Мицкоски на средба со Мерц: Истакната важноста на засилените напори за завршување на војната во Украина
1Мицкоски на средба со Мерц: Истакната важноста на засилените напори за завршување на војната во Украина
Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
1Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
МакедонијаЕРТ: Регрутирањето на македонски државјани за напад во Грција започнало од турски затворРегрутирањето на македонските државјани во Иранската прокси мрежа која наводно планирала смртоносен напад во Грција започнало кога тие биле во турски затвор – тврди Грчката национална телевизија - ЕРТ. Како што наведуваат, едно од петмината уапсени лица се запознал со иранскиот нарко-бос Наџи Шарифи Зиндашти кога двајцата се наоѓале во ист турски затвор поради случи поврзани со дрога, што послужило како почетна точка за регрутирање на дополнителни лица КОИ што подготвувале напад во Грција. „Токму таму Зиндашти – нарко-босот кој наводно е вклучен во оваа иранска мрежа и за кого се верува дека е нејзиниот главен организатор – првпат се сретнал со едно од лицата уапсени овде во Скопје. И токму таму започнало регрутирањето на останатите лица. Исто така, потврдено е дека сите пет лица се од албанско потекло и се државјани на Македонија.“ Шарифи Зиндашти се поврзува со меѓународни мрежи за трговија со дрога а е баран и од FBI односно американското истражно биро, меѓудругото и за два обиди за убиства на американски државјани. Како што наведува ЕРТ, иранскиот државјанин Едрис Маванех кој одиграл клучна улога во координирањето на нападот, ги искористил врските на Шарифи Зиндашти за да ангажира оперативци од Македонија. Професорот Злате Димовски од Факултетот за безбедност, појаснува дека финансискиот елемент, идеологијата но и авантуризмот, се меѓу причините за врбување на македонски државјани во меѓународни терористички и паравоени групации. „Кај нас има доста замрзнати ќелии кои што претежно се од Ал Каеда и од ИСИЛ, како и од некоја друга поголема терористичка организација. Тие лица живеат и работат тука. Тука се на оваа територија, меѓутоа во услови кога ќе им се даде соодветниот сигнал, тие можат веќе да се стават во функција дали на евентуално вршење надзор на одредени објекти, за подготовка на некакви активности или за реализација на точно дефинирано што и како, бидејќи плановите ги прават доста децидно. // Ние ги викаме странски борци, но тие се наши државјани. Тие доаѓаат тука, се враќаат практично, заминале по одреден основ, а претходно се прави нивна идентификација, кој би можел да одговара на профилот. Понатаму, тука се подготвуваат, се индоктринираат оние коишто ќе одговорат на одредени нивни специфични критериуми, ќе бидат испратени во соодветни обучни центри, каде што ќе се обучуваат.“ Во последните две години, поради поврзаност со меѓународни криминални организации во државава се уапсени вкупно 12 лица. Во случајот со планираниот напад во Грција, властите во државава во соработка со грчката национална разузнавачка служба, трагаат по шестото вклучено лице, кое побегнало во странство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на средба со Мерц: Истакната важноста на засилените напори за завршување на војната во УкраинаЗаедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествувавме на состанокот на Коалицијата на волните.Заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествувавме на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир. На состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц беше истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД. Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерманија ја преполовува квотата за Западен Балкан, Бундесратот одлучува на 18 декемвриГерманија планира да ја преполови годишната квота за работници од Западен Балкан – од 50 на 25 илјади.. Ограничувањето ги опфаќа и македонските граѓани кои преку посебна постапка можат да добијат работна дозвола без признаена професионална квалификација. За измената треба да се изјасни Бундесратот на 18 декември. Колку е значаен германскиот пазар на труд за македонските граѓани покажуваат и статистичките податоци. На крајот на 2025 година, над 19 илјади македонски државјани имале дозвола за престој врз основа на вработување во Германија. -Ние како Германска стопанска комора и како Германско-македонско стопанско здружение се залагаме тука, тука да останат квалификуваните работни сили. И самите добро знаете, имаме огромен број на германски инвестиции тука, фабрики коишто вработуваат по одлични услови и наша цел е квалификуваните работни кадри да останат тука во земјата и тука да најдат квалификувана работа,- Антје Ванделт – директорка на АХК Македонија. И македонските власти велат дека приоритет е младите и работоспособните да останат во земјава. Како мерки ги посочуваат новите инвестиции, активните програми за вработување и реформите на пазарот на труд. Заменик министерот за економија Марјан Ристески посочи и дека министерството работи на нов Закон за работни односи, кој треба да овозможи поголема флексибилност за работодавачите, но и заштита на работничките права. -Секојдневно гледаме од медиумите како имаме масовни отпуштања на вработени токму во Германија, и можеби резултат на тоа и одлуката на германската Влада можеби ќе биде да ја намалат оваа квота, меѓутоа ние пак од друга страна сме пресреќни како држава доколку работоспособните, посебно младите работоспособни луѓе, останат и егзистираат тука во државата,- Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд. Една од мерките е и Законот за работно ангажирање лица, кој се применува од јануари годинава. Со него пензионери, студенти, невработени и други категории граѓани можат дополнително да работат во земјоделството, угостителството и услугите во домаќинството, без да го изгубат постојниот статус. Ангажманот се пријавува електронски преку Агенцијата за вработување, а работниците добиваат надоместок за одработените часови и соодветно пензиско и здравствено осигурување. Целта е сезонската и повремената работа да се формализира и работниците да добијат правна и социјална заштита. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook