Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги - Канал 5

Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги

Претседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека вчера за прв пат е одржан состанок на премиер, министер за образование и претставници на владата со претставници од студентските парламенти на сите универзитети во државата.

Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги

Претседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека вчера за прв пат е одржан состанок на премиер, министер за образование и претставници на владата со претставници од студентските парламенти на сите универзитети во државата и на којшто каде отворено се разговарало за студентскиот стандард и за проблемите. Притоа, од страна на премиерот бил даден предлог во однос на студентскиот оброк, за којшто студентите на нова средба ќе одговорат на понуденото.

- Имаме чувство, но и делумни информации дека голем дел од корисниците на студентскиот оброк, средствата коишто ги добиваат на дебитните картички не ги користат токму за студентски оброк, туку ги користат за нешто друго. По промоцијата на новите услуги, М-Услуги, излеговме со еден предлог со министерката: наместо картички и сегашните 3,5 илјади денари месечно, бидејќи студентите добиваат по 140 денари за 6 дена во неделата, и тоа е речиси три ипол илјади денари месечно, ајде да направиме на ова апликација М-Услуги да додадеме М-Студентски оброк, со коишто вашите 3,5 илјади денари сега што ги добивате ќе вредат 4,5 илјади денари. И притоа ние, користејќи ја таа апликација, да обезбедиме список на ресторани, маркети, млечни ресторани итн. каде што вие навистина ќе можете користејќи ја таа апликација да купувате храна, бидејќи станува збор за студентски оброк. Да не се трошат за алкохол за цигари или некои други девијантни однесувања, го образложи премиерот Мицкоски предлогот до студентите.

Обезбедениот попуст, според премиерот, не би важел само за овие пари, туку севкупно до крајот на месецот.

- Откако вие и би го потрошиле тој студентски оброк, повторно би ви важел до крајот на месецот, ако некој ресторан, доколку обезбедиме 20-25% попуст, а вие сте го искористиле парите за вашиот студентски оброк до 15-ти во месецот, но и потоа на 20-ти со вашите колеги седнувате повторно на доручек, вие ќе го платите, но наместо да речеме 100 денари, ќе добиете попуст од 25%, и ќе го платите 75 денари. Ќе има внатре вградена вештачка интелигенција, ние сме про-дата центри, про-светски модерни текови, не сме против, тоа имаме и такви коишто се против слушнавме, така што со таа вештачка интелигенција којашто ќе биде вградена во таа апликација не ќе може тие пари да завршуваат на друго место, а ние како влада ќе си имаме однос со трговците коишто ви ги продаваат тие производи. Да не завршуваат парите за нешто за коешто не треба да завршуваат, ем вие да добиете покачување, ако е сега три и пол илјади, тие да вредат четири илјади, објасни Мицкоски додавајќи во одговорот на пратеничко прашање за студентскиот стандард дека ги очекува претставниците на студентските парламенти со одговор за да се почне со процедура за сето да се подготвува.

Претседателот на владата, споделувајќи дека со студентите се согласиле дека се работи на подигнување на стандардот и со градбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза, потоа со градбите и реконструкциите на студентските домови

Премиерот притоа откри и дека со претставниците на студентите од сите универзитети во Македонија се согласиле споредбено со 2022 година, сега во 2026 година студентскиот стандард е подобрен два пати, односно два спрема еден, дека се подобрува стандардот со тоа што се сложиле дека универзитетот Мајка Тереза се гради забрзани, дека се реконструираат и студентските домови со услови какви што имаат европските студенти, дека се надоместува се што минатата влада не го направи, а се ветуваше и студентски град, дека можеби денес сè уште студентите во Германија имаат подобар стандард, но таа разлика е намалена и дека тоа е суштината.

Но, од друга страна, на средбата со студентските претставници било посочено и дека пред 20 години УКИМ беше подобро рангиран од денеска на Шангајската листа, откри Мицкоски којшто ги повикал студентите заедно да се работи, да се врати на тие места, со што студентите ќе имаат повеќе знаења, а тоа ќе донесе дополнителен имиџ и за самата држава, посочи Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудството

Четири дена по изборната победа, студентите одржаа прва прес-конференција во белградскиот Пионeрски парк, од каде што побараа итни оставки во безбедносните служби, полицијата, обвинителството и јавните претпријатија. 

Студентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудството

Претставниците на движењето пред присутните истакнаа дека нема да се чека формирање нова влада за да се побара одговорност од челниците на државните институции.

Студентите побараа оставки од директорот на БИА, директорот на полицијата, белградскиот јавен обвинител и претседателот на Уставниот суд. Ги повикаа државните службеници да пријавуваат незаконски наредби и евентуално уништување документација во периодот на транзиција на власта.

-Студентска листа, „Студентите победуваат“ не дојде да се свети, туку да ги врати институциите на граѓаните. Не бараме политичка послушност, туку законитост, професионалност и одговорност. Секој кој го прекршил законот мора да одговара во законска постапка. Без оглед на функцијата која ја обавува,- изјави – претставник на Студентска листа Филип Вуковиќ .

Паралелно, по налог на врховната јавна обвинителка Загорка Доловац, започна контрола на работата на обвинителствата а сите 87 обвинителства добиле задолжително упатство за увид во предмети вклучително и за случаите „Настрешница“, „Звучен топ“ и „Сењак“.

Од спротивната страна, Александар Вучиќ обвини дека по изборниот пораз неговите поддржувачи се изложени на насилство и, како што рече, револуционерен терор низ Србија.

„Во изминатите 72 часа, наместо тоа, сведочиме на нескриен терор на улиците, во објектите, низ цела Србија, на вистински револуционерен терор каков што и најавуваа, а многу луѓе мислеа дека тоа е лага и дека станува збор за некаков наш трик.Никогаш во Србија, од 1945 година наваму, не се случило некој да упадне на нечија семејна слава и да спречи свештеник да прочита молитва.Ќе биде тешко. Немојте да мислите дека ова ќе трае кратко и дека ќе биде едноставно – рече Александар Вучиќ – Лидер на опозиција.

Промени веќе има и во српскиот јавен сервис РТС. Генералната директорка Мања Грчиќ поднесе оставка, а разрешена е и уредничката на информативната програма а денеска се разрешени уште осум уредници. Претставникот на студентската листа Немања Каровиќ, гостувајќи во РТС, изнесе тешки обвинувања за финансирањето на медиумите за време на власта на Вучиќ.

„Особено ми е важно да го споменам „Телеком“ како главен виновник за состојбата во медиумите во нашата земја. Тој ја монополизираше медиумската сцена. Ги користеше парите на граѓаните за да ги финансира политичките потреби на режимот, наместо навремено и објективно да ги информира граѓаните. Само да споменам дека „Информер“ добивал меѓу 500 и 700 илјади евра месечно. Тоа се нереални бројки, знаеме и зошто – изјави – Немања Каровиќ, Студентска листа.

Изборниот процес сè уште не е целосно завршен во Србија. Според Републичката изборна комисија, се очекува повторување на гласањето на околу 50 избирачки места, по што треба да бидат утврдени конечните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова потсети дека македонско-британското пријателство има длабоки историски корени, посочувајќи на заложбите на истакнати британски политичари за слободата и за правата на македонскиот народ уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Според неа, денес, тоа е потврдено со стратешкото партнерство како амбициозна рамка што овозможува нови инвестиции во транспортот, енергетиката и здравството.

Осврнувајќи се на безбедноста, претседателката укажа дека како сојузници во НАТО, споделуваме заедничка одговорност за зачувување на мирот и стабилноста во Европа. Таа се заблагодари за долгогодишната британска помош во реформите на одбраната и военото образование, како особено важни во амбиент на растечки геополитички неизвесности.

Амбасадорката изрази подготвеност за продлабочување на соработката со македонските институции, нагласувајќи ја важноста на владеењето на правото и демократијата.

За неа, вложувањето во младите, нивното образование и создавањето можности за нивен развој, како и унапредувањето на еднаквоста, инклузијата и зајакнувањето на улогата на жените и девојките, се клучни за градење побезбедни, попросперитетни и поотпорни општества.

Обете препознаваат широк простор за соработка во областа на културата, науката и образованието, особено преку програмите на Британскиот совет и стипендиите „Чивнинг“.

Сиљановска-Давкова ѝ посака на амбасадорката добро здравје, среќа и успех во извршувањето на дипломатската функција, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

Илјадници наши сограѓани треба да добијат можност да решат едно од најважните животни прашања: сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства. 

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

За тоа се залагаме со предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, во чие поднесување учествуваат и пратениците на ВЛЕН.

Премногу долго, луѓето работеа со привремени договори и постојана неизвесност. Секојдневно ги извршуваа своите задачи, придонесуваа за работата на институциите, а нивниот статус остануваше нерешен. Зад секој таков договор стои семејство кое сака да знае дали може сигурно да го планира следниот месец, следната година и иднината на своите деца.

Тоа е историски наследен проблем. Наша обврска е да работиме на неговото решавање, наместо да го оставаме на следната генерација политичари.

Затоа го поднесовме предложеното решение за премин во работен однос на неопределено време на лицата што ги исполнуваат законските услови во опфатените јавни институции. Предлогот опфаќа различни форми на ангажман: договори на определено време, договори на дело, авторски договори, ангажмани преку агенции и други договори за извршување работа.

По влегувањето на законот во сила, институциите ќе имаат рок од 90 дена да ги склучат договорите или да ги донесат решенијата за вработување.

Предвидена е и заштита од раскинување на договорите во текот на постапката, освен при повреда на договорните обврски. Целта е луѓето да не останат без сигурност додека се спроведува трансформацијата.

Работното место не е партиска услуга. Платата не е награда за послушност. Никој не смее преку егзистенцијата на едно семејство да ја контролира слободата на човекот. Во минатото партиите си поигруваа со оваа категорија на луѓе, ние од ВЛЕН нема да ја продолжиме таа нечовечка пракса.

Никој не смее да зависи од волјата на партиите. Треба да важат законот, условите за работа и еднаквиот третман.

Како што работевме на решавањето на статусот на вработените во здравствените институции, продолжуваме да работиме и на другите наследени проблеми. Нашата заложба не завршува со поднесување документ. Ќе работиме за усвојување на предлогот и за негово доследно спроведување.

Ги повикуваме пратениците да го разгледаат одговорно и конструктивно. За прашање што ја засега сигурноста на илјадници семејства, потребни се јасни решенија и одговорност кон луѓето.

Политиката на ВЛЕН решава проблеми. Нејзиниот успех треба да се почувствува во сигурноста на семејствата, достоинството на работниците и слободата на секој граѓанин, рече Зекирја Таири од ВЛЕН.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер