Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка
1Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка
Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
2Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
БизарноНад 100 милиони ракови „маршираат“ кон морето- нереални снимки од Божикниот остров (ВИДЕО)Повеќе од 100 милиони црвени ракови (Gecarcoidea natalis) на австралискиот Божиќен Остров ја започнаа својата годишна миграција од шумите кон морето, соопштија конзерваторите.Оваа необична глетка се повторува секоја година на оддалечената територија во Индискиот Океан, и кога започнува дождовната сезона. Потоа раковите ги напуштаат своите шумски живеалишта и се упатуваат кон брегот за да се размножуваат. Подготовка за природниот феномен Нивната спектакуларна миграција води низ шуми, преку патишта и мостови, а нејзиниот почеток и времетраење зависат од циклусите на месечината. Според организацијата „Паркови Австралија“, раковите се обидуваат да ги положат своите јајца пред зори, за време на осеката, пренесува АФП. Еколозите се подготвуваат за овој природен феномен со месеци однапред. Божиќниот Остров се наоѓа околу 350 километри јужно од Индонезија и повеќе од 1.000 километри од австралиското копно. „Луѓе од целиот свет доаѓаат на Божиќниот Остров за да ја видат оваа неверојатна глетка“, рече Крис Чартерс, менаџер на Националниот парк Божиќен Остров. Тој нагласи дека континуираните напори за зачувување се клучни за закрепнување на популацијата на црвени ракови, особено напорите за контрола на жолтите мравки (Anoplolepis gracilipes), една од најголемите закани за видот. Ширењето на овие мравки принуди десетици милиони црвени ракови да ги напуштат своите живеалишта, бидејќи почнаа да ги окупираат нивните дупки. Клучна улога во зачувувањето на екосистемот Сепак, благодарение на мерките за контрола на популацијата, бројот на црвени ракови повторно почна да расте. Според експертите за зачувување, популацијата се зголемила од околу 50 милиони на повеќе од 100 милиони единки денес. „Тоа е одличен показател дека популацијата напредува“, рече Чартерс. Тој нагласи дека црвените ракови се клучен вид за екосистемот на островот. „Тие играат клучна улога во одржувањето на здравјето на шумата, па кога раковите напредуваат, целиот екосистем има корист“, објасни тој. Божиќниот Остров има површина од 135 квадратни километри. Во оваа област се одвива една од најимпресивните миграции на животни во светот секоја година.Тагови: морето ракови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКоординативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива ПаланкаДенеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа координативен состанок со претставници на надлежните институции и Општина Крива Паланка.Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа координативен состанок со претставници на надлежните институции и Општина Крива Паланка, посветен на усогласување на заедничките чекори за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот на територијата на општината. На состанокот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јовица Андовски, директорката на Агенцијата за управување со одземен имот, Ирена Илиевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, претставници на Министерството за внатрешни работи и национален координатор од Владата. Од Општина Крива Паланка присуствуваа градоначалникот Сашко Митовски, командантот на Општинскиот кризен штаб, како и претседателот на Советот на Општината, Миле Трајковски. Разговорите беа насочени кон координација на надлежните институции и усогласување на натамошното постапување, заради заштита на безбедноста, здравјето и имотот на граѓаните. Разговорите и координацијата продолжуваат и во текот на утрешниот ден, со цел усогласување на заеднички став и утврдување на следните активности. За исходот од разговорите и договорените чекори, граѓаните и јавноста ќе бидат навремено информирани. Општина Крива Паланка останува посветена на соработката со сите надлежни институции и на конкретно постапување за трајно надминување на проблемот, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаСиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска АрабијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н. Е. г. Турки бин Ибрахим Ал-Мади, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана.Во одлуката за отворање на прва резидентна амбасада во Ријад, таа препознава потврда на решеноста за продлабочување на меѓусебните односи. Сиљановска-Давкова гледа значителен потенцијал за економски развој во енергетиката, со акцент на обновливите извори на енергија, земјоделството, туризмот, инфраструктурата и технологијата. Соговорниците ја истакнаа потребата од почести контакти меѓу бизнис-заедниците на двете држави. Обајцата изразија подготвеност за стимулирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, како и за склучувањето билатерални договори во различни области. За Сиљановска-Давкова, саудискиот стратешки план „Визија 2030“ и македонското учество на „Експо 2030“ во Ријад, се чекор напред кон поширока и подлабока соработка. За неа, исто така, можноста македонските граѓани да добијат туристичка електронска виза или виза при пристигнување во Саудиска Арабија ќе го зголеми интересот за посета на државата. Претседателката се заблагодари за поддршката на Саудиска Арабија на македонската кандидатура во Економскиот и социјален совет на ОН за мандатот 2027–2029, со уверување за натамошна соработка на мултилатерален план. Ибрахим Ал-Мади искажа подготвеност за унапредување на севкупните меѓусебни односи, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook