Шефот Гордон Ремзи откри зошто плачел на свадбата на ќерка си (ВИДЕО) - Канал 5

Шефот Гордон Ремзи откри зошто плачел на свадбата на ќерка си (ВИДЕО)

Откако снимката од Гордон Ремзи како плаче откако ја виде ќерка си Холи во нејзината венчаница стана вирална, славниот готвач ја откри вистинската причина за неговите солзи.

Шефот Гордон Ремзи откри зошто плачел на свадбата на ќерка си (ВИДЕО)

Холи Ремзи и олимпиецот Адам Пити се венчаа на церемонија во Бат минатиот месец, а нејзиниот татко сега се пошегува дека не го погодила семејната драма, туку цената на венчаницата.

Во интервју за американска телевизија, Ремзи зборуваше за свадбата на неговата ќерка и советите за успешен брак, но избегна да ја спомене кавгата на неговиот нов зет Адам со неговата мајка.

Шеги за скапиот фустан

Коментирајќи го моментот што ги трогна многумина, Ремзи објасни во свој стил што навистина го трогна. „Бев многу емотивен. Плачев кога сфатив колку чинеше фустанот. Едноставно ме прекина. Беше навистина трогателен момент“, се пошегува готвачот.

Потоа додаде што навистина го трогна. „Имаме шест деца - три ќерки и три сина. Нивната мајка, Тана, е неверојатна. Но, да ја видите вашата ќерка како се симнува по скалите и да сфатите дека тоа мало девојче се претворило во оваа прекрасна млада жена... едноставно ве трога“, рече тој.

За време на неговото гостување во шоуто на Џенифер Хадсон, тој се осврна и на своите танцувачки вештини. „Воопшто не знам да танцувам, имам огромни стапала. Дури и на свадбата се мачев да танцувам“, призна тој.

Совет за успешен брак

Ремзи, кој наскоро ќе ја прослави 30-годишнината од бракот со сопругата Тана, го откри и советот што ѝ го дал на ќерката Холи. „Многу разговараме со децата. Секако, поминуваме и време разделено, но важно е тоа да биде квалитетно време“, рече тој.

„Тајната на секоја добра врска не е само комуникацијата, туку и времето поминато заедно... излегување, вечери, одење во кино, трчање. Одиме заедно на триатлони. Значи, сè се сведува на поврзаност, отвореност и упорност.“

Семејна драма во позадина на свадбата

Како што објавија медиумите, Ремзи одржа импресивен говор на свадбата во кој се осврна и на затегнатите семејни односи на неговиот зет. Тој наводно рекол дека неговата сопруга Тана „ќе биде добра мајка за двајцата“, алудирајќи на расправијата на пливачот Адам Пити со неговата мајка, која не била на свадбата.

Се откри дека Адам ги блокирал нејзините пораки, а семеен извор тврди дека мајката на Адам била „огорчена и повредена“ што Ремзи ја споменал нивната расправија во својот говор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поведена постапка за злоупотреби во електронскиот систем на Универзитетот во Штип

Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.

Поведена постапка за злоупотреби во електронскиот систем на Универзитетот во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.

Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра.

Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На изборите во САД демократите обезбедија мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот

Демократите победија на меѓуизборите во САД и од јануари ќе го преземат мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, покажуваат прелиминарните изборни резултати.

 На изборите во САД демократите обезбедија мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот

Со победи во Тексас, Ајова, Канзас и Јужна Каролина, демократите досега освоија 53 места во Сенатот, наспроти 42 за републиканците, со што го обезбедија мнозинството во горниот дом на Конгресот. Демократите водат и во Претставничкиот дом, каде засега имаат 220 места, наспроти 127 за републиканците.

Според американските медиуми гласањето прерасна во своевиден референдум за политиките на Доналд Трамп, кого многу гласачи во САД го сметаат за одговорен за растот на цените и за влошената економска состојба.

Сепак, Трамп иако ја честиташе неофицијалната победа на демократите во исто време за поразот ги обивни и дел од медиумите, како Фокс њуз кои важат за блиски до републиканците, поради како што рече тоа што имале многу гости од демократите.

„Малку сум изненаден, мислев дека ќе направиме подобри резултати. Како што знаете, правото на вето е едно од најсилните овластувања што ги има претседателот. Ќе ми испраќаат неразумни предлози, а јас ќе ставам вето. И по неколку месеци ставање вето, ќе ми се јават и ќе ме прашаат како да ги средиме овие работи, па ќе ги решиме работејќи заедно. Имам многу пријатели кај демократите, верувале или не.“ изјави Доналд Трамп.

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја поздрави победата на демократите, оценувајќи дека гласачите испратиле јасна порака оти сакаат политика што обединува и лидери што нудат конкретни решенија. Едно од најзначајните појавувања во кампањата беше покрај прогресивниот демократ Абдул Ел-Сајед, кој ја освои трката за американскиот Сенат во Мичиген, станувајќи првиот муслиман избран во горниот дом на Конгресот.

„Мичиген, успеавме! Јас се викам Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед и чувствувам огромна гордост и чест што стојам овде како ваш новоизбран сенатор од големата сојузна држава Мичиген. Можеби сте забележале дека сè до овој момент секогаш велев ‘иншала’, односно ‘ако даде Бог’, секогаш кога ќе се споменеше исходот од оваа трка. Но денес, вечерва, тоа ‘иншала’ можеме да го претвориме во ‘алхамдулила’, односно ‘фала му на Бога’.“- изјави Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед.

Аналитичарот Џефри Сакс оценува дека изборниот исход значително ја ослабнал политичката позиција на Трамп, ќе му создаде проблеми, но и може да отвори нов простор за дипломатски решенија за Иран и Украина.

„Неговата способност да управува со настаните сега е драматично помала отколку што беше вчера. Пораката до него е јасна и категорична. Во таа смисла, тоа е важно. Дали ќе се налути? Не сум психолог за да кажам. Мислам дека е интересно што веднаш рече дека ги прифаќа резултатите и дека ќе соработува со демократите. Ова е невообичаено за Трамп. Но, во американската политика, ова значи дека е крај на трампизмот. Тоа е она што е важно. изјави - Џефри Сакс.

Победата на демократите значи нов политички баланс во Вашингтон и значително потешки последни две години од мандатот на Трамп, со посилна контрола врз неговата администрација, можни конгресни истраги и поголеми пречки за спроведување на неговите политики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. 

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста.

„Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет.

„Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер