека трајно ќе премести една борбено подготвена бригада поблиску до руската граница. Првата бригада треба да биде преместена во новопроширена воена база, оддалечена помалку од 50 километри од руската граница, со цел армијата подобро да се подготви за евентуален руски напад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаОпштина Илинден: Извршена есенска дезинфекција и дератизацијаВо согласност со Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, Општина Илинден спроведе есенска акција за дератизација на јавните површини и дезинфекција на јавните објекти .Во согласност со Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, Општина Илинден спроведе есенска акција за дератизација на јавните површини и дезинфекција на јавните објекти на територијата на општината. Во рамки на акцијата, извршена е дератизација на 1.073 шахти на јавните површини, со цел спречување на појавата и размножувањето на глодари. Дополнително, спроведена е дезинфекција на вкупна површина од 3.300 квадратни метри во јавни објекти, меѓу кои општинската зграда и домовите на култура. Со континуирано спроведување на превентивните мерки, Општина Илинден ја потврдува својата посветеност на зачувување на јавното здравје, одржување на хигиената и обезбедување здрава и безбедна животна средина за сите граѓани. И во наредниот период ќе продолжат активности насочени кон спречување и сузбивање на заразните болести, со посебен акцент на превенцијата и заштитата на здравјето на населението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00