Влада: Местата за игри на среќа на најмалку 500 метри од основни и средни училишта - Канал 5

Влада: Местата за игри на среќа на најмалку 500 метри од основни и средни училишта

Владата на Македонија ја одржа 127-та седница.

Влада: Местата за игри на среќа на најмалку 500 метри од основни и средни училишта

Владата го утврди Планот за активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД со период на реализација од 2023-2033 година, предложен од Министерството за надворешни работи.

По успешно одржаниот Стратешки дијалог со САД (02.06.2022 година), од страна на Министерството за надворешни работи, а во координација со другите релевантни институции, е пристапено кон подготовка на документи, со содржани предлог проекти за соработка со САД (остварливи на краток и долг рок), а на основа на дискусиите и добиената поддршка во рамки на Стратешкиот дијалог.

Утврдувањето конкретни проекти за соработка на основа на разговорите во рамки на Стратешкиот дијалог – преточени во План на активности, според посочувањето од Министерството за надворешни работи, ќе овозможи динамизирање на соработката и што поскоро одржување на наредната сесија на Стратешкиот дијалог.

Задолжено е Министерството за надворешни работи да го следи текот на реализацијата на проектите наведени во Планот и на секои шест месеци да поднесува извештај до Владата.

Владата ја донесе Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За прв пат досега, со оваа Програма решавање на правото на користење на надоместок за мајчинство за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност.

Предвидена е мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

Оваа Програма е предложена како времено решение, со цел излегување во пресрет на жените земјоделки, до усогласување системско решение на кое што веќе се работи.

Владата, на денешната седница ја донесе и Програмата за финансирање микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалоци за 2023 година.

Со Програмата ќе се реализираат активности за поддршка на субјекти коишто се регистрирани како производители на вино и субјекти коишто се регистрирани како Земјоделци - мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или субјекти кои се регистрирани како мали дестилерии.

Станува збор за доделување неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема и основни средства и услуги, а корисници на средствата можат да бидат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се регистрирани како производители на вино со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно, или земјоделски стопанства или земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ и коишто се регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи, или регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како Мали независни производители на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии, согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Владата, на денешната седница, го утврди и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии.

Со цел заштита на младата популација измените и дополнувањата се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Со постојниот закон не е утврдена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта, односно не го утврдува ваквиот критериум.

Исто така, меѓу целите на предложените измени се посочува на потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање на лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца, приредува еден вид на игра на среќа. А се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 100 милиони ракови „маршираат“ кон морето- нереални снимки од Божикниот остров (ВИДЕО)

Повеќе од 100 милиони црвени ракови (Gecarcoidea natalis) на австралискиот Божиќен Остров ја започнаа својата годишна миграција од шумите кон морето, соопштија конзерваторите.

Над 100 милиони ракови „маршираат“ кон морето- нереални снимки од Божикниот остров (ВИДЕО)

Оваа необична глетка се повторува секоја година на оддалечената територија во Индискиот Океан, и кога започнува дождовната сезона. Потоа раковите ги напуштаат своите шумски живеалишта и се упатуваат кон брегот за да се размножуваат.

Подготовка за природниот феномен

Нивната спектакуларна миграција води низ шуми, преку патишта и мостови, а нејзиниот почеток и времетраење зависат од циклусите на месечината.

Според организацијата „Паркови Австралија“, раковите се обидуваат да ги положат своите јајца пред зори, за време на осеката, пренесува АФП.

Еколозите се подготвуваат за овој природен феномен со месеци однапред. Божиќниот Остров се наоѓа околу 350 километри јужно од Индонезија и повеќе од 1.000 километри од австралиското копно.

„Луѓе од целиот свет доаѓаат на Божиќниот Остров за да ја видат оваа неверојатна глетка“, рече Крис Чартерс, менаџер на Националниот парк Божиќен Остров.

Тој нагласи дека континуираните напори за зачувување се клучни за закрепнување на популацијата на црвени ракови, особено напорите за контрола на жолтите мравки (Anoplolepis gracilipes), една од најголемите закани за видот.

YouTube video

Ширењето на овие мравки принуди десетици милиони црвени ракови да ги напуштат своите живеалишта, бидејќи почнаа да ги окупираат нивните дупки.

Клучна улога во зачувувањето на екосистемот

Сепак, благодарение на мерките за контрола на популацијата, бројот на црвени ракови повторно почна да расте. Според експертите за зачувување, популацијата се зголемила од околу 50 милиони на повеќе од 100 милиони единки денес.

„Тоа е одличен показател дека популацијата напредува“, рече Чартерс.

Тој нагласи дека црвените ракови се клучен вид за екосистемот на островот.

„Тие играат клучна улога во одржувањето на здравјето на шумата, па кога раковите напредуваат, целиот екосистем има корист“, објасни тој.

Божиќниот Остров има површина од 135 квадратни километри. Во оваа област се одвива една од најимпресивните миграции на животни во светот секоја година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре и за време на викендот променливо облачно и врнежливо време

Утре времето ќе биде врнежливо наутро, а ветровито претпладне и во текот на денот со ветер со брзина од над 80 км/час, информираат од УХМР. 

Утре и за време на викендот променливо облачно и врнежливо време

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

13 Попова Шапка, Лазарополе, 15 Маврови Анови, Крушево, 18 Претор, Охрид, Берово, 19 Крива Паланка, 20 Виница, Ѓуриште, 21 Прилеп, Скопје – Зајчев Рид, 22 Штип, Тетово, 23 Скопје Петровец, Битола, Демир Капија, Струмица, 24 Гевгелија, 26 Велес, 27 Кавадарци.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше умерен до засилен (Прилеп 46 km/h, Крива Паланка 50 km/h), наместа повремено силен (Ѓуриште 65 km/h), ветер од југозападен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта ќе продолжи да дува засилен, а во западните делови повремено силен ветер од југозападен и западен правец. Во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Во утринските часови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престанат и ќе се разведри. Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Во Скопје, во утринските часови со услови за врнежи од дожд, потоа претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понделник до средината на работната седмица под влијание на ладен воздушен бран температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Готвачот Гордон Ремзи доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд (ФОТО)

Британскиот готвач Гордон Ремзи, познат по своите кулинарски вештини, остри критики и чести пцуења во телевизиските емисии, доби ѕвезда на Холивудската патека на славните во Лос Анџелес.

Готвачот Гордон Ремзи доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд (ФОТО)

Ремзи се пошегува за време на церемонијата дека планира да ја полира својата ѕвезда секоја сабота наутро во 9 часот наутро до крајот на својот живот и да подготвува појадок за посетителите.

„Ќе поставам мала мобилна кујна и ќе им правам на сите неверојатно вкусни кремасти јајца“, рече тој, додавајќи дека е исклучително благодарен за признанието и се смета себеси за најсреќниот готвач на светот затоа што ја работи работата за која отсекогаш сонувал, пренесува Ројтерс.

Ремзи (60) има повеќе од 25 години телевизиска кариера зад себе, за време на кои стана едно од најпрепознатливите лица на кулинарските емисии, вклучувајќи ги „Hell's Kitchen“, „Kitchen Nightmares“ и „MasterChef“.

Британската угостителка Лиза Вандерпамп, негова долгогодишна пријателка, го опиша како единствена личност, додека актерот и комичар Џоел Мекхејл рече дека Ремзи изградил бизнис империја и станал една од најголемите телевизиски ѕвезди.

Ремзи првпат се појави во јавноста во 1999 година како главен готвач во британската мини-серија „Точка на вриење“.

Тој се обучувал кај познатите готвачи Алберт Ру и Марк-Пјер Вајт во Лондон, како и кај Гај Савој и Џоел Робушон во Франција, по што изградил меѓународна империја со неколку ресторани со Мишелин ѕвезди.

Тие вклучуваат ресторанот Гордон Ремзи во лондонски Челзи, Петрус од Гордон Ремзи во Белгравија и Ле Пресоар д'Аржен Гордон Ремзи во Бордо.

Во изјава за Ројтерс по церемонијата, Ремзи нагласил дека менторството и барањата на млади готвачи секогаш ќе бидат важен дел од неговото наследство.

Тој додаде дека вкусот може да се развие и дека секој, без оглед на потеклото, може да стане исклучителен готвач со соодветна обука и посветеност. Ремзи е во брак со авторката на готвачи Тана Ремзи, со која има шест деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер